Црногорската полиција оваа летна сезона воведе засилен воздушен надзор на сообраќајот со помош на дронови, со цел да ја зголеми безбедноста на патиштата во периодот кога кон приморјето се движат голем број домашни и странски туристи. Беспилотните летала ќе патролираат на територијата на цела Црна Гора, а најинтензивен надзор ќе има во централниот и јужниот дел од земјата, каде што во летните месеци сообраќајот е значително зголемен. Овој ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да избега од Србија доколку Српската напредна странка ги загуби изборите. Тој повторно најави можност за предвремени парламентарни избори во октомври годинава, а доколку тие се одржат, претседателските избори, според него, најверојатно ќе бидат во јануари 2027 година. „Доколку парламентарните избори се одржат во октомври, можно е претседателските да бидат кон крајот на декември или на ...

Тарик Прусац, кој се наоѓаше во притвор поради сомнение дека на 1 мај годинава ја убил сопругата Елма Годињак во сараевската населба Добриња, починал во Казнено-поправниот завод Игман, откако, според информациите на медиумите во БиХ, извршил самоубиство. Според весникот „Аваз“, тој си го одзел животот така што од својата дуксерка направил јамка, која ја прицврстил за дел од затворскиот кревет. Наводно, го искористил моментот кога останатите ...

Случајот „Фараон“ ја отвори една од најчувствителните теми во Србија a тоа е колку долго содржина што ги сексуализира децата може непречено да се шири на интернет пред да реагираат платформите и институциите. Откако спорниот видеоспот собрал повеќе од 800.000 прегледи, полицијата го приведе авторот, му ги одзеде електронските уреди, а неговите профили на „Тикток“ и „Јутјуб“ беа изгаснати. Осомничениот, сепак, набргу бил пуштен, додека ...

Во документот од 39 страници, наречен БЕСА , кој премиерот на Албанија, Еди Рама , им го предаде на своите колеги на состанокот на парламентарната група и кабинетот на 24 јули, се посочува дека ова е стратешкиот документ за пресвртница за четвртиот мандат. Албанските медиуми го открија овој документ, кој според Рама ја дефинира дијагнозата, целта, капацитетите што треба да ги изгради администрацијата, механизмите за имплементација, ...

Дванаесетгодишен државјанин на Албанија заврши во пртивор во Хрватска откако полицијата во неговиот автомобил открила поголема количина дрога. Младиот Албанец бил приведен кај Пировац, откако на полицајците им станало сомнително неговото однесување покрај паркирано возило. При претресот биле пронајдени какаин и МДМА во кристали и таблети. Врз основа на налог од Жупанискиот суд во Шибеник, извршен е претрес на автомобилот. Полицијата ...

Во германската престолнина е во тек потрага по него. Полицијата објави фотографија од осомничениот и го идентификуваше како 21-годишниот Абдул Б. Автомобил се удри во толпа што го славеше настанот Прајд на улицата Кристофер во Берлин во саботата навечер, при што загина едно лице, а најмалку 16 други беа повредени. Инцидентот се случил околу 22:00 часот. Три лица се уште се во животно-загрозувачка состојба, објавува Телеграф. Според првичните ...

Дваесет и четиригодишен мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во местото Пешќеница, во близина на Лекеник, Хрватска. Според информациите од сисачко-мославската полиција, несреќата се случила околу 19:20 часот. При увидот било утврдено дека младиот возач, управувајќи мотоцикл со загрепски регистарски таблички, при излегување од свиок не ја приспособил брзината на условите на патот, по што ја изгубил ...

Автобус што бил прикачен на шлеп-служба утринава околу 7:30 часот се откачил и удрил во трамвај, јавуваат српските медиуми. Според информациите, автобусот на приватен превозник се откачил од шлеп-камионот, тргнал наназад и удрил во трамвај кој во тој момент се наоѓал на станица. — реклама — Набргу по несреќата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала дека нема повредени лица. — реклама — Поради инцидентот, ...

Моментот кога камион влета низ бензинска пумпа во Турција и предизвика голем пожар Едно лице загина, а две се повредени во трагична несреќа во Турција откако камион бизарно влегол во бензинска пумпа. Снимките од безбедносните камери покажуваат како возилото се превртува со голема брзина, уништувајќи ја целата зона за точење бензин, а потоа влегува во продавницата на бензинската пумпа. Моментот кога камион влета низ бензинска пумпа во ...

Четириесет и шестгодишната македонска државјанка Сашка Стојановска и понатаму е задржана во полициската станица во Улцињ, откако завчера беше уапсена под сомнение дека со автомобил усмртила куче. По објавувањето на снимката од настанот на социјалните мрежи, црногорската полиција соопшти дека таа била приведена при обид да ја напушти државата. Според полицијата, по пријавата веднаш биле преземени оперативни мерки, по што возилото и возачот ...

Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинале на планината Елбрус во Русија, пренесува рускиот портал Lenta.ru. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината. Повикувајќи се на информации од рускиот Telegram-канал Shot, руските медиуми наведуваат дека преживеале само двајца членови на алпинистичката група. Еден маж успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил ...

Снимка, која наводно е направена вчера и на која се гледа како двајца разбојници ограбуваат две жени на улицата „Бирчанинова“ во Белград, е објавена на социјалните мрежи. Според минувачите и сведоците на инцидентот, жртвите се мајка и ќерка, а напаѓачите – мигранти. Ова досега не е официјално потврдено, а српската полиција официјално не се огласува за случајот. Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека ова не е единствен таков ...

Ледени топки паѓаа врз туристичкиот бисер на Јадранот (видео) Силно невреме проследено со крупен град утрово го зафати Ровињ и околината, предизвикувајќи материјална штета и вознемиреност кај жителите и туристите. Бурата започнала по 9 часот, а според сведоштва, паѓале ледени зрна со големина на орев. Локалните метеоролози велат дека ваков град ретко се памети во Истра, а има информации и за неколку лица со полесни повреди. Фотографиите од ...

Чудо: 13-годишно девојче во Чиле остана неповредено откако поради силно невреме градежен кран падна врз неколку куќи и автомобили (видео) На снимките од местото на несреќата се гледа како металната конструкција на кранот буквално ги „сече“ покривите на куќите и ги затрупува автомобилите. Спасувачките екипи веднаш интервенирале, а најголемо олеснување било сознанието дека 13-годишното девојче, кое во моментот на ударот било во својата соба, ...

Возачите од Македонија кои викендов патуваат кон Солун и Халкидики треба да имаат предвид на значајни сообраќајни ограничувања, бидејќи во Солун ќе има целосно затворање на дел од внатрешната обиколница во двата правци. Според објави на грчки медиуми, затворањето е поврзано со работи на инфраструктурен проект, односно со активности за уривање/градежни интервенции на мост. Станува збор за 48-часовен прекин на сообраќајот на дел од источната ...

Албанија е потресена од трагичен случај што заврши со три загинати лица, откако маж осомничен за двојно убиство ја држел својата поранешна свршеница како заложник речиси 12 часа. Според информациите од албанските медиуми, 35-годишниот Нертил Бузи е осомничен дека рано наутро влегол во домот на родителите на својата поранешна свршеница во селото Видиште, во близина на Рошковец, каде што ги застрелал нејзиниот татко Коста Плака и мајката Лела ...

Ансамблот „Ателје 212“ се огласи во врска со одлуката на Градското собрание на Белград да го назначи директорот Љубиша Ристиќ за директор на театарот, објавувајќи кратко соопштение на социјалните мрежи. Во објаваta тие велат дека ја поздравуваат доследноста на Секретаријатот за култура и Градското собрание во водењето на културната политика на Белград. Од нашата мрежа Шеф во Баерн: Трансфер на Олисе во Реал Мадрид воопшто… 31 минута ...

Американските царински давачки за стоки од Србија се привремено укинати од петокот, а претходната стапка од 35 проценти е намалена на нула, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. -Добра вест е што од вечерва, по наше време, царинските давачки за Србија се нула проценти, рече Вучиќ во гостувањето во програмата на Радио-телевизија Србија (РТС). Од нашата мрежа Шеф во Баерн: Трансфер на Олисе во Реал Мадрид воопшто… 21 минута kontra.mk ...

Хрватска ги отвора вратите кон економските мигранти од Пакистан, олеснувајќи им на работниците од оваа држава да добијат визи. Хрватска и Пакистан, на официјална средба во Исламабад, се согласија да го забрзаат отворањето на хрватскиот визен центар, што треба значително да го поедностави процесот за пакистанските граѓани кои аплицираат за хрватски работни визи. Хрватска ги отвора вратите кон економските мигранти од Пакистан, олеснувајќи им ...

Грчката полиција денеска во Глифада, елитно крајбрежно предградие на Атина, уапси 30-годишен маж кај кого беше пронајдена рачна бомба. Се сомнева дека со неа тој имал намера да го нападне домот на поранешен обвинител на Врховниот суд. Апсењето е извршено по полициска операција на Управата за борба против организираниот криминал, а лицето кај кое е пронајдена бомбата подолго време било под надзор, бидејќи властите имале индиции дека тој ...

Европската Унија одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за Босна и Херцеговина, во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот 2025–2027 година, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во БиХ. „Европската Унија останува најдоследниот партнер на Босна и Херцеговина“, порача Делегацијата на ЕУ во Сараево во објава на социјалната мрежа „Икс“, потврдувајќи дека институциите на Унијата ја одобриле ...

Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора. Според досегашните информации, нема повредени, објави локалниот „PV портал“. Ветерот според написите сруши и дел од фасада на станбена зграда. Во некои делови беше прекинато снабдувањето со електрична енергија./Извор:Makfax Градот кршеше ...

Млади македонски бригадири од Велес, Штип, Гостивар, Скопје и Битола собрани во една македонска бригада од вкупно 34 бригадири денеска од Македонија замина за Нови Пазар во југозападниот дел на Србија каде во наредните седум дена ќе учествуваа на Младинската работна акција (Омладинска радна акција) ОРА „Нови Пазар 2026“ на уредување на плажа на околното езеро и ќе пошумуваат. Македонските бригадири меѓу кои и 13 млади и тројца возрасни ...

На бреговите на реката Осум во централно-јужна Албанија, под сенката на карпестиот рид, лежи Берат, град стар два илјади и четиристотини години. Животот тука почнал во 6-от и 5-от век пред нашата ера, со илирското население, а во 3-от век п.н.е. населбата прераснала во утврдена цитадела позната како Антипатреа. Низ вековите низ овие улици минале Илири, Грци, Римјани, Византијци и Османлии, а нивните траги останале врежани во замоците, ...

Грчки суд донесе историска одлука, со која на лекарка ѝ беше доделена отштета од 20.000 евра поради последиците што ги претрпела од долготрајна прекумерна работа и таканареченото професионално согорување. Станува збор за Елена Јоаниду, специјалист по интерна медицина, која работела во болницата во Ретимно на островот Крит. Таа ја напуштила својата работа во јануари 2023 година, откако, како што навела, подолг период укажувала на сериозен ...

Добивај вести на Viber Туристи од соседна Србија објавуваат предупредување со други туристи кои се деновиве во Солун во соседна Грција. Според објавите на Фејсбук, коли паркирани во Солун биле искршени и и од нив биле земено се што имало внатре. - Предупредување за сите туристи од Србија. Во Солун ноќеска беше ограбен автомобилот, и сè што можеле да украдат било земено од автомобилот. За среќа документите и уредите беа со нас. Не е само до ...

Актерот, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ денес оцени дека граѓаните повеќе немаат право да се жалат, туку дека системот во Србија „мора да се промени ако сакаме да преживееме“, не само во кинематографијата, туку и во другите сфери на општеството, наведувајќи дека е оптимист дека овие промени ќе дојдат. Во интервју за денешното издание на весникот „Данас“, Бјелогрлиќ рече дека српските филмови освојуваат бројни награди на фестивали во ...

Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се преврте на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгуби контрола над возилото, објавија денеска турските медиуми. ⚡️At least 30 people were injured in a bus accident in Istanbul, including children The driver lost control on a slippery road, collided with a car, and then hit a road sign pole, according to TRT Haber. pic.twitter.com/p3J56Yj1w5 — NEXTA (@nexta_tv) July ...

На државјаните на Русија и Белорусија од 1 ноември годинава ќе им бидат потребни визи за престој во Црна Гора. Владата го продолжи безвизниот режим за Русите и Белорусите до 31 октомври, како и за државјаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија. Усогласувањето на визната политика со Европската Унија е барање на Брисел преку завршните мерила од Поглавјето 24 (правда, слобода и безбедност). Според владината уредба, државјаните на наведените ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Бакар

12.58

Платина

49319.25