Пејачката Мараја Кери знае како да приреди вистински спектакл, овој пат тоа го направи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано. Познатата пејачка го изведе италијанскиот класик „Volare“, како и својот нов хит „Nothing Is Impossible“, на Олимпискиот стадион Сан Сиро во Милано, како дел од церемонијата на отворање. Мараја блескаше во впечатлив бел фустан покриен со сребрени детали, а изгледот го дополни со наметка од ...

Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 официјално започнаа со церемонијата на отворањето што се одржа на стадионот Сан Сиро во Милано. Како дел од програмата, настапи и поп-иконата Мараја Кери, чиј настап комбинираше современ поп со европски музички традиции. Како дел од церемонијата, Кери ја изведе песната „Nel blu dipinto di blu“, позната и како „Volare“, италијански евергрин со кој Италија се претстави на Евровизија во 1958 година. ...