Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Долгоочекуваниот Honor Robot Phone конечно ќе биде целосно претставен на 12 август, а компанијата уште кон крајот на јули ги потврди деталите за неговите камери. Сега се откриени и нови информации за спецификациите на уредот. Според најновото протекување на информации, објавено од Digital Chat Station на кинеската социјална мрежа Weibo, откриени се речиси сите спецификации на смартфонот. Во меѓувреме, Honor објави и промотивни фотографии од ...
„Audi“ ја враќа ознаката „A2“, но овојпат како целосно електричен модел. Новиот „Audi A2 E-Tron“ нема многу заедничко со оригиналот од 1999-та година, кој и покрај напредната технологија доживеа комерцијален неуспех поради високата производна цена. За разлика од претходникот, новиот „A2 E-Tron“ е развиен на механичката платформа на моделот „Volkswagen ID.3 Neo“, што значително ги намалило трошоците за развој и го забрзало неговото ...
„OnePlus 16“ официјално пристигнува, потврди Лиу Бао, генерален директор на компанијата „OnePlus“ за Кина. Сепак, најверојатно нема да биде достапен за сите корисници. Новиот предводнички модел на компанијата ќе донесе подобрен процесор наменет за гејминг, а ќе го задржи и екранот со стапка на освежување од 165 Hz, спецификација што ја имаше и неговиот претходник, „OnePlus 15“. Се очекува „OnePlus 16“ да се појави во следните месеци во Кина и ...
Кинески научници смислија како месечевата почва да стане плодна Кинески научници предложија начин бесплодната месечева почва да се претвори во земја погодна за одгледување растенија. Нивната идеја се темели на употреба на дијатомски алги, микроскопски организми со ретка способност да се приспособат на екстремните услови во вселената. Содржина: Калциум, силициум и фосфор од реголитот стануваат храна за растенија Овие микроскопски организми ...
Бренд за облека продава маица што не бара перење до еден месец секојдневно носење HercLeon, компанијата што пред неколку години ни ја донесе самочистечката долна облека, повторно стана вирална со петтата верзија на својата HercShirt. Новиот модел V5.0 е претставен како пробивен дизајн што, според компанијата, може да остане без непријатна миризба повеќе од еден месец, дури и ако воопшто не го исперете. Содржина: Во лето звучи невозможно, ...
text size Моделите за вештачка интелигенција развиени од „Опен еј-ај“ и „Антропик“ извршиле „неовластени“ дејствија, вклучително и хакирање веб-страница и обид за вметнување штетен код во софтвер за време на безбедносни тестирања, што дополнително ги засилува стравувањата дека ниту нивните креатори ниту искусните истражувачи не можат целосно да го предвидат нивното однесување при тестирање. Британскиот Институт за безбедност на вештачка ...
Е дури сега ќе почнеме да гледаме тетовирани луѓе по улици: Британска компанија го измисли првиот безболен систем за трајни тетоважи во светот Тетовирањето може да биде многу болно искуство, а секој што тврди спротивно или лаже или има необична толеранција на болка. Кога многу игли постојано продираат во кожата, понекогаш повеќе пати преку истото место, тоа не е најпријатното искуство што може да се замисли. Но, благодарение на изумот на ...
text size Стаклената врата се затвора и завеса од ладен воздух се прелева преку вашата глава, врат и рамена, обезбедувајќи моментално олеснување од пеколната летна жега. Вака изгледа да се опуштите во „До Хиемон Бокс“ (Do Hiemon Box), фрижидер од не'рѓосувачки челик кој изгледа доволно голем за да собере човек, бидејќи токму за тоа е дизајниран. Јапонскиот производител „Трaско Накајама“ (Trusco Nakayama Corp.) продал досега околу 200 од ...
Високите температури не се единствената опасност за електронските уреди во текот на летото. Наглите промени на температурата, како преминување од ладен, климатизиран простор директно на голема жештина, можат да предизвикаат проблем што корисникот честопати не го забележува веднаш. Телефонот, лаптопот, фотоапаратот и другите уреди содржат чувствителни електронски компоненти кои не поднесуваат добро влага и екстремни услови. Кога ладен уред ќе ...
Мисијата Europa Clipper моментално е на долго патување до Јупитер, а нејзината задача е да процени дали ледената месечина Европа, по која е именувана, може да поддржи живот. Врз основа на податоците од историските мисии Voyager и Galileo, научниците знаат дека Европа крие глобален океан под својата ледена кора, кој содржи повеќе од двојно поголема количина вода од сите океани на Земјата заедно. За време на планираните 49 блиски прелетувања на ...
По емитувањето на филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан низ кината во целиот свет, интересот за играта „Assassin’s Creed Odyssey“ каде играте спартанец или спартанка по ваш избор во старогрчки историски период, е драстично поиграна од претходно иако со години котира високо и со стабилна публика играчи, како прва успешна акциона варијанта на „Assassin’s Creed“ серијалот која го менува стилот во директни борби од блиску. Дури и гејмерите почнаа ...
Откако во јуни најави поскапување без да ги објави европските цени, Microsoft сега го претстави новиот ценовник, кој покажува дека европските купувачи за одредени модели ќе плаќаат и до 200 евра повеќе. Microsoft ги објави новите европски цени на Xbox конзолите, кои стапуваат во сила од почетокот на август. Новиот ценовник потврдува дека европските купувачи ќе бидат погодени од значително поголеми поскапувања отколку што првично се очекуваше, ...
Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената. Тие го направија првото патување на човечки екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век и отпатуваа подлабоко во вселената отколку кој било пред нив. Капсулата „Орион“ на ...
Персеидите носат сјајни метеори, затемнувањето на Сонцето дополнително ги збогатува августовските ноќи, а на крај доаѓа и затемнувањето на Месечината. Небото над нас, особено ноќе, носи посебна и интересна приказна, особено во ведри денови кога е можно да се видат голем број ѕвезди со голо око, а уште поинтересно е кога ќе го набљудувате еден од најубавите природни феномени на небото - метеорскиот дожд. И овој август, во ноќта помеѓу 12-ти и ...
text size Електроенергетските компании низ САД веќе се под силен притисок поради центрите за податоци за вештачка интелигенција. Но сè почесто се соочуваат со уште поголема закана: инвеститорите да бидат принудени да се повлечат од проектите, оставајќи ги домаќинствата да ги сносат огромните трошоци за инфраструктурата. За да го намалат тој ризик и да обезбедат поддршка од електроенергетските компании за своите проекти, операторите на ...
На што треба да внимавам кога купувам домашен апарат? Ова е првото прашање што многу луѓе го поставуваат кога треба да купат нова машина за перење, рерна или фрижидер – а цената е често првото нешто што го привлекува нивното внимание. Но, она што го одржува задоволството кај потрошувачите години по купувањето е нешто друго: довербата дека апаратот ќе продолжи да работи ден по ден, година по година. Неодамнешното глобално истражување на ...
Apple привремено ја отстрани апликацијата за пораки Telegram од App Store поради кршење на политиките на компанијата за материјал за сексуална злоупотреба на деца. Telegram беше отстранет од продавниците за апликации за iPhone и iPad доцна во понеделник. Во изјава за некои американски медиуми, Apple рече дека истрагата пронашла содржина на Telegram што ги крши политиките на компанијата за материјал за сексуална злоупотреба на деца. reports of ...
Два модели на вештачка интелигенција на OpenAI со денови самостојно подготвувале и извеле сајбернапад врз платформата Hugging Face, а во истиот период компромитирале и корисничка сметка на клиент на технолошката компанија Modal Labs, објави Politico. Според анализата на Hugging Face, моделите меѓу 9 и 13 јули извеле околу 17.600 хакерски операции, при што успеале да пронајдат и искористат слабости во одбраната на системите. Од компанијата ...
Намалениот внес на протеини може да биде клучот за подолг и поздрав живот. Ова го покажуваат резултатите од нова студија на американски научници, објавена во списанието „Cell“, која ја доведува во прашање една од најчестите претпоставки за здрав начин на живот. Од протеински прашоци до енергетски плочки, трендот на консумирање големи количини протеини стана еден од најголемите трендови за благосостојба во деценијата, но како што старее ...
OpenAI соопшти дека надминала една милијарда активни корисници на своите модели за вештачка интелигенција, што претставува значајна пресвртница во развојот на компанијата и во глобалното прифаќање на AI технологијата. Во објава на официјалниот блог, компанијата наведува дека нејзините решенија денес ги користат повеќе од милијарда активни корисници, како и над два милиони компании ширум светот. Од OpenAI истакнуваат дека целта е вештачката ...
„Mercedes-Benz“ официјално ја претстави новата генерација на моделот „GLA“, која носи значителни промени во дизајнот, технологијата и погонските системи. Компактниот „SUV“ доби препознатлива нова маска на ладилникот со опционално осветлување, каква што веќе е видена кај новата „C“ класа, LED светла со мотив на трокрака ѕвезда, скриени рачки на вратите и модернизиран заден дел. Новиот „GLA“ е поголем од својот претходник – долг е 4.565 ...
Поправките на лансирната рампа на „Блу Ориџин“, оштетена од експлозијата на џиновската ракета „Њу Глен“ за време на тест на моторот минатата недела, „ќе траат долго“, веројатно до 2028 година, изјави администраторот на НАСА, Џаред Исакман, за CNBC. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше и еруптираше во огнена топка во четврток додека беше прикачена на лансирната кула за време на рутински статички тест, подготвувајќи се за својот ...
Ова растение од Долината на смртта преживува 60 °C со ладење на сопствените листови Прошетајте низ Долината на смртта, пустински басен во Калифорнија и делови од Невада, и речиси сигурно ќе видите шарена геологија од сите страни. Но ова место е познато и како најниската, најсувата и најжешката точка во Северна Америка. Во лето, нормалните дневни температури достигнуваат 49 °C, а е забележано дека се искачиле и до 56,7 °C. Затоа не зачудува ...
Дилерите на Ауди често се жалеа дека Ку 7, со три реда седишта и најголем модел на марката досега, еднсотавно им е недоволно голем на клиентите што имаат големи фамилии или тие што сакаат и бараат повеќе простор. . За разлика од Кадилакот, со каросерија врз носечка рамка, Ауди има самоносечка, автомобилска каросерија. Извршниот директор на Ауди, Герно Делнер, го гледа Ку 9 како нов знаменосец на марката. Тој е развиен посебно за пазарот во ...
Според студијата објавена во научното списание Proceedings of National Academy of Sciences, на локалитетот GaJi10, на источниот брег на езерото Туркана, се идентификувани 21 стапало оставено од осум единки. Слоевите вулканска пепел околу наоѓалиштето покажуваат дека отпечатоците се стари околу 1,43 милиони години. Анализата на формата на стапалата и начинот на одење укажува дека трагите најверојатно му припаѓале на Paranthropus boisei, вид ...
„Google Maps“ е една од најкористените апликации за навигација во светот, но нејзината прецизност не е иста на сите локации. Додека во големите градови без поголеми проблеми ги пронаоѓа адресите и ги нуди најдобрите рути, во руралните средини почесто се појавуваат грешки поради недостиг од податоци, послаб мобилен сигнал и посложени услови за функционирање на GPS-системот. Проблемот не е во тоа што „Google“ не се обидува да ги мапира и ...
Претставувањето на првиот уред на преклоп пред осум години не ја донесе „големата револуција“ која очекував дека ќе се случи, а популарноста на овие уреди остана под таа на „обичните“. Иако оваа ситуација е очекувана во голем дел и од цената на уредите на преклоп, сепак, голем фактор е и нивната реална функционалност, кратко кажано. Високиот и тесен екран кој се отвора во исто така чуден формат, заедно со послабите камери, очекувано влијаеше ...
Научниците тврдат дека најголемите геолошки катастрофи можеби се повторуваат во циклуси од околу 27,5 милиони години Дали масовните изумирања, огромните вулкански ерупции и драматичните промени во океаните се само случајни настани или дел од природен ритам што ја следи Земјата со стотици милиони години? Нова научна анализа објавена во списанието Evolving Earth сугерира дека доказите за ваков циклус стануваат сè поубедливи. Геолошки „пулс“ на ...
Платформата сега користи големи јазични модели (LLM) кои можат да идентификуваат сомнителна активност. За борба против порастот на содржината генерирана од вештачка интелигенција (AI) на својата платформа, социјалната мрежа Reddit користи свои AI алатки, според објава на нејзината веб-страница. Reddit соопшти дека неговите автоматизирани системи биле во можност да блокираат 23 милиони прегледи на спам дневно, да фатат приближно 25.000 објави ...
Apple го обвинува OpenAI за кражба на трговски тајни од повеќе од 400 поранешни вработени за необјавени уреди и хардвер. Apple го тужи OpenAI и двајца поранешни вработени кои моментално работат за компанијата за вештачка интелигенција за кражба на трговски тајни. Во тужбата поднесена во федералниот суд, Apple тврди дека компанијата со која некогаш соработувала, направила екстензивна злоупотреба, опишувајќи го нивниот бизнис со хардвер како ...