Охрид, 25. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Организациониот одбор ги прави последните подготовки за одбележување на големиот празник Успение на Пресвета Богородица. – Во четврток, на 28-ми август, во црквата „Света Богородица“ во селото Скребатно ќе се одржи света литургија со почеток во 08:30 часот. Ќе следува голем црковно народен собир и традиционалниот ручек за сите присутни, порачаа на социјалните мрежи. Илјадници верници по традиција на 28-ми ...
Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Јерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да ...
Утре е Голема Богородица, позната и како Успение на Пресвета Богородица, и е еден од најголемите христијански празници. Се одбележува на 28 август, кога завршува и двонеделниот Богородичен пост. Празникот го означува преминот на Богородица во вечниот живот и нејзиното вознесение кон Спасителот. Според преданијата, таа до крајот на својот живот живеела во Ерусалим, опкружена со апостолите и првата христијанска заедница. Иконите кои го прикажуваат ...
Голема Богородица се слави со молитва Во четврток православните верници ќе го прослават Успение на Пресвета Богородица – празникот што народот го нарекува и Голема Богородица. Ова е еден од најзначајните денови во христијанската традиција посветени на Богородица, со посебно место во календарот на Црквата и во верата на народот. Во македонските цркви и манастири може да се сретнат прекрасни претстави на светиот настан, најчесто сместени над ...
Успението на Пресвета Богородица се слави со љубов и посебна почит, а како и кај другите црковни празници, народните верувања и обичаи играат важна улога во зачувувањето на овој значаен ден. Празникот Успение на Пресвета Богородица, популарно познат како Успение на Пресвета Богородица, е поврзан со бројни верувања. Едно од најпознатите е дека растенијата и билките што се собираат на овој ден имаат посебни лековити својства. Жените берат ...
Во пресрет на утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир кај Матка во 18:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а во 22:45 часот ќе започне сеноќното бдение. Утре, на самиот празник Успение на Пресвета Богородица во 8:30 часот ќе започне светата божествена литургија, која поради големиот број верници ќе биде во дворот на манастирот. Традиционално во манастирот на празникот се одржува и крводарителска акција, како ...
Православните христијани задутре го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се ...
Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Денот е неработен за православните верници. Празникот го одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, а Црквата го нарекува „успение“ – термин што означува сон, мир и духовно вознесение. Според преданието, Богородица веднаш по смртта била вознесена на небото и станала најголем ...
Неделава ни доаѓа голем празник. Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Денот е неработен за православните верници. Празникот го одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, а Црквата го нарекува „успение“ – термин што означува сон, мир и духовно вознесение. Според преданието, Богородица веднаш по смртта била ...
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир. Тргнувањето е во 09:00ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец, информираат од Општина Охрид. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“. По повод празникот кај црквата посветена на ...