Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Грчките власти започнаа итна кривична истрага по обвинувањата дека заштитена критска дива коза, позната како кри-кри, била убиена, печена и изедена во Националниот парк Самарија на Крит. Според локалниот весник Ханиотика Неа, јавниот обвинител во Хања наредил итна истрага за инцидентот, во кој наводно биле вклучени работници на приватна компанија ангажирана за извршување реставраторски работи во рамките на националниот парк. Според ...
Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...
Давор Дабиќ, познат по прекарот Даба, е ранет вечерва во вооружен напад во Источно Сараево. Според информациите на Klix.ba, напаѓачот му се приближил одзади и испукал неколку куршуми, по што дабиќ паднал на земја. Брзата помош веднаш пристигнала на местото и го пренела во болница, објави Klix.ba. Полицијата го опколи паркингот Пукањето се случило на паркингот во близина на улицата Спасовданска. Полицијата го опколила местото, а на терен има ...
Вицепремиерот на Црна Гора Ник Ѓелјошај се огласи на социјалните мрежи со контроверзен став дека Улцињ бил албански град, пренесе „АнтенаМ“. Тој напиша на Инстаграм: Улцињ беше град. Улцињ е град со мнозинско албанско население – Улцињ е албански град. Град кој ќе биде ослободен во јуни 2027 година, пишува Ѓелошај. Вицепремиерот на Црна Гора Ник Ѓелјошај се огласи на социјалните мрежи со контроверзен став дека Улцињ бил албански град, ...
Поради долготрајната суша, реките Дунав и Драва бележат рекордно ниски нивоа на вода, а проблемите со приливот ги погодија крајбрежјето и островите. Генералниот директор на Хрватски води, Зоран Ѓуроковиќ, предупреди на HRT за сериозната ситуација, но нагласи дека снабдувањето со вода засега е стабилно. „Ситуацијата е доста сериозна. Всушност, ова е долг период на ниски нивоа на вода веќе долго време. Треба да се каже дека Дунав моментално ...
Здравствената состојба на Ратко Младиќ дополнително се влошила во последните неколку дена, изјави неговиот син Дарко Младиќ. Според неговите зборови, при последната посета во петокот, кога Младиќ го посетиле негови поранешни соборци, тој не бил во состојба ниту да зборува. — реклама — — реклама — „Останатите параметри и неговата општа физичка состојба и натаму се исклучително тешки и нема позитивни промени“, изјавил Дарко Младиќ. — реклама — ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во понеделникот дека граѓаните се свесни за важноста на претстојните избори и дека разбираат дека изборите, исто како и државата, не се играчка. Тој изрази уверување дека изборните резултати ќе бидат поинакви од она што го покажале истражувањата финансирани од Европската Унија, пишува „Анадолу“. „Мислам дека луѓето се свесни за значењето и дека разбираат дека изборите не се играчка, исто како ...
Долготрајната суша и топлотните бранови ги турнаа Дунав и Драва на историски ниски водостои, а кризата веќе не е само еколошка. Последиците се чувствуваат врз пловидбата, производството на електрична енергија, индустријата и снабдувањето со вода во повеќе земји од Централна и Југоисточна Европа. Кај хрватското место Батина, Дунав падна на минус 142 сантиметри, со што беше соборен рекордот од 1909 година. Надлежните предупредуваат дека ...
Грчката влада ќе обезбеди субвенции за привремено домување за граѓаните чии домови беа оштетени во неодамнешните пожари, а помошта ќе изнесува до 500 евра месечно, објави Министерството за климатски кризи и цивилна заштита. Мерката се однесува на сопствениците и корисниците на главните станбени згради кои се прогласени за привремено непогодни за живеење (жолта) или опасни за употреба (црвена) поради штети од пожар, објавува „Катимерини“. ...
Голем шумски пожар и натаму беснее западно од Атина, во поширокото подрачје на Мегара, каде што се евакуирани повеќе населби и индустриската зона на градот. Огнот се шири кон населени места и деловни објекти, а променливиот ветер постојано отвора нови жаришта. Преку системот за итни известувања 112, жителите и вработените во Агја Скепи, Кандили, индустриската зона Мегара, Тутули, Неа Дафни, Певкенеас и Агиос Сарантис добиле наредба да се ...
Европа го достигнува врвот на новиот топлотен бран, а Италија е меѓу најпогодените земји. Црвен метеоаларм е во сила во 25 италијански градови поради температури над 40-иот степен целзиусов. Екстремни горештини и на Балканот. Хрвтаска го вклучи алармот во повеќе региони, вклучително Загреб, Сплит, Дубровник и Истра. Во Србија високите температури доведоа до намален водостој на реките, особено на Дунав што влијаеше врз производство во ...
„Пред нас се избори, ве молам подгответе се“ – ова е фраза што се слуша на собирите на СНС, кои се одржуваат во шатори, пишува Н1. Парламентарните избори во Србија сè уште не се официјално распишани. Сè уште постојат шпекулации во јавноста за тоа во кој месец би можеле да се одржат. Сигурно е дека нема да се одржат во текот на летото, а според најновите најави на српскиот претседател Александар Вучиќ, можеме да ги очекуваме во октомври или ...
Пораки за евакуација од бројот 112 за итни случаи добија попладнево жителите и оние кои се наоѓаат во седум населени места и околината на индустриската зона на предградието Мегара во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, поради големиот пожар, што во текот на денешниот ден одново се интензивираше, а гаснењето продолжува веќе четврти ден, јавува дописничката на МИА од Атина. Во пожарот продолжуваат да интервенираат речиси ...
На пожарникарите од Првата специјална единица за шумски интервенции во Грција, по враќањето од гаснење големи шумски пожари, им ги ограбиле приватните автомобили паркирани во комплексот на единицата, а им бел украден и личниот имот. Покрај тоа, од некои возила беа одземени сите четири тркала, објави Панхеленското здружение на шумски пожарникари. Во соопштението се наведува дека по завршувањето на неколкудневните интервенции за гаснење големи ...
На групите за туристи во Грција е објавено предупредување за сите оние што летуваат во регионот на Касандра. Според објавите, по спроведени микробилошки анализи на водата за пиење во Сивири и околните места, донесена е одлука е дека водата од чешма не треба да се употребува за пиење, но ни за подготвување храна или миење заби. Во објавата се додава дека за сите потреби треба да се употребува купечка или превриена вода. На групите за туристи ...
Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од воздух, со ангажирање на ...
Србија се соочува со историски ниско ниво на водата на Дунав, а последиците се особено видливи во близина на Апатин, каде што реката се повлекла толку многу што се појавиле стари урнатини, додека поранешниот воден пат е трансформиран во плитки езерца. Поради рекордно ниското ниво на водата на Дунав, Републичкиот штаб за вонредни ситуации одржа седница на иницијатива на премиерот Ѓуро Мацут. На состанокот се дискутираше за моменталните ...
Грчкиот поткомитет за организиран криминал ќе спроведе прелиминарна истрага за околностите што доведоа до судирот на два хеликоптери „Бел 214 СТ“ во недела попладне, за време на операција за гаснење шумски пожари во Псати, соопшти денес грчкото обвинителство. Според извештаите, во тек се истражни дејствија за собирање информации и утврдување на причината за несреќата, објавува „Катимерини“. Местото на инцидентот е блокирано, а постојат ...
Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на компанијата „Тимак Дифенс“, претставува ...
Посетителите на плажите во близина на Верудела во Пула беа сведоци на необична сцена кога туната се појави на само неколку метри од брегот и постојано скокаше од морето. Оваа сцена привлече големо внимание, а снимка од настанот беше објавена на Фејсбук страницата на Медулин ФМ. Многумина беа воодушевени бидејќи толку големи риби ретко можат да се видат толку блиску до капачите. Сепак, набрзо на социјалните мрежи се појавија коментари дека ...
Људмила Туркова Константинова е убиена во Белград, а за убиството е уапсен турски државјанин кој бил нејзин поранешно момче, изјави за Aif.ru Михаил Игнатов, познаник на Људмила и криминолог. Криминологот објаснил дека девојката можеби била убиена од љубомора. Во такви случаи, како што наведува, сторителот има став: „или ќе бидеш моја, или ничија“. Ставот кон девојката станува посесивен – ако таа не сака да биде со него, тогаш, според ...
Хрватската полиција приведе 65-годишен украински државјанин под сомнение дека тајно снимал деца во Истра. Тој е обвинет за кривично дело експлоатација на деца за порнографија и за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете. Инцидентот се случил на 1 август околу 15 часот во туристички објект во Истра. Обезбедувачот го забележал сомнителното однесување на 65-годишникот и утврдил дека тајно снима голи деца користејќи ...
Македонските туристи кои летово патуваат кон грчките крајбрежни места треба да внимаваат на специфичните сообраќајни правила во соседна Грција, каде што санкции се предвидени не само за пребрзо, туку и за премногу бавно возење. Според грчкиот Закон за сообраќај, строго е забрането создавање пречки на патот, а за возачите кои се движат со брзина под минимално пропишаната е предвидена глоба од 30 евра. На автопатите и експресните патишта е ...
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Жените во Црна Гора со дијагностицирана секундарна дисменореја ќе имаат право на два платени слободни дена месечно. Парламентот ги усвои измените во Законот за здравствено осигурување со кои ова право добива законска основа. Мерката се однесува на силни менструални болки предизвикани од утврдени здравствени состојби, меѓу кои ендометриоза, миоми, полипи и други органски причини. За користење на отсуството ќе биде потребна медицинска ...
Апелациониот суд во Ниш правосилно ја запре истрагата против Радослав Драгијевиќ, татко на Дејан Драгијевиќ, кој е обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Со ова е потврдена претходната одлука на Вишиот суд во Неготин, донесена на 1 јуни, против која жалба поднесе Вишото јавно обвинителство во Заечар. Според портпаролката на Апелациониот суд, Тамара Савиќ, жалбата на обвинителството е одбиена како неоснована, бидејќи не се обезбедени ...
МИЛОРАД Додик објави видео на социјалните мрежи кое брзо предизвика бројни реакции. На видеото се гледа како седи на совозачкото седиште во автомобилот и додека го возат, јаде месен нарезок од конзерва користејќи нож. Во исто време, не носи појас. „Кога заради обврски не можеш да стигнеш да доручкуваш дома, месниот нарезок во автомобил е добар“, напиша тој. Када не стигнеш од обавеза да доручкујеш, месни нарезак у ауту добро дође. ...
Драматична видео-снимка од Грција повторно ја отвори темата за разорните последици од шумските пожари, прикажувајќи огромни површини претворени во пепел и јагленисани дрвја. Авторите на снимката испраќаат силна порака дека, доколку не се преземат посериозни мерки за заштита и обновување на шумите, тие би можеле да станат само спомен од минатото. Во објавата е споделен и емотивен цитат што му се припишува на грчкиот нобеловец Јоргос Сеферис, ...
Големи колони и повремени застои утрово се создадоа на главните патишта во Хрватска, особено на правците од Загреб кон Јадранското Море. На автопатот А1, меѓу јазлите Лучко и Босиљево 2, сообраќајот е исклучително густ и се одвива во колони со повремени запирања. Гужвите се прелеале и на државниот пат ДЦ1, познат како стариот карловачки пат, каде што колоната пред Карловац достигнала околу осум километри. Според најновото известување на ...
Вистинска спасувачка драма се одвивала во Овчар Бања, каде пожарникари-спасувачи успешно извлекле дете кое се искачило на непристапна карпа висока околу 15 метри, во близина на манастирот „Преображение“. Според информациите, детето дошло со своите родители во манастирот по повод празникот Преображение. Во еден момент се оддалечило од нив и се искачило на стрмната карпа, по што била побарана итна помош. Пред пристигнувањето на спасувачките ...