По повеќемесечен прекин продолжија градежните работи за изградба на кејот од десната страна на Вардар во Велес за уште 200 метри, на потегот од Мало Мовче до Стар Мост. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, информираше дека работите кои требаше да завршат лани беа повеќе месеци запрени поради нискиот водостој на Вардар, но и студените месеци изминатата зима. Тој најави дека работите интензивно се изведуваат и ќе завршат во краток рок. ...
Штип, 26 мај 2025 (МИА) – Доизградбата на булеварот „Патризанска“ треба да заврши до крајот на летото, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека активностите за изградба на булеварот „Партизанска“ ќе продолжат со засилена динамика на терен. Спорните објекти ќе бидат урнати, со што ќе може да се изгради нов кружен тек за регулирање на сообраќајот. Јорданов во оваа прилика упати ...
Продолжи со градба на фекална канализација во населеното место Илинден, во месноста викана Плац. Од Општина Илинден соопштија дека се работи на најнискиот и најкритичниот дел од населеното место Илинден, а се зафаќаат куќите кои најчесто се поплавувани при појава на врнежливи денови. Со градежните активности на терен ќе се изведе линија на фекална канализација во должина од 400 метри, ќе се постават 15 ревизиони шахти, како и дополнително ќе се ...
По неколкумесечен прекин, повторно се активираа градежните работи на десната страна на реката Вардар во Велес, на потегот од Мало Мовче до Стариот мост. Станува збор за втората фаза од проектот за изградба на кејот во должина од 200 метри, со што целиот кеј ќе биде завршен во предвидената вкупна должина од 400 метри. Градоначалникот на Велес, Марко Колев информираше дека работите беа запрени неколку месеци поради висок водостој на Вардар, кој ...
До крајот на јуни ќе биде пуштен дел од автопатот Охрид-Кичево. Делницата во должина од 40-тина километри од Врбјани до Охрид ќе го олесни пристапот до главниот туристички центар оваа летна сезона. И покрај лошите временски услови, продолжува градежната офанзива, механизацијата и стотици работници секојдневно на терен за да се запазат роковите. Конечната изградба на автопатот ќе заврши до крајот на идната година. „Градежништвото зависи од ...