Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Хрватската полиција уапсила државјанин на Србија откако изврпил хакерски напад врз компјутерските системи на неколку државни институции, објави „Вечерњи лист“. Дирекцијата на полицијата соопшти дека Службата за кибербезбедност ја завршила истрагата против полнолетниот државјанин на Србија, поради сомнение дека извршил тешки кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, како и кривично дело неовластено користење лични ...
Каде гори во Грција и кои места се најзагрозени? Според последните информации од грчките служби и медиуми, најтешката битка се води на Крит, додека активни огнени фронтови има и на Парос, Андрос и Калимнос. Силниот ветер ги разгорува пожарите, ги отежнува воздушните интервенции и предизвикува нови евакуации. Најкритична е состојбата во јужниот дел на Ретимно. Големиот пожар во општината Агиос Василиос продолжува, а ново жариште избувна во ...
Србија ја почна првата фаза од својата цивилна нуклеарна програма со потпишување партнерски договори со француската енергетска компанија ЕДФ и Француската агенција за развој. Првата фаза треба да опфати анализи, институционална подготовка и развој на стручни кадри. Проектот не значи дека веднаш ќе се гради нуклеарна централа, туку дека државата формално почнува да ги испитува техничките, финансиските и регулаторните услови. Одлуката е важна ...
Четири лица со запдно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а ...
Белградските обвинители објавија дека побарале од Апелациониот суд да ја промени првостепената пресуда и да ги осуди на максимална казна родителите на момчето што уби десет лица во 2023 година, пукајќи во училиште во Србија. Во 2024 година, Судот го осуди таткото, Владимир Кецмановиќ, на 14 и пол години, а мајката, Милјана Кецмановиќ, на две години и единаесет месеци затвор. Инструкторот на стрелиштето, каде што таткото го учел својот син да ...
Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Запад“ — Одделението за безбедност Никшиќ, во рамките на континуираните активности за откривање, спречување и сузбивање на уличната продажба на наркотици, по налог на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, ги уапсија М.М. (59) и неговиот син П.М. (27) од Никшиќ, во чиј двор била откриена плантажа со марихуана. Кај осомничените биле пронајдени и воздушна пушка, ...
Значителни количини на врнежи беа забележани главно во централна и северна копнена Грција, а Националната опсерваторија во Атина регистрираше десетици илјади удари од гром, објави Катимерини. Жителите на Лариса, Фтиотида и островите Евија и Скирос, исто така, добија предупредувачки пораки поради вчерашната бура. Брзината на ветерот во Илион, Атика, надмина 50 километри на час, објави ЕРТ. Промената на времето на планината Олимп донесе ...
Давор Домазет-Лошо, хрватски адмирал во пензија и геополитички аналитичар, со контратеза на бугарската дека македонскиот јазик е варијанта на бугарскиот. „Бугарскиот јазик е една варијанта на македонскиот јазик. Значи, во случајот со бугарскиот јазик, тие го затекнуваат илирскиот народ кој зборува со тој јазик. Лесно било или такви биле околностите за да не одат да го менуваат својот, бидејќи тие немале ни писменост, ништо немале, а овие ...
Меѓународен и мултидисциплинарен тим почна научно истражување на формацијата Дурупинар во Источна Турција за да утврди дали локалитетот во форма на брод содржи остатоци што би можеле да се поврзат со библиската приказна за Ноевата арка, објави „Туркије тудеј“. Проектот го координира професорот Џенкер Атила од Катедрата за археологија при Универзитетот „Џумхуриет“ во Сивас. Истражувачите ќе користат подземно снимање, дигитално мапирање, ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес предупреди дека сезоната на пожари е далеку од завршена и го започна своето обраќање пред Советот на министри изразувајќи длабока тага за пожарникарите кои вчера ги загубија животите борејќи се со пожарот. „Сè уште имаме тешки денови пред нас“, рече Мицотакис, апелирајќи до граѓаните да покажат „најголема претпазливост“. Мицотакис нагласи дека државата им оддава почит на загинатите пожарникари, стои ...
Притвореник во полициската станица во Загреб се обидел да убие друг притвореник. Дваесет и двегодишен маж нападнал 33-годишен државјаник на Србија додека двајцата биле сместени во просторијата за задржување лице во Полициската управа во Чрномерец, соопшти загребската полиција. Полициската управа потврди дека физичкиот напад се случил во службените простории каде што се сместуваат лицата лишени од слобода. Според првичните информации од ...
Кога рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари 2022 година ја најави инвазијата врз Украина, меѓу првите примери за, според него, западните злосторства го наведе бомбардирањето на Белград од НАТО во 1999 година. Со тоа испрати порака дека нападот врз Југославија и руската војна во Украина припаѓаат на иста историска приказна. Александар Вучиќ веќе петнаесетина години ја користи истата политичка реторика: Србија е постојано загрозена ...
На главните патни правци во Хрватска во насока кон југ утрово е регистриран силно зголемен сообраќај. Најоптоварени се автопатот А1 Загреб–Сплит–Дубровник и приодите кон наплатните станици, тунелите и туристичките центри. Поголеми задржувања се забележуваат и на повеќе гранични премини, особено на излез од земјата и на премините кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Возачите треба да прават почести паузи, да не возат уморни и навремено ...
Почетокот на туристичкиот шпиц донесе големи гужви на граничните премини во регионот, а најголем притисок е забележан на влезовите и излезите од Србија, како и на патот кон Грција преку Македонија. Според српскиот Авто-мото сојуз (AMSS), зголемен интензитет на сообраќај е регистриран на граничните премини Хоргош со Унгарија, Батровци со Хрватска, како и на Градина и Прешево, каде се формираат долги колони во двата правци. Најголем дел од ...
Се соочуваме со период на екстремна летна жештина што ќе трае во следните две недели, но со првите денови од август доаѓаат прогнозите за тоа кога конечно ќе можеме да воздивнеме со олеснување. Барем така предвидува познатиот српски аматерски метеоролог Марко Чубрило. Чубрило во својата детална анализа истакнува дека во деновите што доаѓаат доаѓа силен летен топлотен бран. „Пред нас се околу две недели силна летна жештина. Потоа е можно ...
– Бугарската претседателка Илијана Јотова е во најдобра позиција пред претстојните есенски претседателски избори затоа што околу половината од испитаниците во новата анкета на јавното мнение изјавиле дека веројатно или дефинитивно би ја поддржале. Јотова ја презеде функцијата претседател на почетокот на годината, кога Румен Радев, сега премиер на Бугарија, поднесе оставка. На второ место е Андреј Ѓуров со 23 проценти поддршка, по него Даниел ...
Ветриштата и денеска утрината продолжија да ги разгоруваат пожарите во јужниот дел на Крит и на североисточниот егејски остров Лезбос, додека пожарникарите се обидуваа да ги стават огнените стихии под контрола, а службите за евакуација и итна помош останаа во состојба на висока готовност, објави „Катимерини“. Најголемиот пожар беснееше во близина на селата Крија Вриси и Орне и крајбрежното туристичко место Агија Галини, во Регионалната ...
Повеќе од 200 мигранти биле спасени од мали чамци јужно од островот Крит во последните 24 часа, откако го преминале Средоземното Море од северна Африка, соопштија властите во средата, објави „Е-Катимерини“. Крајбрежната стража соопшти дека вкупно 234 лица биле пронајдени во пет чамци во близина на островот Гавдос, јужно од Крит, како и во близина на Иерапетра и Кали Лименес на Крит, во раните утрински часови во средата и доцна во вторникот. ...
Големи шумски пожари сè уште беснеат во неколку делови од Грција, а најлоша е ситуацијата во јужниот дел на островот Крит, во областа Ретимно, каде што пожарникарите се борат со пожарот веќе втор ден, разгорен од силните ветрови. Поради налетите на ветер што достигнуваат до 10 бофорти, или околу 125 километри на час, хеликоптерите и другите авиони не се во можност да помогнат во гаснењето на пожарот. Иако се обидоа двапати да полетаат, не ...
Трудницата Одри Суарез, која носи близнаци, била брутално нападната од питбул додека шетала на 17 јули во градот Топика, во американската сојузна држава Канзас. Го преживеала нападот, како и нејзините neroдени бебиња, но се здобила со тешки повреди на лицето — унаказена е, пишува „Паризиен“. Според наводите на полицијата од Топика, во населбата избила тепачка меѓу три лица. Тогаш шестгодишниот син на едно од вмешаните лица пуштил две кучиња, ...
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик беа уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по над 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација. Во рамките на ...
Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен синоќа во Вела Лука, објави „Слободна Далмација“. Според информациите на хрватскиот медиум, апсењето е поврзано со истрагата за т.н. афера „Коноба Пршут“, угостителски објект во сопственост на Керум во Каштела. Во предметот, наводно, се опфатени и уште неколку лица блиски до поранешниот градоначалник. Според достапните информации, Керум во моментот на апсењето присуствувал на ...
Во текот на летната сезона, илјадници туристи од Србија, Македонија и други земји во регионот престојуваат на грчкиот брег, а покрај приказните за гужви, цени и плажи, социјалните мрежи се преплавени со примери за човечност што ја враќаат вербата во чесноста. Една таква приказна доаѓа од Полихроно, каде што, според објава во Фејсбук групата „Грција Инфо“, жена од Ниш вратила изгубен паричник на брачен пар од Македонија. Авторот на објавата, ...
Романија наскоро би можела повторно да излезе на избори, а во центарот на политичката криза се најде лидерот на крајнодесничарската партија Алијанса за обединување на Романците (АУР), Џорџ Симион, кој жестоко го напаѓа Брисел, се залага за предвремени избори и тврди дека Европската Унија „ја уништува Европа“. Како што пишува „Политико“, Симион смета дека Романија треба да се сврти кон моделот на Европа на суверени држави и порачува дека ...
Вечерва околу 19 часот и 25 минути се случи пукање во сараевската Башчаршија, во улицата „Кундурџилук“. Според првичните информации, маж со фантомка и ракавици испукал повеќе куршуми во еден угостителки објект, но во нападот не е никој повреден. Случај ги вознемири бројните граѓани и туристи“, пишува „Аваз“. Мета на нападот бил наргиле-бар, кој се опишува како популарно собиралиште на младите во самиот центар на градот. Во моментот на ...
Европската Унија ги повика на воздржување од изјави и потези што не придонесуваат за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, откако српскиот претседател Александар Вучиќ повторно изјави дека Косово е составен дел од Србија. Портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашање за последните изјави на Вучиќ, нагласи дека „само преку дијалог може да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Треба да се ...
Додека пожарите продолжуваат да ја пустошат јужна Европа, најтешко е погодена Грција, каде што двајца пожарникари загинаа на Крит, додека Турција, Шпанија и Франција исто така се борат со пожари. Двајца грчки пожарникари загинаа во среда на островот Крит, каде што голем шумски пожар брзо се прошири поради силни ветрови, а властите наредија евакуација на околните села, објави грчката противпожарна служба. Пожарот избувна порано во среда во ...
Во Сараево, во Башчаршија, вечерва околу 19:25 часот имало пукање. Според Klix.ba, пукањето се случило на улицата Кундурџилук пред бројни ресторани и продавници. Ова предизвикало паника кај гостите, бројните минувачи и туристите. Улицата е блокирана, а полициските службеници го обезбедуваат местото на пукањето. Засега, како што објавува Klix, нема информации дали има повредени лица или дали полицијата го уапсила лицето кое пукало од ...
Пожарот на Крит прерасна во смртоносна катастрофа во јужниот дел на Ретимно, каде што двајца пожарникари загинаа, шест населени места добија наредби за евакуација, а дел од заглавените граѓани беа извлечени по море. Ураганските ветрови ги приземјија противпожарните авиони и хеликоптери во моментот кога огнениот фронт се прошири на повеќе од 15 километри. Загинатите пожарникари биле на возраст од 25 и 58 години. Едниот бил сезонски пожарникар, ...
Полицијата во Србија уапси пет лица осомничени за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца и за нивна онлајн сексуална експлоатација, објави „Н1“. Осомничените се на возраст од 24 до 59 години и се од Белград, Ваљево, Нови Сад, Сремска Митровица и Ниш. Според српското Министерство за внатрешни работи, постои сомнение дека подолг временски период преку интернет преземале, чувале и споделувале материјали што прикажуваат сексуална ...