
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Trash Goblin е шармантна, пријатна игра за водење продавница која ве поканува да се релаксираат, да откривате скриени ситници и да ги чистите без никаков временски притисок. Нејзиниот уникатен пристап доживеа огромен успех, градејќи посветена заедница која ја цени нејзината мирна атмосфера. За да дознаеме повеќе за магијата зад овој уникатен наслов, разговаравме со Ендрју Смит, креативниот директор на проектот. Тој со нас ја сподели приказната ...
Google пред некое време објави дека нема да го користи Samsung за производство на своите чипови, а сега имаме реакција од јужнокорејскиот гигант. Преоѓањето на Google од производствениот оддел на Samsung во тајванскиот TSMC за производство на чиповите Tensor G5 што ќе ја напојуваат серијата Pixel 10 претставува големо изненадување за раководителите на Samsung. Според извештаите од корејските медиуми, во Samsung се во тек кризни состаноци за да ...
Промени доаѓаат во мобилната апликација на Facebook, како дел од борбата против малициозните напади. Facebook сега воведува поддршка за passkey во својата мобилна апликација, што значи дека ќе можете да се најавите користејќи биометрија (отпечаток од прст или препознавање на лице) или ПИН на вашиот уред. Ова е побезбедна алтернатива на традиционалните лозинки, бидејќи passkey не може да се украде, погоди или протече, а тие ефикасно штитат од ...
CD Projekt RED одлучи да го промени својот пристап кон развојот на своите игри, па така The Witcher 4 ќе биде нивната прва игра каде што PC нема да биде водечка платформа за време на развојот. Полскиот развивач CD Projekt неодамна прикажа технолошка демонстрација за The Witcher 4, истакнувајќи како е дизајнирана врз основа на нивото на хардвер на обична PlayStation 5 конзола. Ова означи промена во начинот на кој CD Projekt RED ги развива своите ...
Корисниците сега можат да го преместат полето за внес на интернет адреса (address bar) на дното од екранот, со што се подобрува пристапноста и удобноста при користење на Chrome прелистувачот на телефони со поголеми екрани. Google конечно им овозможи на корисниците на Chrome прелистувачот на Android да го преместат полето за веб-адреса од врвот на дното на екранот. Станува збор за функција која многумина ја бараат со години, а која наскоро ќе ...
Новата телефото камера на следниот Nothing Phone (3) е наменета за креаторите на содржини, а компанијата најавува и можност за макро фотографија преку истиот сензор. Во пресрет на официјалната премиера следната недела, компанијата Nothing потврди дека новиот Phone (3) конечно ќе ја добие функцијата што многумина ја замеруваа кај неговиот претходник – телефото камера. Во кратко соопштение, Nothing објави дека Phone (3) ќе биде опремен со ...
Холандија разгледува нов предлог за забрана на социјалните медиуми за лица под 15 години. Холандската влада треба да им препорача на родителите да не им дозволуваат на децата под 15 години да користат социјални медиуми и да не го добиваат својот прв паметен телефон сè до осмо одделение во основно училиште. Препораките ќе бидат дел од новите национални упатства за „Здрава употреба на екрани“ што ќе ги презентира државниот секретар Винсент ...
Ако вашиот телефон прикажува ознака VoLTE до сигналот – еве што значи тоа. Ако сте забележале дека ознаката VoLTE се појавила до индикаторот за сигнал на вашиот телефон, можеби се прашувате што значи тоа – еве кратко објаснување. Што е VoLTE? VoLTE (Voice over LTE) е технологија што овозможува истовремено пренесување на гласовни повици и мобилни податоци преку 4G (LTE) – а во некои случаи и 5G – мрежи. Клучни придобивки: Дали треба да ја ...
Meta се соочува со регулатори, па затоа одлучи да не ги вознемирува корисниците во ЕУ со реклами на WhatsApp уште некое време. Meta планира да воведе реклами во WhatsApp во наредните месеци, поточно во Updates (Status) табот, но корисниците во Европската Унија ќе бидат ослободени од ова до 2026 година. Во најавата, рекламите ќе се појавуваат само во Updates табот, кој корисниците веќе го користат за следење на јавни канали или ажурирања на ...
Многумина се сомневаат во веродостојноста на информациите што се моментално достапни за телефонот Т1 на Трамп. Организацијата Трамп го претстави својот прв паметен телефон, наречен „Т1 телефон“, со цена од 499 долари, со мрежен пакет од 47,45 долари месечно. Според официјалното соопштение, телефонот е „дизајниран и произведен во САД“ и е закажан да се лансира во септември 2025 година. „Произведено во САД“? Аналитичарите велат дека таквото ...
Nintendo започна со мерки против сопствениците на конзоли Switch 2 кои се обидуваат да играат неофицијални игри на уредот, со тоа што им забрани пристап до конзолите. Војната помеѓу Nintendo и гејмерите кои сакаат да користат пиратска содржина официјално започна на бојното поле на конзолите Nintendo Switch 2, а некои корисници сега известуваат дека Nintendo им забранила да ги користат нивните конзоли Switch 2 за пристап до онлајн услуги. Уредот ...
Кина го заврши првото клиничко тестирање на мозочен имплант кој овозможува компјутер да се контролира со мисли. Истражувачкиот центар CEBSIT во Шангај и Универзитетската болница Хуашан успешно имплантираа безжичен BCI уред кај пациент со тетраплегија. Пациентот е маж кој бил парализиран на сите четири екстремитети по несреќа со висок напон. По само неколку недели обука, тој бил во можност да контролира електронски уреди со својот ум – играјќи ...
Брендот познат по своите сигурни кварцни часовници, сега ги има и првите модели на механички часовници. Casio неодамна го претстави својот прв механички часовник – Casio Edifice EFK‑100. Ова се пет нови модели во колекцијата Edifice. Колекцијата се состои од модели со ознаки: EFK‑100XPB‑1AJF, EFK‑100CD‑1AJF, EFK‑100D‑2AJF, EFK‑100D‑3AJF и EFK‑100D‑7AJF. Casio е бренд кој со децении е синоним за сигурни, функционални и достапни кварцни часовници. ...
SEGA објави дека наскоро ќе престане да поддржува голем број од своите класични мобилни игри, достапни преку програмата SEGA Forever. Пред да отстрани голем број ретро наслови на SEGA од својата програма за Android и iOS, SEGA ги направи овие наслови достапни за бесплатно преземање, нудејќи им на фановите последна шанса да ги додадат во нивната библиотека со игри. Насловите вклучени во програмата вклучуваат оригинални игри од каталогот на SEGA, ...
Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на македонскиот кошаркарски вицепрвак ТФТ. Гордон, кој може да игра на позиции 3 и 4, доаѓа со богат досие, настапувајќи во 10 различни земји. Неговото искуство вклучува игри во Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и во многу други европски лиги. Во ланската сезона, играјќи за словачката Нитра, постигнуваше просек од 14.2 поени и 5.2 скока по ...
Островот Голем Град, познат и како Змиски остров, претставува единствениот остров на територијата на Република Северна Македонија и се наоѓа во западниот дел на Големото Преспанско Езеро. Со димензии од 750 метри должина и 450 метри ширина, овој остров претставува исклучителна природна реткост и строг природен резерват што е дел од Националниот парк Галичица. Contents Географски и геолошки карактеристики Преспанското Езеро е највисокото ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, доминираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Холандија. Во оваа сезона, Маркез забележа девет победи од десет спринт трки, и единствено во Силверстон триумфот го освои неговиот брат Алекс од тимот на Гресини. Над него се пласира Алекс, кој изгледаше дека нема намера да го предизвика лидерот, иако имаше можности затоа што најголемиот дел од трката разликата меѓу двајцата беше само една ...
Потенкиот дизајн и иднината на функцијата Dynamic Island го поттикнуваат Apple за првпат да ја постави предната камера на левата страна — потег кој, освен на новиот iPhone 17 Air, може да влијае и врз остатокот од индустријата. Во пресрет на лансирањето на моделот iPhone 17 Air во 2025 година, се појавија интересни информации засновани на заштитни фолии за екранот, кои откриваат некои значајни детали. Имено, предната камера на новиот iPhone 17 ...
ANTRO е амбициозна и крајно уникатна игра која е создадена од новото студио Gatera Studio од Барселона. Играта претставува амбициозен спој на повеќе жанрови: 2.5D акција, платформер, загатки и, најважно од сè, ритам. Дејството е сместено во дистописки подземен град под рушевините на Барселона, каде што уметноста и музиката се забранети, а вие ја презема улогата на доставувачот Нитч, кој несвесно станува долго-очекуваната искра на револуцијата. ...
Farmer’s Life е игра која ви дозволува да навлезете во калливите чизми на Казимир – земјоделец кој се бори со алкохолизам, долгови и суровата реалност во едно зафрлено источноевропско село. Секојдневно ќе навлегувате во борба за опстанок и низа предизвици кои се испреплетени со уникатен, црн хумор. Притоа, ќе управувате со ресурси, ќе градите, ловите, готвите, возите или пак правите и продавате алкохол. Животот на фармата знае да биде напорен, ...
Соларни ќелии за полнење уреди при слаба светлина, градежен материјал што складира јаглерод, антена за ослушнување на вселената — сето тоа се технолошки решенија претставени изминативе денови. Истражувачи од Австралискиот национален универзитет (ANU) и нивни колеги од Универзитетот во Манчестер осмислиле начин за изработка на диск со големина на поштенска марка, со капацитет од околу 3 терабајти по квадратен сантиметар. Молекула базирана на ...
Врховниот суд на САД, со 6 гласа за и 3 против, го потврди тексашкиот закон кој се однесува на верификација на порно сајтовите. Законот со ознака HB 1181 може да има широки импликации врз слободата на говор на интернет, а конкретно бара од веб-сајтовите кои имаат содржина за возрасни да имплементираат проверка на возраста на корисниците. Непрофитната организација Free Speech Coalition, која ја претставува индустријата за возрасни, поднесе жалба ...
Можете ли да го замислите летото без дезодоранс и потење? Без вештачки ароми, парфеми, но и затнати пори и иритации? Двајца лекари од Јужна Кореја развиле технологија што го овозможува токму тоа, пренесе Форбс. Се работи за уредот „PlaDeo“, скратеница од „plasma deodorant“ (плазма дезодоранс), чија клучна улога е да ги неутрализира непријатните мириси со уништување на бактериите што ги предизвикуваат. Експертите наведуваат дека потта сама по ...
Meta, покрај зајакнувањето на својот тим за истражување на вештачка интелигенција, сака да развие и свои ВИ функции насочени кон корисниците. Компанијата е во преговори за купување на стартап за клонирање на глас наречен Play AI, пренесува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни извори. Технолошкиот гигант сака да ја купи технологијата на стартапот и да придобие дел од неговиот персонал, се наведува во извештајот. Play AI овозможува секој да ...
Што е саботна симс средба? Претходните саботи пишувавме за: The Sims 4: Growing Together – Eкспанзијата што го редефинира семејството Проширувањето The Sims 4: Growing Together беше објавено во март 2023 година. Оваа експанзија е една од ретките кои, на времето, претставуваа позначајна пресвртница во еволуцијата на играта. Имено, Maxis решија да ја адресираат долгогодишната желба на заедницата за подлабока и посложена семејна игра. Имено, ова ...
Panasonic Z95B OLED од 2025 година автоматски се вклучува и исклучува заедно со вашиот компјутер благодарение на унапредениот CEC протокол — идеално решение за оние што користат ТВ како монитор. Panasonic повторно докажува дека е еден од најиновативните производители кога станува збор за телевизори. По минатогодишните подобрувања во квалитетот на звукот, овојпат компанијата го редефинира начинот на кој телевизорот комуницира со компјутерите. ...
Компанијата Xiaomi официјално го претстави својот нов преклопен смартфон наречен MIX Flip 2. Изненадувања нема, бидејќи сè беше познато благодарение на тизерите и некои намерно објавени информации, така што и пред официјалната премиера знаевме како ќе изгледа и што ќе нуди. Смартфонот е достапен во четири бои: „Lattice“ златна, „Shell“ бела, „Nebula“ виолетова и „Plum“ зелена, како и во три мемориски конфигурации: 12/256 GB, 12/512 GB и 16 GB/1 ...
Уште од годината на нејзиното објавување во 1999 година, System Shock 2 се истакнува како културен феномен кој го дефинираше жанрот immersive sim, поставувајќи темели за бројни идни наслови. На времето, легендарните студија Irrational Games и Looking Glass вродија величенствен хибрид од акционо-RPG и хорор за преживување, истакнувајќи се, првенствено, со длабоката психолошка нарација и иновативен гејмплеј. За жал, и покрај универзалните критики ...
Корисниците на социјалните мрежи почнаа да добиваат известувања од Мета за одредени промени кои компанијата ги воведува на своите најпопуларни социјални мрежи. Иако многу интернет-услуги, како социјалните мрежи или видео-сервиси, не ги плаќаме со пари, тие имаат своја цена – во облик на пристап до приватните податоци на корисниците и прикажување реклами базирани на тие податоци. Компаниите постојано се обидуваат да го балансираат прикажувањето ...
Современата ера на војување е сè повеќе доминирана од беспилотни летала со различни намени и големини. Но, кинескиот микродрон достигна ново ниво. Долг е само 2 сантиметри и тежи 0,3 грама. Бионички шпионски микродрон Кинескиот институт за истражување на одбраната претстави шпионски дрон кој изгледа неверојатно како комарец. Бионичкиот микродрон беше прикажан на кинеската државна воена телевизија, CCTV-7, на 20 јуни. „Еве ме како држам робот ...