Во Грција се изрекуваат казни и за бавно возење. Доколку не се почитува означената минимална брзина прикажана на синиот кружен сообраќаен знак со бела цифра, следува глоба од 30 евра. Според Законот за сообраќај во Грција, казна може да добие и возач кој се движи неоправдано бавно, бидејќи таквото возење го попречува нормалниот тек на сообраќајот и ги принудува останатите учесници да менуваат ленти и да претекнуваат, што ја зголемува ...

Екстремно ниското ниво на водата на Дунав во Бугарија откри делови од темелите на древниот мост на римскиот император Константин I, од четвртиот век од н.е. Ова им даде на бугарските археолози ретка можност да документираат едно од најимпресивните инженерски достигнувања на Римското Царство, објави денес регионалниот историски музеј во Плевен. Претставникот на музејот во Плевен, Павел Попов, рече дека „за археолозите овие моменти се ...

Државното обвинителство во Загреб на 30 јули соопшти дека сослушало српски државјанин, роден во 1993 година, под сомнение за повеќе кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, како и за неовластено користење лични податоци. По сослушувањето, обвинителството побара од судија на Жупанискиот суд во Загреб да одреди истражен затвор поради опасност од бегство, попречување на постапката и опасност од повторување на делото; судот ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да пристигне во Србија на 8 август, што ќе биде негова прва посета на оваа земја. Оваа информација беше потврдена за „Киев Индепендент“ од висок украински функционер. Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и ...

Пожарникарите-спасители од Србија, кои неодамна учествуваа во гаснењето на шумските пожари во Шпанија, веднаш по враќањето се упатиле кон Делиблатската Пешчара. Таму продолжиле со интервенциите на големиот пожар што избувна во ова подрачје. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека гаснењето на пожарот претставува исклучително сложена операција. Тој најави дека за првпат во акцијата ќе бидат ангажирани и хеликоптери на Војската ...

Судот во Сплит изрече парични казни за брачен пар поради нарушување на јавниот ред и мир за време на нивниот престој во вила. Мажот е казнет со вкупно 400 евра, додека неговата сопруга треба да плати 700 евра. Случајот пред судот се водел поради пријави за бучава, поставување базен на балкон без дозвола и наводно капење и движење во топлес. Станува збор за 58-годишен дигитален номад и неговата 44-годишна сопруга, кои според хрватските ...

Во Србија се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година, соопшти Институтот за јавно здравје во Белград. Заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, ...

Генералот Јово Поповиќ беше клучен воен и безбедносен стратег во време кога СФРЈ одржуваше исклучително блиски врски со земјите од Движењето на неврзаните, а многу луѓе велеа дека е двојник на Тито. Меѓу штабовите на тајните служби на поранешна Југославија, малку се имињата што сè уште се обвиткани во таков превез на мистерија како што е случајот со генералот Јова Поповиќ. Поранешниот шеф на престижниот Институт за безбедност и врвен експерт ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов нема реални услови да ја посети Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. — реклама — Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ посочи дека наскоро во Србија ќе бидат распишани избори, а во САД следуваат и изборите за Конгресот (midterm избори), поради што, според него, посета во овој период не е реална. — реклама — — реклама — „Кога тоа ќе заврши, ќе бидат можни посети на ...

Вкупно 46 отсто од граѓаните на Србија би размислиле да гласаат за изборна листа формирана од студентското движење, покажува новото истражување на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон. На истото прашање, 40 отсто од анкетираните одговориле дека не би размислувале да ја поддржат студентската листа, додека останатите не дале определен одговор. Истражувањето не мери конечна изборна определба, туку подготвеност на испитаниците да ...

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави денеска дека продолжувањето на процесот на конституирање на Собранието без постигнување договор за избор на претседател на Косово би можело да го отежне постигнувањето договор со една од парламентарните партии и практично да го одведе Косово на нови избори. На конференцијата за медиуми по прекинот на конститутивната седница, Курти побара дополнително време за продолжување на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не е „во никаква функционерска кампања“ и дека својата работа „ќе продолжи да ја врши вредно и чесно до последниот ден од престојот во зградата на Претседателството“. На прашањето од новинари дали е во функционерска кампања со оглед на тоа што ја обиколува Србија, Вучиќ рече дека „се извинува“ што не оди на летување, што не се сонча и што си ја врши својата работа. Од нашата мрежа Голем ...

Фронтот што се приближува кон Балканот ќе донесе посилна атмосферска нестабилност во наредните денови, со можност за грмотевици, град и силни налети на ветер. Според прогнозата на Метео Балканс, најранливи ќе бидат северна Бугарија и областа покрај Дунав, каде што налетите на ветер би можеле да достигнат 80 километри на час. Промената доаѓа по долг период на екстремен топлотен бран и суво време што го зафати поголемиот дел од Балканскиот ...

Мистеријата со глисерот кој беше пронајден како бесцелно плови низ Егејското Море без патници доби трагичен епилог. Грчките власти го пронајдоа телото на последниот исчезнат турист од групата која доживеала несреќа кај островот Сими. Според информациите од крајбрежната стража на Грција, телото на мажот било пронајдено во утринските часови во морскиот дел западно од Сими, а подоцна било идентификувано како осмиот патник од едрилицата. Телото ...

Поранешниот воен аеродром во Доброславци, каде што летовите завршија пред 25 години, треба да стане европски напреден вселенски и одбранбен центар. Проектот, заснован на јавно-приватно партнерство, официјално беше започнат со потпишување меморандум за разбирање меѓу владата и „Starbase Europe“ за време на посетата на премиерот Румен Радев на локацијата, пренесува „Novinite“. Од нашата мрежа Тајсон откри кој активен боксер најмногу го ...

Граѓаните во Албанија отсега можат електронски да поднесат барање за корекција или ажурирање на својата адреса преку порталот е-Албанија, без потреба од посета на административните шалтери. Националниот адресен систем (НКА) претставува единствен и стандардизиран регистар кој овозможува прецизна идентификација на улиците, зградите и административните единици низ целата земја. Менаџерот за информатичка технологија во Дирекцијата за ИКТ при ...

Полицискиот синдикат на Словенија (ПСС) повика на темелна и непристрасна истрага за сообраќајната несреќа во која учествуваше словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, вклучително и утврдување дали конвојот користел звучни и светлосни сигнали во моментот на судирот, објави 24ur. Поранешниот директор на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА), Андреј Рупник, во емисијата 24UR Звечер, предупреди за повеќекратни безбедносни ...

На социјалните мрежи се сподели видео од Улцињ, Црна Гора во кое се сведочи како возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички непрописно се паркирало и го затворило излезот за осум други возила. Во видеото, на кое се слуша дека го снима жена која повика доколку некој го познава возачот или доколку случајно сам го види видеото, да дојде и да реагира побрзо, бидејќи ќе бидат приморани да повикаат полиција, иако напомена дека тоа не ѝ било ...

Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнуваат во Грција се намалил за 34 отсто во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период минатата година. Податоците ги објави грчкиот министер за поморство Василис Кикилијас на социјалната мрежа „X“. Од почетокот на годината се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година беа забележани 23.243 пристигнувања, пишува „Еуроњуз“. Статистиката покажува ...

Грција поднесе барање до Европската комисија за проширување на примената на постоечката Национална клаузула за отстапување, со цел да се вклучат и мерки што ја зајакнуваат енергетската отпорност на земјата, а со што се добива поголема фискална флексибилност. Барањето, како што јави дописничката на МИА од Атина, го достави грчкиот министер за национална економија и финансии, Кирјакос Пиеракакис. Од Министерството за национална економија и ...

Избраните пратеници од 11-тиот законодатен состав на Косово денес ќе се соберат за да го конституираат Собранието. Седницата е закажана да започне во 10:00 часот, а на дневен ред има четири точки. Првата точка е: формирање на Привремена комисија за верификација на кворумот и мандатите на пратениците; втората: заклетва на пратениците; третата: избор на претседател на Собранието; и четвртата: избор на потпретседатели на Собранието. Со ...

Девет плажи во Грција го загубиле признанието „Сино знаме“ по ненајавени инспекциски контроли. Од листата се избришани четири плажи на Парос и пет на Хиос. Контролорите откриле недостатоци поврзани со услугите за посетителите, пристапноста за лицата со попреченост, безбедноста, чистотата и правилното информирање. Организаторите нагласуваат дека квалитетот на водата за капење на овие плажи и натаму е одличен. Повлекувањето на признанието не ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Загреб, во која едно лице го загуби живото, а две се повредени и пренесени во болница. Според хрватските медиуми, несреќата се случила околу 22 часот, а според првичните извештаи, автомобилот, од сè уште непознати причини, излетал од патот и силно удрил во столб, при што возилото било речиси целосно уништено и пресечено на половина. FOTO / Teška prometna nesreća u Zagrebu: Jedna osoba poginula, ...

Бројот на случаи на вирусот Западен Нил во Грција почна да се зголемува, со 23 нови случаи откриени само минатата недела. Најголем број случаи е регистриран во Глифада, а како што објави грчкиот Национален институт за јавно здравје (ЕОДИ), до 5 август се регистрирани вкупно 65 случаи, од кои 54 развиле болест на централниот нервен систем – ЦНС (енцефалитис или менингитис), објавува „Катимерини“. Вкупно шест смртни случаи се регистрирани кај ...

Грција потврди 65 локално стекнати случаи на западнонилска треска, од кои 23 биле регистрирани само во изминатата недела, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Според податоците заклучно со 5 август, кај 54 пациенти се развиле сериозни невролошки компликации, меѓу кои енцефалитис, менингитис и акутна флакцидна парализа. Останатите 11 заразени имале лесни симптоми или кај нив немало зафаќање на нервниот систем. ...

Во белградската населба Звездара, ноќеска околу 3 часот одекнала силна експлозија, откако засега непознато лице фрлило експлозивна направа, дознава „Телеграф.рс“. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата пред која се случила експлозијата, кој и претходно бил евидентиран во полициските досиеја и бил осудуван. Тој во ...

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем ...

Новинарите и уредниците во унгарската државна новинска агенција МТИ повеќе од една деценија собирале документи за цензура, забранети теми, менување содржини и политички упатства при објавувањето вести во периодот на владите на Виктор Орбан. Материјалот од 482 страници е предаден на новото раководство на јавниот медиумски систем, кое наредило внатрешна истрага. Документите ги составила неформална група новинари и уредници наречена „PRO DOMO“. ...

Анкара, 4 август 2026 (МИА) – Високиот воен совет на Турција денеска ја унапреди полковник Јозлем Карапанар во бригаден генерал. Таа е прва жена генерал во турските военовоздухопловните сили. На денешната седница на Виусокиот воен совет, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогн, беа разгледани и други унапредувањата, назначувањата и пензионирања во вооружените сили на земјата. Турските воздухопловните сили сега имаат нов ...

Атина, 5 август 2026 (МИА) – Француската инвестициска групација „Меридиам“ (Meridiam) специјализирана за инфраструктурни проекти од стратешко значење, како мнозински акционер влегува во компанијата „Грејт си интерконектор“ (Great Sea Interconnector) односно проектот за електрично поврзување меѓу Грција и Кипар, по договорот што попладнево беше потпишан во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Платина

49319.25