Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и ...

Под мотото „Прво човек, потоа градоначалник“, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претставија својот кандидат за градоначалник на Скопје – Орце Ѓорѓиевски. Настанот се одржа пред бројни граѓани, во атмосфера на надеж за нов почеток и поинаков пристап кон водењето на главниот град. Ѓорѓиевски истакна дека функцијата не смее да биде само титула, туку пред се обврска кон граѓаните, кон секој еден скопјанец. „Ова не е глас само за мене. ...