Влада на Србија: Досега учество на ЕКСПО 2027 пријавиле 100 држави
- Специјализираната меѓународна изложба Експо 2027 Белград, со тема „Игра(ј) за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година

Белград, 8 мај 2025 (МИА) - Српската Влада денеска соопшти дека седум месеци пред предвидениот рок - 100 земји го потврдиле своето присуство на Специјализираниот меѓународен саем Експо 2027.
Специјализираната меѓународна изложба Експо 2027 Белград, со тема „Игра(ј) за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, со учество на повеќе од 120 земји, меѓународни организации и компании се нагласува во соопштение од Владата на Србија.
Се очекува Белград да привлече повеќе од четири милиони посетители за време на 93-дневниот настан. зш/