Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...

Попладнево е намален притисокот на Граничниот премин „Богородица“, каде за излез од Македонија се чека околу 20 минути, покажува извештајот на АМСМ објавен во 12 часот. Состојбата е значително подобрена во споредба со утринските часови, кога патниците кон Грција чекаа околу два часа. Утринава на „Табановце“ за влез во земјата се чекаше околу 30 минути. На северната граница попладнево има поголемо задржување. На „Табановце“ за влез во ...