Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што синоќа ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“ и претставуваат шок за меѓународната трговија. Макрон рече дека Европа мора да одговори на овие мерки поединечно во секој индустриски сектор, пренесуваат британските медиуми. Говорејќи за време на состанокот со претставниците на француската индустрија, Макрон додаде дека одговорот на ...
Американските царини главна тема на економскиот форум во Делфи. На настанот присутни се над илјада говорници од 70 земји, а од вчера учесник е и министерката за финансии Димитиреска Кочоска. Во изјава за Сител вели откако Трамп ги стави царините на пауза, состојбата се релаксира. По три месеца, 10% царини може да поднесе и американската економија, а компаниите кои извезуваат таму може да ги поделат трошоците. Сериозна загриженост нема, вели ...
Нема никакви грешки во равенката на САД што ја употребија на „залепат“ 33 отсто царина на македонските производи. Податоците од американскиот завод за статистика го потврдуваат тоа. Забуната доаѓа од тоа што македонскиот ДЗС има дијаметрално спротивни податоци што прикажува дека државата има трговски дефицит со САД, а не обратно. Но, ваквите разлики во податоците се должат на добро познат феномен во статистички податоци „трговска асиметрија“ ...
Изненадната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира големите царини што ги наметна на десетици земји денеска ги зголеми глобалните берзи, дури и откако ја интензивираше трговската војна со Кина. Пресвртот на Трамп, објавен во средата, помалку од 24 часа откако беа наметнати големите нови царини на повеќето трговски партнери, следеше по најинтензивната епизода на нестабилност на финансискиот пазар од првите денови на ...
Кина најави дека воведува царини од 84 отсто за сите производи од Соединетите Американски Држави, дополнително зголемувајќи ја претходно најавената царина од 34 отсто. Пекинг исто така поднесе и нова жалба до Светската трговска организација, откако претходно, САД дополнително ги зголемија царините за стоки од Кина - прво на 104, а потоа на 125 отсто. Покрај царините, Кина воведе дополнителни ограничувања за повеќе од десетина американски ...
Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет царини кои погодуваат околу 60 земји, со посебен фокус на Кина. Овие мерки предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година. На азиските берзи, индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за ...