Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива денеска ги повика граѓаните на Србија да ги бојкотираат големите трговски ланци в петок на 31 јануари, пишува Данас. Како причина за овој повик Ефектива посочи дека Србија има највисоки цени во Европа. Ефектива потсети дека потрошувачите во Хрватска ги бојкотирале малопродажните синџири и со тоа ги намалиле приходите на тие синџири за дури 47 отсто. „Време е потрошувачите да возвратат“, наведуваат ...
Според пишувањата на медиумите во Подгорица, првиот бојкот на супермаркетите и продавниците, што почна утрово во Црна Гора, бил успешен, бидејќи, како што велат, речиси и да немало купувачи. Препорачано Во Будва, Никшиќ и Бијело Поље речиси и да нема купувачи, во Подгорица има многу помалку од вообичаено, а слична е ситуацијата и во Бар, објавија подгоричките медиуми. Сепак, нема официјални податоци од Даночната управа за тоа колку помалку ...
Ова е сликата денеска во голем дел од регионот.. Освен во Хрватска, се бојкотира и во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија. -Секако дека поддржувам (бојкот). Мораме да бидеме одлични и да знаеме што сакаме. , вели жителка на Сараево. -Не одам во продавница. Чекам пријателка, денеска е ден за прошетки. , жителка на Сараево. -Тие работници таму (во маркетите) имаат семејства. Работат за плата и нема да бојкотираме. , вели жител на Подгорица. ...
По успешниот бојкот на маркетите во Хрватска пред една недела, слична акција денеска се организира и во Македонија. Незадоволни од високите цени, македонските граѓани преку социјалните мрежи се мобилизираа за целодневен бојкот на продавниците. „За да се соочиме со тие ланци на храна, што продаваат во државава и што се богатат врз нашиот грб. Ќе пробаме на 31 јануари, ако нема доволен одзив ќе научат луѓето ќе одредиме и друг датум. Целта е да се ...
Бојкотот на меркетите е само аларм, порака за трговците, кои енормно ги зголемија цените, но и за власта, која треба да делува. Без институционална поддршка и без системски мерки, не пазарањето еден ден ќе нема ефект. Ова е ставот на експертите за утрешниот бојкот. Треновски повикува - производителите да излезат и да кажат како ја формираат цената, трговците да ги објават маржите, а институциите да контролираат и казнуваат. - Не може едно сирење ...
За петок е најавен бојкот на сите маркети од страна на граѓаните поради високите цени на производите. На социјалните мрежи групи од оваа иницијатива апелираат до граѓаните да не пазаруваат во петок од маркетите бидејќи, како што велат, сакаат да испратат јасна порака за драстично поскапување од страна на продавачите. Граѓаните во петок ја поддржуваат иницијативата за бојкот. Сепак, според нив, иако посакуваниот ефект нема да се постигне за само ...
Успешниот бојкот на маркетите и бензинските пумпи во Хрватска го инспирираше регионот, па во петок (31. јануари) се очекува бојкотирање во сите земји од поранешна Југославија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера Последни кои се вклучуваат во оваа граѓанска инцијатива се и Србија и Словенија, пренесуваат тамошните медиуми. Во Македонија исто така е најавен бојкот, во Хрватска се планира втор ...
На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на 31.01.2025 (петок) и тоа под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“. По Хрватска и Црна Гора, повик за бојкот на продавниците поради високите цени има и во Македонија. Граѓаните низ социјалните мрежи се договараат во петок да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба. ...