Фудбалерите на Босна и Херцеговина први се радуваат на погодок на отворањето на групата Б од Светското првенство во Канада, САД и Мексико. На натпреварот против Канада, Бошњаците ја искористија првата вистинска шанса и го шокираа домаќинот. По еден корнер Колашинац префрли на втора топка, а во мешаницата најдобро се снајде Лукиќ за огромна радост на малкумината навивачи на БиХ во Торонто. JOVO LUKIC OPENS THE SCORING FOR BOSNIA AGAINST ...

Најдобриот македонски ракометен голман Мартин Томовски е избран за најкорисен ракометар во Втората Бундеслига. Голманот на Битигхајм, кој пред сезоната премина од Потсдам во Виртемберг, беше неверојатен во текот на целата сезона за својот тим и беше можеби и главниот виновник за враќањето на клубот во елитата. Македонскиот репрезентативец имаше импресивна статистика во сезоната 2025/26 и, со своето искуство и конзистентност, одигра клучна ...

Дали се спрема нова бламажа и катастрофа на ФИФА? Се стравуваше дека „алчноста“ на ФИФА со цените на билетите на крајот ќе резултира со празни трибини, а беа потребни само два натпревари за најлошиот кошмар на претседателот Џани Инфантино да стане реалност, и тоа пред неговите очи. За време на вториот натпревар од Светското првенство помеѓу Јужна Кореја и Чешка, илјадници седишта останаа празни, иако Инфантино ги бранеше цените со „луда ...

Трет пораз за женската репрезентација на Македонија во третиот натпревар од Европската лига 2026, откако со 0:3 (11:25, 6:25, 15:25) загуби од Шпанија на отворањето на вториот турнир во Аликанте. Македонските одбојкарки немаа решение за играта на мрежата на противникот, кој делуваше доминантно, особено во вториот сет кога застанавме на скромни шест поени. Во последниот сет понудивме попристоен отпор до средината на сетот, 13:15, а потоа ...

Ралф Рангник беше најсериозен кандидат да стане нов спортски директор на Милан, но германскиот стручњак решил да остане на чело на австриската репрезентација, тврдат дел од италијанските медиуми. Рангник беше кандидат да го преземе менаџирањето во спортскиот оперативен дел, па и да влијае на одлуката за нов тренер, односно наследник на Макс Алегри, но наводно го загубил трпението бидејќи не добил конечен одговор од Милан за потенцијалната ...

Никола Вучевиќ дефинитивно го напушта Бостон, тој ќе стане слободен агент, а тоа значи тотална офанзива на Лос Анџелес лејкерс за неговиот потпис. Имено, американските медиуми и добро информираните НБА инсајдери, кои објавија дека Никола нема да остане во Бостон, врз основа на контакти со менаџерскиот тим на Вучевиќ, наведуваат дека НБА лигата е се уште приоритет за поранешниот член на црногорската репрезентација, а веќе има три сериозни ...

Додека репрезентацијата на Еквадор сè уште го чека својот прв настап на Мундијалот, навивачите на оваа јужноамериканска земја веќе имаат причина за славје. За тоа се погрижи претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој во пресрет на почетокот на Мундијалот донесе одлука што предизвика големо одушевување кај граѓаните. Во видео-порака снимена во дрес на националниот тим, Нобоа соопшти дека за време на Светското првенство ќе биде укинат данокот ...

Светското првенство официјално стартуваше вчера со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, но свечените церемонии продолжуваат. Бидејќи турнирот првпат го организираат три држави, ФИФА предвиде секоја од нив да добие свое симболично отворање пред првиот натпревар на националниот тим. По Мексико, спектакл и во Канада Во пресрет на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, домаќините приредија свечена програма со која го одбележаа стартот на ...

Овој фудбалски празник за нас започнува со огромни емоции. Вечерва, селекцијата на Босна и Херцеговина го игра својот премиерен натпревар против домаќинот Канада. А како совршена увертира за овој историски момент, култниот 40-годишен капитен Един Џеко објави длабоко емотивна исповед која го допре срцето на секој вистински љубител на спортот. Во своето „Писмо до децата на Босна и Херцеговина“, објавено на платформата The Players’ Tribune, ...

Се очекуваше промоцијата во Болоња, но наместо тоа е закажана во Истанбул. Александар Ѓорѓевиќ и официјално е нов тренер на Бахчешехир. „Добредојде во Бахчешехир Колеџ, Александре Ѓорѓевиќ“, напиша клубот од Истанбул на своите официјални канали. Во денот кога беше потврдено дека Марко Бараќ ја напуштил клупата на младиот клуб, беше објавено и дека нов тренер станува неговиот постар сограѓанин. „Нашиот клуб постигна договор со искусниот тренер ...

Килијан Мбапе постојано е критикуван од медиумите во Шпанија и Франција, а на ваквиот пристап на медиумите и јавноста не влијае ниту фактот што капитенот на француската репрезентација постојано добива заштита од селекторот Дидие Дешамп. Во таа насока оди и денешната изјава на Усман Дембеле, уште еден од најважните членови на „триколорите“, кои се меѓу главните фаворити за освојување на СП 2026. – Мислам дека критиките на негова сметка се ...

Али Адем (26) и официјално кариерата ја продолжува во Косово. Досегашниот играч за врска на Македонија вечерва и официјално беше промовиран во Лапи како нивни нов играч. Да потсетиме дека ова за Адем не е прво интернационално искуство во кариерата. Тој има настапувано и во Грција и Албанија, во Македонија има играно и за Вардар, Шкупи. Со Лапи тој потпиша двегодишен договор до 2028. Лапи е дел од Суперлигата на Косово, а таму игра и Фитон ...

Невообичаена полициска акција беше забележана во Лима, главниот град на Перу, каде што двајца полицајци се облекоа како маскоти за Светското првенство во 2026 година и уапсија дилер на дрога на улица. „RMC Sport“ објави дека 48-годишниот Карлос Кабрера, чиј прекар е „Пичичи“ во чест на легендарниот шпански фудбалер по кого е именувана наградата за најдобар стрелец во Примера дивизион, е очигледно страствен фудбалски навивач. Секако, органите ...

Пејачката Шакира повторно беше една од главните ѕвезди на отворањето на Светското првенство, но овој пат не само нејзиниот настап го привлече вниманието на јавноста. Фотографиите и видеата што набрзо се проширија на социјалните мрежи предизвикаа лавина од коментари, а корисниците на платформата X особено коментираа за нејзиниот изглед. Иако Шакира со години е синоним за најголемите фудбалски химни и незаборавни настапи, дел од публиката ...

Мундијалскиот бран продолжува со максимална пареа, а вториот натпреварувачки ден ни го носи дебито на преостанатите два домаќини на турнирот, Канада и Соединетите Американски Држави. Преку нашата платформа секојдневно ви носиме детална најава, длабока аналитика за екипите и нашите очекувања за исходот на фудбалските борилишта. Вечерва фокусот е ставен на возбудливите пресметки во Групата Б и Групата Д, каде што еден натпревар има сосема ...

Торонто вечерва повеќе личи на Сараево отколку на канадска метропола. Илјадници навивачи на Босна и Херцеговина ги преплавија улиците пред првиот настап на „змејовите“ на Светското првенство против домаќинот Канада. Според проценките, во градот се собрале околу 30.000 босански навивачи, бројка што предизвикала загриженост и кај дел од организаторите на турнирот. Градот е обоен во жолто и во сино Знамиња, песни и навивачки колони се гледаат на ...

До почетокот од средбата меѓу Канада и БиХ, остануваат околу 45 минути. Во Торонто е вистинско ЛУДИЛО, кое го прават фановите на оваа селекција. Јасно е дека избраниците на Барбарез ќе имаат голема поддршка, а како беше по улиците на Торонто, своја приказна и објава имаше и ТВ Фокс. Целиот ден е вистинско „лудило“ во Торонто, а фаноите на “Змејовите“, посебно од импресивната бројка од 30.000 лица ги импресионираа сите во Северна Америка. ...

Селекторите на Канада и Босна и Херцеговина ги одбраа почетните состави за натпреварот од 1. коло на Светското првенство, кој ќе се игра вечерва во Торонто, во рамките на групата Б. Од едната страна, домаќинот Канада, од другата Босна и Херцеговина, која се враќа на најголемата светска сцена и бара потврда за квалитетот на почетокот на Светското првенство. Селекторите, по завршните тренинзи и последните тактички проверки, решија да ги ...

Македонската тениска Дејвис куп репрезентација стигна и до втора победа на турнирот од Третата европска група и со денешниот триумф над Грузија си обезбеди битка за промоција во поквалитетен ранг. Избраниците на Горан Шевченко денеска го решија победникот уште по сингл мечевите, а прв отвори Калин Ивановски, кој во два сета го совлада Александре Бакши. Првиот сет заврши со тај-брејк, но во вториот Ивановски беше посигурен и го доби со 6:2 за ...

Атмосферата во Торонто се загрева во пресрет на мечот помеѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој се игра од 21 часот по македонско време. Еден од организаторите на Светското првенство се плаши дека Босанците може да бидат и преку 30.000, а дека нивните стравови може да се остварат, се гледа низ улиците на Торонто, кој вечерва повеќе личи на Сараево отколку на град во Канада. VOLIM TE BOSNO!🇧🇦 #FIFAWorldCup #CANBIB 🇨🇦🇧🇦 🎥: ...

Тренерот на Барселона, Карлос Ортега, со оптимизам го најави настапот на својот тим на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони. Шпанскиот стратег потенцираше дека зад неговата екипа стои одлична сезона, во која Барселона претрпела само еден пораз – против Магдебург, што според него е доволен показател за квалитетот и континуитетот на тимот. „Имавме одлична сезона. Загубивме само еден натпревар, против Магдебург, па некако е ...

Иако им требаше точно еден месец, челниците на Барселона најавија кривична постапка против Флорентино Перез. Причината за тоа одложување најверојатно беа изборите во Реал Мадрид. Сето ова доаѓа по тешките зборови кои што првиот човек на „кралевите“ ги упати кон каталонскиот клуб. „ФК Барселона информира дека денесka е поднесен задолжителен предлог за мирно решавање на спорот против претседателот на Реал Мадрид, г-дин Флорентино Перез, како ...

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарко Стојановски, во новата сезона ќе влезе во нов дрес. Имено, 23-годишниот фудбалер за врска по успешната сезона со Еордиакос Птолемаида се раздели со клубот и во сезоната 2026/27 ќе прифати нов предизвик. Во шампионатот на третиот ранг во грчкиот фудбал, кој штотуку заврши, Стојановски одигра 20 натпревари, постигна еден погодок и запиша шест асистенции. Не е исклучена можност младиот ...

Познати се стартните состави за единствениот денешен натпревар меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство. Канаѓаните ќе нападнат со офанзивното дуо составено од Џонатан Дејвид и Кајл Ларин, со поддршка од брзите крила, додека на голот ќе биде сигурниот Максим Крепо. Од друга страна, селекцијата на Босна и Херцеговина ќе се потпре на искуството на својот капитен Един Џеко, кој ќе го предводи нападот, а поддршка ќе има од Ермедин ...

Репрезентацијата на Гана ќе биде ослабена на првиот натпревар на СП 2026, бидејќи на дуелот со Панама нема да смета на искусниот Томас Парти. Фудбалерот кој настапуваше во најсилните европски лиги не добил виза од канадските власти и ФИФА денеска потврди дека нема да биде дел од средбата која ќе се игра во Торонто. – ФИФА потврдува дека Томас Парти нема да може да патува од тренинг кампот на репрезентацијата на Гана во Бостон до Канада за ...

Македонија ја победи Грузија и со тоа го освои второто место во групата од Третата Европска зона во Дејвис Купот на турнирот кој се одржува во Кишињев (Молдавија). Прво Калин Иваноски беше подобар од Александре Бакши со 2:0 во сетови, за да потоа и вториот наш тенисер Олег Приоходко славеше против Пуртселадзе со 2:1 во сетови. Првиот сет го доби Грузиецот во тај-брејкот, за да потоа Приходко вториот сет го доби со 6:1 во гемови, а во третиот ...

На повидок “бомба“! Медиумите од Островот пренесуваат неверојатна вест. Имено судбината на Мохамед Салах, се чини, ќе биде решена откако ќе го заврши учеството на Светското првенство со својата селекција за Египет. Договорот на Салах со Ливерпул официјално требаше да заврши следното лето, но беше донесена одлука тој да се раскине предвреме, па затоа Египќанецот беше испратен од „Енфилд“ по девет години. И повторно, ова не значи дека тој ...

Мексико испиша нова страница во својата фудбалска историја откако со 2:0 ја совлада Јужна Африка во натпреварот што го отвори Светското првенство 2026. За првпат во историјата, мексиканската репрезентација успеа да победи на воведен натпревар на едно Светско првенство. Пред повеќе од 80.000 гледачи на стадионот „Сиудад де Мексико“, избраниците на Хавиер Агире приредија вистински спектакл и со головите на Хулијан Кинонес и Раул Хименез стигнаа ...

Светското првенство во 2026 година само што почна и веќе е во центарот на контроверзии. Причината не е фудбалот, туку рекордно високите цени на билетите, кои предизвикаа лавина реакции кај навивачите ширум светот. Во споредба со Мундијалот во Катар во 2022 година, цените се зголемени повеќекратно. Најевтиниот билет за финалниот натпревар на стадионот во Њујорк/Њу Џерси чини 2.030 долари, додека најскапиот достигнува 6.370 долари. За споредба, ...

Светското првенство во 2026 година нема да донесе само борба за највредниот трофеј во фудбалот, туку и емотивни семејни приказни какви што ретко се гледаат на спортската сцена. Дури осум пара браќа ќе бидат дел од најголемиот Мундијал во историјата, а некои од нив би можеле да се најдат на спротивните страни од теренот. Четири пара ќе настапуваат за исти репрезентации. Меѓу нив се и добро познатите браќа Лукас и Тео Ернандес, кои повторно ќе ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
38%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.8
42%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.54
43%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.85
38%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1018
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
55%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.88
38%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.83
37%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
45%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 24ᴼ
2.68
52%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.67
84%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

53.60

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97