Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Домаќинот Мексико на перфектен начин ја започна својата мундијалска приказна во Групата А, откако на преполниот стадион „Ацтека“ ја совлада селекцијата на Јужна Африка со 2-0. Отворањето на Светското првенство донесе сè што навивачите сонуваа – извонреден ритам, емоции на трибините по настапот на Шакира и Бурна Бој (кој македонската јавност за жал не можеше да го проследи поради технички проблеми…), но и невиден хаос на теренот кој ...
Мексико со 2:0 се радуваше на триумф против Јужна Африка во првата средба од Светското првенство кое вечерва започна. По еден гол во двете полувремиња постигна Мексико и тоа беше доволно за голема радост на домашните фанови на стадионот „Ацтека“. Освен двата погодоци, имаше и три црвени картони. Сфефело Ситоле доживеа ужасен прв настап на Светското првенство, бидејќи беше виновен за првиот гол на Мексико, a потоа биде исклучен во второто ...
Јапонскиот репрезентативец е официјално нов фудбалер на Фрајбург, потврди бундеслигашот на своите социјални мрежи и на официјалниот веб-сајт. Германскиот клуб објави дека потпишал перманентен договор со новиот играч, кој има 21 година и се наоѓа на списокот на јапонската репрезентација за Светското првенство. Гото е втор Јапонец што го засилува Фрајбург, откако претходно беше потпишан договор со Рихито Јамамото. Финалистот во Лига Европа се ...
Фудбалерите на Мексико ја совладаа репрезентацијата на Јужна Африка со 2-0 во првиот натпревар на 23. Светско првенство. Репрезентацијата на Јужна Африка го заврши натпреварот со деветмина играчи на теренот, откако во 49. минута беше исклучен дефанзивецот Спепело Ситоле поради соборување на противник во изгледна шанса за гол, а во 84. минута бразилскиот судија Вилтон Сампајо му покажа директен црвен картон и на Темби Зване поради удирање на ...
Тоа е таа нова Америка. Тие се тие САД кои за претседател го имаат еден Доналд Трамп. Затоа се поставува прашањето кој на САД им даде да бидат домаќини на СП? Имено по пристигнувањето на репрезентацијата на Узбекистан во Соединетите Американски Држави, во пресрет на пријателскиот натпревар во Њујорк против Холандија, делегацијата беше пречекана со невообичаено строги безбедносни мерки, кои повеќе потсетуваа на процедурите на меѓународен ...
Репрезентацијата на Мексико ја оправда фаворитската улога и го отвори Светското фудбалско првенство со победа над Јужна Африка со сигурни 2-0 (1-0). Покрај двата гола, на првиот мундијалски меч видовме одлична атмосфера, дури три црвени картони и многу нереализирани шанси. Ко-домаќинот на планетарниот собир прикажа многу подобро издание од африканскиот ривал, а тоа се потврди по само девет минути игра, гостите направија голема грешка и му ...
Мексико ја оправда фаворитската улога и фудбалерите на Хавиер Агире режираа големо задоволство за повеќе од 80 илјади фанови на „Ацтека“ стадионот во Мексико Сити, не само поради играта која ја прикажаа, туку и поради победата и трите освоени бода. Јужна Африка во ниту еден момент не беше достоен ривал за Мексико и ниту еднаш не го загрози голот на Ранхел, а од друга страна, правеше големи грешки и непотребни потези кои резултираа со два гола ...
Последниве денови љубителите на фудбалот ширум светот го потпевнуваат рефренот „Dai Dai“, новата официјална химна на Светското првенство 2026, која ја изведуваат Шакира и Бурна Бој. Но, иако многумина без проблем го повторуваат заразниот рефрен, малкумина знаат што всушност значи насловот на песната. Повеќе од обичен рефрен Изразот „Dai Dai“ потекнува од италијанскиот јазик и може да се преведе како „Ајде!“ или „Одиме!“. Станува збор за израз ...
Иако веќе неколку месеци трае сагата за евентуалниот трансфер на Мајкл Олисе во Реал Мадрид, а Баерн Минхен бара 250 милиони евра, сега во игра за спектакуларниот офанзивец се вклучува и ПСЖ. Францускиот гигант Пари Сен Жермен не планира да застане по освојувањето на Лигата на шампионите, а челниците на клубот веќе интензивно работат на создавање тим кој би можел да доминира во европскиот фудбал во наредните години. По сезоната од соништата ...
Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу подобро издание од противникот, сосема заслужено ги освоија првите бодови во групата „А“ и најавија кандидатски статус за место во нокаут рундата. Со брзиот гол на Хулиан Кињонес во 9. минута, Мексико поведе со 1:0 и најави атак на трите бода. Во продолжение, ...
Хулиан Кињонес е авторот на првиот гол на Светското фудбалско првенство 2026. Со погодокот во 9 минута, офанзивниот фудбалер во составот на селекторит Хавиер Агире, Мексико обезбеди водство од 1:0 против Јужна Африка во премиерниот меч на Мундиалот. Мексиканците беа далеку подобар тим во ова полувреме и чусто чудо е што не успеаја барем вторпат да го погодат голот на Вилијамс. Кињонес ја погоди и стативата, додека Раул Хименез не успеа да ...
Најголемото Светско првенство во историјата, првото кое заеднички го организираа САД, Канада и Мексико и првото кое вклучува 48 репрезентации и 104 натпревари, не доаѓа без контроверзии. 32 години подоцна И последното Светско првенство, она во Катар во 2022 година, беше едно од најконтроверзните во историјата, првенствено затоа што се одржа во монархија управувана од шеријатски закон. Пред тоа, првенството се одржа во Русија на Путин, а ...
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, е најдобриот поентер по првиот викенд во Европската лига 2026. Сумирајќи ги поединечните постигнувања на првите 9 турнири кои се одржаа изминатиот викенд, нашиот коректор е лидер на листата на најдобри поентери со реализирани 42 поени. Ѓоргиев ја предводеше Македонија до победа на средбата со Луксембург, а беше и едне од најзабележителните во поразот од Холандија на ...
Искусниот напаѓач Раул Хименез со погодок го отвори својот последен Мундијал во кариерата. Фудбалерот на Вулверхемптон беше стрелец за зголемување на водството на својата репрезентација на 2-0 во дуелот против Јужна Африка, потврдувајќи ја својата класа на големата сцена. Овој погодок имаше и дополнителна тежина, бидејќи беше негов прв во кариерата на еден голем планетарен собир. Сепак, моментот по голот беше уште повпечатлив од самиот ...
Шпанските репрезентативци Ламин Јамал и Нико Вилијамс повторно тренираат со националниот тим пред стартот на Светското првенство. Двајцата фудбалери изминатите денови работеа по посебна програма поради повреди, но сега се приклучија на редовните тренинзи на репрезентацијата, што претставува големо олеснување за селекторот Луис де ла Фуенте. Шпанија е сместена во тренинг-базата во Чатануга, во американската сојузна држава Тенеси, каде што ги ...
Мексиканската актерка Салма Хајек Пинолт денес ја поздрави публиката на тревникот на стадионот Ацтека и официјално го означи почетокот на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Церемонијата започна околу 90 минути пред првиот натпревар од турнирот помеѓу Мексико и Јужна Африка, реприза на првиот натпревар од 2010 година. З аедно со говорот на Салма Хајек, на сцената настапија Шакира, Бурна Бој, Џ. Балвин, Белинда, Лила Даунс, Алехандро ...
Милан и натаму продолжува со потрагата по нов тренер. И покрај медиумските извештаи, сè уште не е донесена никаква одлука за назначувањето на Оливер Гласнер како наследник на Алегри на клупата на „роисонерите“, пишува инсајдерот Фабрицио Романо. Матијас Јаjсле од Ал Ахли и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, исто така се разгледуваат како кандидати. Според новинарот Матео Морето, Гласнер почнал да губи во трката за ...
Пред почетокот на натпреварот, кој воедно го отвора и Светското првенство 2026 помеѓу Мексико и Јужна Африка, беше забележана интересна новина во протоколот. Двете репрезентации излегоа на теренот во сосема нов распоред, каде што сите играчи, и стартерите и резервите, заедно отидоа на центарот на теренот. Комплетните претставници на двете селекции се собраа околу знамето на својот тим. На овој начин, сите играчи ги слушаа химните на своите ...
Кафу важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и тој беше дел од последната генерација на Бразил која освои Светска титула, онаа во 2002-ра година која беше најдобра во Кореа и Јапонија. Во својата блескава кариера, Кафу во два наврати беше светски шампион, но бидејќи Бразилците чекаат за најпосакуваниот трофеј цели 24 години, се поставува прашање дали Карло Анчелоти може да направи нешто поразлично од неговите ...
Еден од навивачите на селекцијата на Мексико доживеа срцев удар непосредно пред почетокот на натпреварот од 1. коло од Групата А против Јужна Африка на Светското првенство. Несреќниот човек бил на пат кон натпреварот, стигнал до влезот, а потоа доживеал срцев удар. Лекарите брзо реагирале, а драматичните сцени биле снимени со камера. Навивачот е итно префрлен во болница. Засега нема информации за неговата здравствена состојба. ВНИМАНИЕ: ...
Репрезентацијата на Јапонија претрпе сериозен удар непосредно пред настапот на Светското првенство, откако капитенот Ватару Ендо се повлече од националниот тим поради повреда. Веста ја потврди Јапонскиот фудбалски сојуз, кој соопшти дека искусниот 33-годишен фудбалер нема да може да настапи на Мундијалот поради проблемите со закрепнувањето по операцијата на стапалото што ја имаше во февруари годинава. Ендо не успеа целосно да се врати во ...
Антонио Валенсија одбележа убава ера во Манчестер Јунајтед и заврши на „Олд Трафорд“ како капитен на тимот, а како човек кој секогаш беше препознатлив по својот професионализам и напорна работа, посакува да гледа такви играчи во актуелниот тим на Мајкл Карик. Таков профил на фудбалер дефинитивно беше Касемиро кој реши да си замине, а во период кога се бара замена за Бразилецот, Валенсија препорачува играч кој е негов сонародник. Челси плати ...
Капитенот на чешката репрезентација Ладислав Крејчи верува дека тимот ќе ги продолжи добрите настапи од неодамнешните натпревари и на Светското првенство. Тој вечерва ќе се соочи и со својот соиграч од Вулверхемптон, Хванг Хи-чан, во дуелот против Јужна Кореја. „Подготвени сме, возбудени и едвај чекаме сè да започне“, рече Крејчи пред тренингот пред натпреварот. Чешка е во серија од шест натпревари без пораз пред да влезе на Мундијалот, ...
Со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка стартуваше 23-то Светско првенство во фудбал, а веќе во воведната фаза на мечот, се доби впечаток кој тим ќе се прашува за сите работи на теренот. Кодомаќинот на мундијалот отвори максимално агресивно и со силниот пресинг им направи проблеми на играчите од Јужна Африка, па по неискористената шанса на Раул Хименез, следеше голема грешка на гостите. Киксот во потесната одбрана му овозможи на Кињонес да ...
Светското првенство започна вечерва со натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Мексико и Јужна Африка на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити. Над 80.000 луѓе се присутни на отворањето на Светското првенство. Секако, медицинските служби имаа полни раце работа уште пред почетокот на натпреварот. Вистинската драма се одвиваше пред самиот стадион, кога амбулантно возило мораше да се пробива до навивач за да му пружи помош. На социјалните ...
Само девет минути беа потребни за првиот гол на Светското првенство. На „Ацтека“ домашната селекција на Мексико рано поведе на натпреварот против Јужна Африка, а мразот го скрши Јулијан Кинонес. По една грешка на одбраната на Јужноафриканците, искусниот напаѓач прво ја украде топката, а потоа биеше итро и донесе водство за својата селекција и огромна радост на трибините. Goalllll Mexico!!! JULIAN QUINONES WITH THE FIRST GOAL OF THE 2026 WORLD ...
Сосема очекувано, Мексико успеа да поведе на дуелот со Јужна Африка на отворањето на Светското првенство. „Ацтека“ експлодираше во 9. минута кога Кињонес успеа да ја казни грешката на африканската селекција, и поведе со 1-0. И покрај тоа што Јужна Африка ја имаше топката, сепак, одбраната направи огромна грешка и овозможи Мексико да слави рана предност. Претходно Мексиканците имаа прилика и порано да го дојдат до предност, но голманот на ...
По состанокот во Мексико Сити, ФИФА објави радикални промени во Правилникот за трансфери, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година. Новите одредби, кои се резултат на двегодишни преговори и судски спорови со синдикатот на играчи FIFPro, лигашките здруженија и европските клубови, внесуваат револуција во системот што беше воспоставен во 2001 година. Меѓу најважните иновации се задолжителниот удел на играчот во надоместокот за трансфер и ...
Стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, Оливер Бауман, чекаше шанса да стане прв голман на германската репрезентација. Откако Мануел Нојер се збогуваше во 2024 година, голманот на Хофенхајм ја искористи шансата меѓу неколку кандидати и ја презеде позицијата број еден. Одличниот голман требаше да биде прв избор на Јулијан Нагелсман и на Светското првенство. Бауман сонуваше за тој момент, но Мануел Нојер лично ...
Селекторите Хавиер Агире и Хуго Брос ги објавија стартните состави за првиот натпревар на Мундијалот, а во очи паѓаат неколку важни одлуки кај домаќинот. Во почетниот тим на Мексико нема место за Едсон Алварез, додека напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе ја чека својата шанса од клупата. Меѓу резервите е и искусниот голман Гиљермо Очоа. Мексико ќе настапи во формација 4-1-4-1: Рангел; Рејес, Монтес, Васкез, Гаљардо; Лира; Алварадо, ...