Спорт
Реал (повторно) се незадоволни од изборот на судиите за Ел Класико

Остануваат уште три дена до новото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, последно во тековната сезона, но и најважното, бидејќи че ја реши шампионската трка.
Натпреварот на „Монжуик“ ќе се игра во недела во 16:15 часот, во ситуација кога Барса има четири бода предност на врвот на Ла Лига. Влогот е голем пред дербито, а Реал повторно, како и пред финалето во Купот на кралот, удри по судијата.
Натпреварот ќе го суди Алехандро Ернандез Ернандез, а клупската телевизија на реал, веднаш го обвини дека е „навивач на Барселона од детството“.
Се забележува дека од сите судии кои му суделе на Реал 10 или повеќе пати, со Ернадес како гкавен судија има најлош скор..
Кога суди Ернандез, Реал побдува на 54 проценти од натпреварите, а од последните шест, славеше само двапати.
El NUEVO vídeo de RMTV sobre Hernández Hernández es BRUTAL, uno de los principales árbitros Negreira y seguidor del BARCELONA desde niño.
MÁXIMA DIFUSIÓN A ESTE VÍDEO
pic.twitter.com/h9SFSHjECG
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) May 8, 2025
Беше извлечено интервју што Ернандез го дал во 1994 година на 12-годишна возраст, кога открил дека навива за Барселона и рече дека негови омилени играчи се Ромарио и Михаел Лаудруп.
„Ова е Ернандез Ернандез, судија кој е во Примера 13 години, навивач на Барселона од детството, кој сега ќе суди во клучно Ел Класико во лигата“.
Хернандез ќе го суди „Ел Класико“ по петти пат, но не е единствениот на удар, туку клупската телевизија го критикува и Мартинез Мунуера, кој ќе биде главен во ВАР собата.
„Уште еден од судиите кој му нанесе штета на Реал Мадрид на најсериозен можен начин со своите одлуки ќе биде задолжен за ВАР“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ лесно против Атлетико на стартот клупскиот Мундијал

Актуелниот европски шампион ПСЖ го победи Атлетико Мадрид во првото коло од Групата Б со резултат од 4:0. Натпреварот се одигра во Лос Анџелес.
Парижаните сè уште не ги „исклучиле моторите“ и очигледно намерата им е да го освојат клупскиот Мундијал, откако ја освоија Лигата на шампионите, прва во историјата на клубот.
ПСЖ влезе во натпреварот поконкретно и посигурно, а веќе во 19-та минута Фабијан Руиз го искористи тоа. Неодбранливо биеше од 17 метри.
ПСЖ имаше речиси 80 проценти од топката во своите нозе, а Атлетико се закани во судиското продолжение од првото полувреме кога голема шанса не реализира Гризман, ударот го одбрани Донарума.
Во следната акција, ПСЖ ја зголеми предноста. Витиња го искористи просторот пред себе и им донесе предност од два гола на Парижаните.
ПСЖ можеше да го потврди триумфот веќе во 50-та минута, но Облак ја одби топката во стативата по ударот на Кварацхелијаа. Атлетико постигна гол во 57-та минута кој беше поништен поради фаул на почетокот на акцијата.
Сè беше јасно во 78-та минута. Облак направи грешка, Мајулу се протна и имаше шанса која ја промаши. После тоа, Облак и Ленгле го нападнаа судијата Ковач, кој му покажа на Французинот втор жолт картон, па Атлетико остана со играч помалку.
ПСЖ го приведе натпреварот кон крај, но Сорлот промаши празен гол од три метри во 83-та минута. Тоа беше шанса за Атлетико да се врати во натпреварот.
LO QUE ACABA DE FALLAR SORLOTH.
pic.twitter.com/lm8TqX01Wi
— MT2 (@madrid_total2) June 15, 2025
Кога Атлетико не го реализираше тоа, Мбаје постигна гол по центаршутот на Хакими во 87-та минута за да го зголеми резултатот на 3:0, а Кангин Ли постигна гол од пенал во 97.минута.
Спорт
(Видео) Дуплантис 12-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд по 12-ти пат во кариерата.
Најдобриот скокач со стап на сите времиња повторно се надмина себеси, овој пат на митингот во Дијамантската лига на домашен терен во Стокхолм.
Дуплантис повторно, како и секогаш, се натпреваруваше сам со себе, и успеа да прескокне рекордни 6,28 метри. Светскиот рекорд го постави од првиот обид.
Надмоќта на Дуплантис во однос на конкуренцијата најдобро го отсликува податокот дека втор беше Маршал Куртис со скок од 5,90, дури 38 сантиметри помалку од Швеѓанецот.
Поради победата на митингот во Стокхолм, Дуплантис ќе добие награда од 20.000 долари, а светската атлетика го наградува секој соборен светски рекорд со 100.000 долари, што значи дека досега заработил 1,2 милиони долари само од соборувањето на рекордот.
Watch Mondo Duplantis
as he soars over a World Record of 6.28m in the men's Pole Vault in Stockholm!
The 12th World Record of his career.pic.twitter.com/MrrBgCxIJd
— Track & Field Gazette (@TrackGazette) June 15, 2025
Спорт
(Видео) Расел победи во Канада, судар меѓу Норис и Пјастри

Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Канада. Британецот во Мерцедес победи пред актуелниот светски првак, Макс Ферстапен (Ред Бул) и тимскиот колега Андреа Кими Антонели, за кого ова е прв пласман на подиумот. Расел на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, ја забележа четвртата победа во кариерата, прва по Лас Вегас минатата година.
Поради инцидентот меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, трката заврши зад безбедносното возило, па разликата меѓу Расел и Верстапен беше минимална, нешто над две десетинки од секундата.
Десеттата рунда од сезоната, покрај победата на Расел, беше обележана и со првиот дуел меѓу возачите на Мекларен, во кој Норис по своја вина го извлече „подебелиот крај“.
Британецот постојано го следеше својот тимски колега, во 66.круг, во еден момент го престигна, Пјастри возврати и кога беа на стартно-целната линија, тој ја „затвори вратата“.
Норис нападна одвнатре, иако немаше простор, дојде до контакт меѓу болидите и мораше да го паркира крај патеката својот Мекларен. Пјастри остана на патеката и ја заврши трката на четвртото место.
Така, за прв пат оваа сезона, ниту еден од возачите на Мекларен не стигна до подиумот.
Бодови во Монтреал освоија возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон, Ферандо Алонсо (Астон Мартин), Нико Хилкенберг (Кик Заубер), Естебан Окон (Хас) и Карлос Саинц (Вилијамс).
Овогодинешното првенство во Формула 1 продолжува со Големата награда на Австрија на Ред Бул Ринг од 27 до 29 јуни.
Así ha sido el toque de Norris y Piastri
Error de Norrispic.twitter.com/rll7bXbn1m
— ElReyGuiri (@ElReyGuiri) June 15, 2025