Се чини дека нема преживеани во авионската несреќа која се случи во Индија, соопштија официјални лица за странски медиуми. Се уште се утврдуваат точните бројки на загинати. Некои медиуми во Индија пренесоа дека стравувањата се дека повеќе од 100 лица се мртви во ужасната несреќа. Авионот oд типот Боинг 787-8 Дримлајнер се урна напладне кратко по полетувањето од аеродромот Ахмедабад со повеќе од 240 лица во него. Моделот се смета за еден од ...

Бројот на жртви во авионската несреќа во Ахмедабад во северозападна Индија се искачи на 274, објави индиската медиумска компанија „NDTV“. Спасувачките екипи продолжуваат да ја пребаруваат областа во станбена зона на градот Ахмедабад. Спасувачите со специјално обучени кучиња го пребаруваат местото каде што се урна Боингот 787-8, само неколку минути по полетувањето. Опашката на авионот е сè уште видлива на вториот кат од зградата каде што се ...

Вишваскумар Рамеш, единствениот преживеан од падот на авионот на Ер Индија во кој загинаа 241 лице, рече дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, остатоци и изгорени тела. Однесен во локална болница, Рамеш изјави за индиската национална телевизија дека авионот изгледал како да е заглавен во воздух неколку секунди по полетувањето. Тој рече дека авионот забрзал, но не успеал да добие висина пред да се сруши. ...

Вишваш Кумар Рамеш (40) е единствениот преживеан во падот на „боингот“ на „Ер Индија“, на летот за Лондон со 242 патници, кој се урна кратко по полетувањето во северозападниот индиски град Ахмедабад. Тој не знае како излегол од авионот. Вишваш Кумар Рамеш, кој се наоѓал на седиштето 11А од летот, рекол дека авионот се урнал речиси веднаш по полетувањето. Се верува дека неговиот брат бил на истиот лет. „Триесет секунди по полетувањето се слушна ...

Тој ги опишал моментите пред и по несреќата.За индиските медиуми изјавил дека слушнал „силен тресок“ околу 30 секунди по полетувањето, пред авионот да почне да губи висина. „Сè се случи толку брзо“, рекол тој, додавајќи дека од ударот претрпел повреди на градите, очите и стапалата.„Кога се разбудив, имаше тела насекаде околу мене. Бев преплашен. Станав и почнав да трчам. Делови од авионот беа расфрлани насекаде. Некој ме зграпчи и ме фрли во ...

Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми. Станува збор за британски државјанин кој седел на седиштето 11A во авионот Боинг 787-8 Дримлајнер, објави Би-Би-Си. За индиската новинска агенција АНИ, Малик изјавил дека преживеаниот „се наоѓа во болница и е на лекување“. Претходно објавената листа на ...

Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон. Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините. Премиерот на Индија, Нарендра ...

Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авионот на Ер Индија со 242 патници се урна денес неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми. Конечната дестинација на авионот беше британскиот аеродром Гетвик, јужно од Лондон. Полицијата објави дека Боинг 787-8 Дримлајнер, еден од најмодерните патнички авиони денес, се урна во станбена ...