Ракометната репрезентација на Македонија го започна турнирот „Жолт куп“ во Швајцарија со победа над Бахреин, славејќи со 32-28. Нашите ракометари направија пресврт во последните 15 минути, кога покажаа сила и ја скршија одбраната на противникот, а капитенот Филип Кузмановски со девет гола беше најзаслужен за триумфот. Првата бековска линија ја сочинуваа Кузмановски, Митев и Велковски, додека младиот Ристевски повторно беше главен на линијата ...
Победа на стартот на „Јелоу куп“ забележаа македонските ракометари, кои на отворањето на турнирот го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Во дуелот од второто коло, закажан за утре со почеток во 17:45 часот, македонската репрезентација ќе се соочи со селекцијата на Украина. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел постојано имаа водство, а на полувремето резултатот беше 15:13. На почетокот од второто полувреме Бахреин го имаше и ...
Ракометната репрезентација на Македонија го започна „Жолтиот Куп“ со победа над Бахреин, а следниот предизвик кој доаѓа е дуел против Украина. Пред второто соочување во Швајцарија, коментар на првиот дуел, како и за следниот, даде средниот бек Игор Ѓорѓиев. „Најпрво сакам да им честитам на сите за победата. Имавме тежок натпревар за играње, но тоа беше само подготвителен меч. Ние од дуел во дуел ќе бидеме подобри, работиме за тоа. Секогаш ...
Ракометната репрезентација на Македонија со победа го отвори подготвителниот турнир „Жолт куп“ во Швајцарија и во првото коло беше поуспешна од Бахреин. По шеесет минути игра, нашите ракометари славеа со 32:28, откако во вистински момент покажаа сила и го скршија отпорот на противникот во последни петнаесет минути. – Задоволни сме што сме на овој добар турнир, кој е силен и добар за подготовка за Европското првенство. Задоволен сум што ...
Ракометната репрезентација на Македонија со победа го отвори подготвителниот турнир „Жолт куп“ во Швајцарија и во првото коло беше поуспешна од Бахреин. По шеесет минути игра, нашите ракометари славеа со 32:28, откако во вистински момент покажаа сила и го скршија отпорот на противникот во последни петнаесет минути. – Задоволни сме што сме на овој добар турнир, кој е силен и добар за подготовка за Европското првенство. Задоволен сум што ...
Ракометната селекција на Македонија ја извојува втората победа во пријателскиот турнир во Швајцарија. По славјето над Бахреин, вечерва нашите ракометари го совладаа составот на Украина, а еден од главните фактори во овој триумф беше младиот голман Иван Галевски. Членот на Алкалоид доби шанса во второто полувреме, откако во првиот дел меѓу стативите беше Томовски. Се чини дека тој потег на Лазаров беше одлучувачки за пресвртот, затоа што ...
Втор меч и втора победа на македонската ракометна репрезентација на „Жолтиот куп“ кој се игра во Швајцарија, а е како подготовка пред стартот на Европското првенство. По вчерашната победа над Бахреин, Македонија денеска беше подобра и од Украина и тоа со 31:26. Украина подобро го отвори мечот и од стартот поведе со 5:2, а потоа во текот на целото прво полувреме константно ја одржуваше предноста, а по 30 минути, Македонија губеше со 17:13. ...
Два меча и две победи за Македонија на турнирот кој се игра во Швајцарија. По вчерашниот триумф над Бахреин, Македонија вечерва ја победија и Украина. Еден од најзаслужните за пресвртот во второто полувреме беше голманот Иван Галевски. Младиот чувар на мрежата имаше неколку одбрани и беше еден од творците за пресвртот. „Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално на меч од еден ваков турнир. Ова ќе ни помогне многу затоа што ваков турнир ...
Момците на Кире Лазаров на денешниот натпревар покажаа две лица, слабо во првото полувреме и супериорно во вториот дел. Украинците на чело со нивниот фантастичен голман беа подобри во првото полувреме кое го добија со 17-13. Но, македонските ракометари се разбудија по паузата, одиграа фантастичен втор дел, комплетно го свртеа резултатот и на крајот дојдоа и до убедлива победа од 31-26. Најефикасен во нашиот состав беше Филип Кузмановски со ...
Домаќинот на контролниот турнир „Жолт куп“, репрезентацијата на Швајцарија потешко од очекуваното славеше на вториот меч на ова натпреварување против репрезентацијата на Бахреин со 33-30. Репрезентативците на Бахреин му дадоа силен отпор на фаворитот и до самиот крај беа во игра за поволен резултат, но сепак искуството на Швајцарците на крајот пресуди за конечен триумф од 33-30. Како и Македонија, така и Швајцарците славеа на своите два ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија го освои второто место на „Жолтиот куп“ во Винтертур, откако во возбудлив и драматичен натпревар одигра нерешено 28-28 против домаќинот Швајцарија. Иако „црвено-жолтите“ покажаа карактер и квалитет, трофејот сепак заврши во рацете на Швајцарците поради подобрата гол-разлика. Домашната селекција на полувреме имаше солидна предност од 18-13, но Македонија во вториот дел излезе со сосема поинакво ...
Македонската ракометна репрезентација го освои второто место на „Жолтиот куп“ во Винтертур, откако вечерва одигра нерешено 28:28 против домашната селекција на Швајцарија во последното коло од турнирот. Иако Македонија имаше ист учинок како и домаќинот – две победи и едно реми, подобрата гол-разлика од претходните натпревари ѝ донесе прво место на Швајцарија. Пред вечерашниот дуел, Швајцарците имаа +14, а Македонија +9 по победите над Украина ...
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на „Жолтиот куп“ во Винтертур со второ место, откако во последното коло вечерва ремизираше 28:28 со домаќинот Швајцарија. Иако Македонија имаше ист учинок како и Швајцарија – две победи и едно реми – првото место му припадна на домаќинот поради подобра гол-разлика од претходните натпревари. Пред вечерашниот дуел Швајцарците беа на +14, а Македонија на +9 по победите над Украина и ...

