Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Неодамна започна затворениот алфа тест на следната експанзија за WoW, а сега се појавија информации за датумот на објавување на играта. Затворената алфа верзија за експанзијата World of Warcraft: Midnight е веќе во тек, а оваа фаза им овозможува на ограничен број играчи да ги тестираат карактеристиките на новата содржина на WoW. Иако Blizzard сè уште не објавил официјален датум на лансирање за целосната експанзија, доверлив протекувач навести за ...
Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed има за цел да ја пренесе брзината и возбудата од анимираната серија на Нетфликс директно на вашите екрани. Но, наместо да се натпреварува со комплексните симулации за тркање, оваа игра целосно се насочува кон аркадното искуство, нудејќи пристапна, брза и визуелно стилизирана забава. Во случај да сакате да се тркате, дрифтате, да градите на диви патеки, како и да се соочите со импресивни босови, тогаш ова е ...
BALL x PIT: Иновативна комбинација на жанрови BALL x PIT е нова игра која успешно спојува неколку популарни жанрови поврзани со преживување, градење на база и roguelite елементи, сето тоа завиткано во класична механика на кршење плочки кои паѓаат кон дното на екранот. Како резултат, добивате една од најосвежувачки roguelite игри кои дефинитивно би требало да ја проверите, чисто за да видите на кој начин се комбинирани овие уникатни концепти. ...
Софтверскиот гигант тврди дека две функции на Windows 10/11 се виновни за падот на перформансите кај одредени корисници. Microsoft потврди дека две функции во Windows 10 и Windows 11 можат значително да ги забават компјутерите, особено за корисниците кои често користат cloud услуги и синхронизација на датотеки. Според извештајот на порталот Neowin, најголемиот виновник е OneDrive синхронизацијата, функција која автоматски зачувува и ажурира ...
Илон Маск најави нов проект на неговата компанија за вештачка интелигенција, xAI, на социјалните мрежи. Според Маск, xAI ќе објави одлична видео игра генерирана од вештачка интелигенција пред крајот на следната година. Милијардерот не понуди повеќе детали за овој проект, но во одговор на платформата X, тој истакна дека четботот Grok ќе биде вклучен во креирањето на идните видео игри. The XAI game studio will release a great AI-generated game ...
Apple во iOS 26 ја воведе функцијата наречена Adaptive Power, која автоматски го продолжува траењето на батеријата без значително намалување на перформансите. Траењето на батеријата отсекогаш било една од најважните карактеристики на iPhone уредите. Без разлика дали станува збор за ултратенкиот iPhone Air, моќниот iPhone 17 Pro Max или кој било друг модел, најновиот iOS 26 носи корисна новина – Adaptive Power, функција дизајнирана да го продолжи ...
Galaxy S26 Ultra донесува Snapdragon 8 Elite Gen 5 чип, M14 OLED екран и AI функции во интерфејсот One UI 8.5, и ќе претставува вистинско ремек-дело меѓу премиум телефоните. Samsung Galaxy S26 серијата ќе биде претставена на почетокот на 2026 година, а моделот Ultra ќе го заземе централното место како најдобар и најнапреден уред. Оваа генерација, интерно наречена „Miracle“, донесува забележливи промени во дизајнот, перформансите и корисничкото ...
Кинеска компанија го создаде најевтиниот хуманоиден робот во светот и го нуди по цена на еден iPhone Кинеската компанија Noetix го претстави својот нов производ – компактен хуманоиден робот со цена од само 1370 долари. Ова е револуционерна цена споредено со конкурентите и го прави роботот достапен за многу повеќе луѓе и ентузијасти. Содржина: Bumi: Мал помошник со висина од 1 метар и тежина од само 12 килограми кој оди, балансира и дури може ...
Xiaomi официјално ја започна глобалната дистрибуција на HyperOS 3, најновата верзија на нивниот софтверски систем. Првите телефони што ја добиваат стабилната верзија се Xiaomi 15T и Xiaomi 15T Pro во Европа, додека останатите уреди ќе го добијат ажурирањето во текот на следните недели. Дистрибуцијата се спроведува по фази, почнувајќи од европскиот пазар, а потврдени се следниве верзии на фирмверот: Првите телефони со HyperOS 3 пристигнуваат во ...
Chronoscript: The Endless End е развиена од малиот, но талентиран тим на DeskWorks (DW) и поддржана од гигантот Shueisha Games (SG). Оваа игра ветува уникатно Metroidvania искуство во кое вие, во улога на уредник, станувате заробен во страниците на мистериозен ракопис. За да ѕирнеме зад завесата на овој интригантен проект, имавме чест да разговараме со клучните луѓе зад него: Масами Јамамото (Masami Yamamoto) од Shueisha Games, и креативниот ...
Ако вашиот PlayStation 5 во последно време е бавен, замрзнува за време на играта или се однесува чудно, бришењето на кешот може да биде брзо решение. Кешот е местото каде што вашата конзола складира привремени датотеки за да му помогне на вашиот систем да работи побрзо, но понекогаш овие датотеки можат да се акумулираат и да почнат да предизвикуваат проблеми. Бришењето на кешот нема да предизвика губење на вашите игри, зачувани датотеки или ...
Во САД се одржа пробно судење со порота составена од 3 члена и тоа ChatGPT, Grok и Claude На Правниот факултет при Универзитетот на Северна Каролина во САД се одржа несекојдневно судење во кое судбината на обвинет беше ставена во рацете на три водечки AI системи наместо луѓе. Дали иднината на правдата е во рацете на алгоритми, кои се толку паметни што може да примат одредени инструкции пред судењето? Ова не е за во Македонија! Содржина: ...
Големиот пад на Amazon Web Services (AWS), кој во понеделникот го парализираше дел од интернетот и предизвика прекин на работата на некои од најпопуларните светски апликации и сервиси, настанал поради наизглед безначајна техничка грешка. Како што соопшти компанијата во детална анализа објавена од CNN, проблемот започнал кога два автоматизирани системи истовремено се обиделе да ги ажурираат истите податоци, што довело до конфликт и предизвикало ...
Qualcomm го претстави својот најнов чипсет за телефони од средната класа – Snapdragon 6s Gen 4, кој носи значителни подобрувања во однос на претходниот модел, Snapdragon 6s Gen 3. Овие подобрувања не се ограничени само на зголемени перформанси на CPU и GPU, туку вклучуваат и поддршка за Full HD+ екрани со 144 Hz, mmWave и sub-6GHz 5G, како и Wi-Fi 6E конективност. Snapdragon 6s Gen 4 е произведен со 4-нанометарскиот производствен процес на ...
Samsung се подготвува да ја обнови својата платформа за складирање податоци во облак и да ја позиционира како конкурент на Apple iCloud и платените решенија на Google. По информациите дека Samsung го прекинува долгогодишното партнерство со Microsoft OneDrive за архивирање на фотографии и видеа, компанијата сега тестира платени претплатнички пакети од 49 GB и 199 GB за корисниците на Galaxy смартфони. На платформата X се појавија слики од екранот ...
Во светот на вештачката интелигенција владее вистинска „војна“ за таленти. Компаниите кои веќе успеале да соберат врвни експерти во тимовите, очајно се обидуваат да ги задржат, па дури и кога тие луѓе веќе дале отказ. „Business Insider“ открил интересен феномен којшто се случува во „Google“, односно во „DeepMind“ лабораториите за вештачка интелигенција, познат како „garden leave“ односно „градинарски одмор“. Тоа е своевидна сива зона за ...
Астрономите пронашле планета која би можела да биде една од најперспективните кандидати за потрага по вонземјански живот. Станува збор за новооткриен свет со назив GJ 251c, оддалечен на само 18 светлосни години од Земјата – речиси на нашиот космички праг. Според новите анализи, планетата има маса од околу 3,8 пати повеќе од Земјата и се наоѓа во зоната на својата матична ѕвезда, што значи дека на нејзината површина би можела да постои вода – ...
Microsoft воведе нови функции за Edge, претворајќи го во паметен „AI прелистувач“ со Copilot режим кој може да разбира, споредува и извршува активности додека корисникот пребарува на интернет. Компанијата го претстави новото поколение функции за својот AI асистент, вклучувајќи амбициозен проект кој директно ја интегрира вештачката интелигенција во еден од нејзините најважни производи — Edge прелистувачот. Новиот Copilot Mode ја претставува ...
Откритието во басенот Сан Хуан во северозападен Ново Мексико нуди редок поглед во последните денови на диносаурусите, откривајќи екосистем исполнет со разновидна популација непосредно пред да исчезнат од Земјата, објавува CNN. Палеонтолозите долго време дебатираат дали диносаурусите нагло изумреле кога астероид со ширина од 10 километри удрил во мексиканскиот полуостров Јукатан пред 66 милиони години или веќе биле во постепено опаѓање. Одговорот ...
Повеќето корисници не знаат дека „Gmail“ автоматски ги разделува пристигнатите пораки во посебни категории. Освен главното сандаче, постојат уште три скриени секции кои системот сам ги полни – и токму таму се крие тајната папка во „Gmail“, во која завршуваат многу пораки што корисниците никогаш не ги отвораат. Оваа папка не е видлива веднаш, бидејќи не се појавува во стандардната листа на ознаки. „Gmail“ ја нарекува „Promotions“, но во неа ...
Dreams of Another се наметнува како длабоко филозофско и уметничко дело, создадено од реномираното јапонско студио Q-Games, познато иновативни наслови како The Tomorrow Children и серијалот PixelJunk. Како авантуристичка акциона игра од трето лице, нема да наидете на конвенционалниот пристап на пукање. Овде, како што велат и самите автори, „Нема создавање без уништување“. Па така, наместо куршумите да уништуваат, тие го градат и материјализираат ...
Примероците што Кина ги зеде од задната страна на Месечината откриле седум фрагменти од астероиди кои потекнуваат однадвор од Земјиниот систем, менувајќи го разбирањето за потеклото на водата и животот во Сончевиот систем. Кинеската мисија Chang’e-6, која во јуни 2024 година ги донесе првите примероци од другата, темна и мистериозна страна на Месечината, откри нешто што досега не било забележано: древни вонземјански остатоци кои не потекнуваат ...
„Chery“ е уште еден производител на автомобили што се одлучи за батерии во цврста состојба (со цврст електролит), претставувајќи прототип што треба да овозможи реален дострел на електрични возила од 1.300 километри. Нема да мора да чекаме предолго за да ја видиме оваа технологија во употреба, бидејќи пробното производство е закажано за следната година, додека целосното производство се очекува во 2027-ма година. Развиена преку Институтот за ...
Услугата за претплата Xbox Game Pass Ultimate се зголеми во цена неодамна по втор пат за една година, за дури 50%. Ова исто така одговара на прашањето дали овој модел е одржлив на долг рок за Microsoft како една од најголемите технолошки компании во светот. Одговорот е – не, барем не по сегашните цени. Зошто е тоа така? Аналитичарите и поранешните вработени во Microsoft ја објаснија позадината за Bloomberg. Поранешен вработен откри дека ...
По неочекуваниот успех на својот претходник, PowerWash Simulator се враќа со продолжение кое ја крева релаксирачката формула на едно целосно ново ниво. Благодарение на едноставната, но неверојатно задоволувачка идеја каде чистите валкани површини под висок, воден притисок, оригиналната игра позитивно ги изненади фановите и инстантно стана феномен. По серија од бројни платежни и бесплатни додатоци, време е да се понуди нешто ново. PowerWash ...
Еден од соработниците на платформата Discord беше цел на хакерски напад, објави компанијата. Според извештајот, „неовластена страна“ успеала да пристапи до информациите на ограничен број корисници кои контактирале со Discord преку нивниот тим за поддршка или тимот за безбедност и доверба. Целта на напаѓачите била да „изнудат финансиски откуп од Discord“, а компанијата нагласи дека хакерите не навлегле директно во системот на Discord. ...
Планинарот и инфлуенсер Балин Милер почина откако падна од познатата карпа Ел Капитан во Националниот парк Јосемити, Калифорнија. Имаше 23 години. Милер го емитувал своето искачување во живо на TikTok кога се случила трагедијата, а неговата мајка ја потврдила веста во објава на социјалните мрежи. Неговиот брат Дилан рекол дека Балин користел техника само со јаже на рутата наречена „Море од соништата“ и го завршил искачувањето кога најверојатно ...
Football Manager 2026 воведе многу иновации, а една од нив се однесува на промена во тактичкиот систем. Sports Interactive објави дека од менаџерите ќе се бара да подготват две одделни формации за своите тимови. Едната формација ќе се користи кога вашиот тим ја има топката во посед, а другата кога се браните. Во исто време, улогите на играчите на теренот ќе се менуваат според однапред дефинирани параметри. Друга нова функција што можеби ќе ви ...
Јапонската наука ви го претставува најновиот лек: Дишите преку задникот, можеби така ќе преживеете Научници од Јапонија и САД открија револуционерна техника за луѓето што не можат да дишат преку белите дробови: доставување кислород на малку неочекуван начин, токму од таму каде што сонцето никогаш не сјае. Првите испитувања на „ректрално дишење“ кај луѓе докажуваат дека постапката е безбедна и добро се поднесува. Сериозно болните одвај го дочекаа ...
Слушнете ги морничавите „звуци“ од црна дупка, снимени од НАСА НАСА објави хорор аудио снимка на бранови што се шират од супермасивна црна дупка, оддалечена цели 250 милиони светлосни години. Фантастичниот звучен запис не само што звучи страшно, туку и налутено, како да е некаква опомена од длабоките простори меѓу ѕвездите. Содржина: Звуци што никогаш претходно не се слушнале: Што навистина слушаме од црната дупка? Црната дупка во центарот на ...