Овој декември, на сцената на Македонскиот народен театар ќе гостуваат Црногорско народно позориште со ремек-делото „Господа Глембаеви“, предводено од легендарниот Светозар Цветковиќ, како и Народно позориште од Белград со култната комедија „Вообразениот болен“, во која ќе настапи извонредниот Иван Босиљчиќ. На големата сцена на Македонскиот народен театар, на 16 декември (вторник) во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ја проследи ...

Откако Цеца предизвика скандал во Велес завиткана во бугарско знаме, со свој коментар се јави и Игор Џамбазов, човекот кој никогаш не премолчува кога некој го гази македонското достоинство. На својот Инстаграм сторив, Џамбазов саркастично напиша: „Аз ја обичам Тсетса“. Со само пет збора, напишани намерно на бугарски и со искривено име, маестро Џамбазов даде иронична лекција — без навреда, без псовка, само со интелигентен сарказам што погодува ...

Со проекција на наградени филмови, вечер во Битола почнува 33. Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ИФАДФ) „Камера 300“. Годинава, учесниците на фестивалот го слават јубилејот 120 години од првиот филмски запис на овие простори со баба Деспина како преде волна, снимен со познатата камера 300 на браќата Манаки. – Фестивалот „Камера 300“ ќе се одржува два дена, вечер ќе се емитуваат седум наградени ...

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар-Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески - гитарист, композитор и аранжер. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот, Шарески се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и ...

Струмица, 31 октомври 2025 (МИА) - На сцената на НТ „Антон Панов“ за утре е закажана премиерата на комедијата „Мизантроп“ од Молиер. Режијата, сценската адаптација и музиката се на гостинот од Бугарија, режисерот Дамјан Тенев, додека препевот на сценската адаптација на македонски јазик е на Никола Маџиров. Според режисерот Тенев, претставата ја избегнува класичната барокна постапка со цел да се создаде сценски јазик кој ќе зборува современо, ...

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и годинава е дел од престижната Медитеранска берза за археолошки туризам (Borsa Mediterranea del Turismo Archeologico – BMTA) која од 30 октомври до 2 ноември 2025 се одржува во Пестум, Италија. УЗКН соопшти дека целта на континуираното учество на оваа Берза е промоција и популаризација на нашето богато културно и археолошко наследство, а ...

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ триумфираше на 60. издание на Chicago International Film Festival, освојувајќи ја престижната Silver Hugo Award за најдобар документарен филм. Филмот на Котевска веќе засилено го оди својот фестивалски пат, како дел од американска турнеја. Котевска учествуваше и на програмата Docs to Watch, престижна селекција на The Hollywood reporter, во рамките на SCAD Савана филм фестивал, на кој ...

Ванчо Кеков, ликовен уметник и педагог од Кавадарци в понеделник со дел од своето творештво ќе се претстави пред публиката во Кочани. Станува збор за ликовен уметник со искуство, кој претежно ја користи техниката акварел. Изложбата ќе биде поставена во Салонот „Фоаје 2’ на ЦК „Бели мугри“, што се наоѓа на спратот во Националната установа од Кочани. Чинот на отворањето е закажан во 12:30 часот. Излагањето на сликите од Ванчо Кеков во Кочани е ...

Српската рок група „С.А.Р.С“ ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во „Јавна соба“ од 22 часот. Групата е основана во март 2006 во Белград од Александар Луковиќ-Лукац и Драган Ковачевиќ-Жабац кои се и денешни членови заедно со Борис Тасев, Ненад Ѓорѓевиќ, Сања Лалиќ, Тихомир Хиниќ и Жарко Ковачевиќ. Бендот стана регионално популарен по синглот „Мувлосан леб“ (Buđav lebac), кој е снимен во скромни услови и објавен на нивниот тогашен „Мај ...

Анимираната научно-фантастична комедија „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски денес има белгиска премиера на Razor Reel Flanders Film Festival во Бриж. Фестивалот е дел од Мелиес организацијата — европска мрежа на филмски фестивали посветени на фантастичниот филм, именувана по пионерот на кинематографијата Жорж Мелиес, француски режисер кој уште на почетокот на 20 век ги постави темелите на филмската фантазија и специјалните ефекти ...

Филмот „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, официјалниот македонски кандидат за Оскар, доби значајно меѓународно внимание откако National Geographic го објави неговиот трејлер. Овој документарец, кој ја продолжува традицијата на Котевска по успехот на „Медена земја“, повторно ја става македонската кинематографија на светската мапа. Приказната за „Силјан“ инспирира со својот автентичен наратив и визуелен израз, кои ја спојуваат локалната ...

По бројните реакции и телефонски јавувања од страна на апликанти кои се соочија со технички проблеми при поднесување на своите апликации, Министерството за култура и туризам соопшти дека рокот за аплицирање се продолжува до вечерва, 31 октомври 2025 година, до 23:59:59 часот. Како што стои во соопштението, оваа одлука е донесена „со цел сите заинтересирани апликанти да можат да го искористат своето право“, откако во текот на денот пристигнал ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „За мајките сè најдобро“ на познатата и најчитаната хрватска писателка за деца Сања Пилиќ. Ова е нејзиниот прв роман, првпат објавен во 1990 година, за кого ја доби книжевната награда „Григор Витез“ и долг период е задолжителна лектира во основното образование во Хрватска. Овој роман зборува за проблемите на пишувањето, за техниката, ликовите, заплетот, но и за животот на писателот, за ...

Стефани Стефановска – Мурат, наставник по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” -Скопје и вокал на Дуо Дис. -Како што ни наложува ситуацијата, оваа година роденденот ќе го прославам во кругот на најблиските, односно родителите, сопругот и секако најважниот член Каин. Претходната година прво добро се одморивме, но и сфативме колку е важно само да сме здрави и сите на број, па од тука и мојата желба за празниците и овој роденден е сите да се ...

Со весел концерт во Националната опера и балет на кој на крајот целата публика танцуваше, „Тумбао салса бенд“ прослави 20 години од постоењето. Петар Ренџов, еден од најпозитивните музичари на нашата сцена 20 години го спојува кубанскиот ритам со македонска мелодија и тоа звучи уникатно. „Дваесет години се обидуваме да ја споиме Куба со Македонија. Тоа што сте сите овде ни вели дека не било залудно“, рече Ренџов кој прв се појави на сцената, ...

Соработници на албумот што ќе ја делат сцената со Китановски се легендарниот африкански перкусионист, гитарист и вокалист Баба Сисоко (Baba Sissoko), и нашиот елитен хип-хопер Гоце Трпков (DJ Goce). Ден пред настапот во Скопје официјално излегува нивниот прв албум на винил и во дигитална форма за британската куќа Вилиџ лајв рекордс (Village Live Records), а вечерта триото ќе настапи во клубот Соул СКГ (Soul SKG) во Солун. Ограничен број билети ...

На свеченото отварање свои обраќања ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Илче Мицевски Игнат, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Анче Илиевска, директор на Музејот на македонската борба, Паоло Палминтери, aмбасадор на Република Италија, неговото Блаженство г.г. Стефан, aрхиепископ ...

„Со нив мене како претседател на невладината организација ‘Македонски културен центар’ во Москва ме поврзува дамнешното пријателство. Годинава на фестивалот по традициjа одржав литературна средба. Овој пат таа беше насловена ‘Три столба на македонската книжевност: Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Горан Стефановски’ во рамки на мојот проект ‘Читај ја Македонија!’“, изјави Олга Панкина. Пред гостите беше прочитан во оригинал и во препев на руски ...

Филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ја освои наградата Silver Hugo за најдобар документарец на Чикаго филмскиот фестивал. Филмот на Котевска веќе засилено го оди својот фестивалски пат, како дел од американска турнеја. Котевска учествуваше и на програмата Docs to Watch, престижна селекција на The Hollywood reporter, во рамките на SCAD Савана филм фестивал, на кој учествуваа режисери од десетте најуспешни документарци од ...

Ливерпул, клубот кој со генерации го обликува англискиот фудбал и чие име денес е симбол на страст, историја и успех, настанал од една кавга за кирија. Парадоксално, најтрофејниот и најромантизираниот клуб во Англија не бил роден од спортска визија или голема амбиција, туку од обично финансиско несогласување. Во доцните 1880-ти, Евертон бил еден од основачите на англиската лига и играл на стадионот Енфилд. Газдата на тој терен бил Џон Хоулдинг, ...

На 8 ноември во Кинотека на Македонија во 18 часот ќе се одржи предпремиерна проекција на филмот „Железна тврдина/ македонска филмска работилница“. Филмска приказна за тоа како по пандемиската изолација, режисерот, Кевин Китон од Остин-Тексас, доаѓа во Демир Хисар (на турски – железна тврдина) задолжен за водење на филмска работилница, наменета за анимација на штитениците на Центарот за рехабилитација при Психијатриската болница. Финансиската ...

Гранд продукција издаде соопштение дека најновата емисија „Ѕвездите на Гранд“ нема да се емитува. Гранд продукција додаде дека новиот датум на последната емисија „Ѕвездите на Гранд“ не е познат. – По повод одлуката на Владата на Република Србија да го прогласи 1 ноември за Ден на жалост поради трагичниот настан и падот на настрешницата во Нови Сад минатата година, Гранд продукција ја информира јавноста дека емитувањето на емисијата „Ѕвездите на ...

Во сала на Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа едно историски значајно и научно предавање, односно Првото македонистичко предавање, насловено „Магичниот македонски триаголник“. Настанот беше посветен на тројцата великани на македонската книжевност – Григор Прличев, Константин Миладинов и Живко Чинго, по повод 195 години од раѓањето на Прличев и Миладинов и 90 години од раѓањето на Чинго. Вечерта беше празнична посвета на ...

-Јубилејот беше збогатен со издавање на 20. по ред Зборник од тркалезната маса. Националната установа – Универзитетска библиотека ““Св. Климент Охридски“ Битола прослави уште еден јубилеј, 20. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија и издавањето на 20. Зборник од тркалезната маса на битолските писатели на Македонија.Јубилејната 20.роднокрајна средба ја отвори директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија ...

Во сабота 01 ноември со почеток во 20 часот во Галеријата на Отворено Графичко Студио, Партизанска штампа ја претставува изложбата „Чергари, патници“ – уметничко патување низ архетипите на колективната меморија, традиционалната македонска орнаментика и современата графика. Проектот опфаќа изложба на графики и книга во сито печат, создадени во изминатата година во студиото на Партизанска штампа. Инспирирана од визуелниот јазик на народниот вез и ...

Во ноември 2025 година, Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува својата мисија како чувар на филмската меморија и храм на седмата уметност. Програмата овојпат е осмислена како богат и инспиративен мозаик што ги поврзува различните генерации на филмски автори, традиции и културни контексти – од македонските класици кои ја обликуваа националната кинематографија, преку светските филмски легенди, до современите експериментални визии кои го ...

Овој документарец, кој ја продолжува традицијата на Котевска по успехот на „Медена земја“, повторно ја става македонската кинематографија на светската мапа. Приказната за „Силјан“ инспирира со својот автентичен наратив и визуелен израз, кои ја спојуваат локалната култура со универзалните човечки теми. Филмот моментално е во трка за престижната награда CINEMA EYE HONORS, која игра значајна улога во изборот на кандидати за Оскар во категоријата ...

Амбасадата на Јапонија ќе го прослови „Денот на културата“ (се прославува секоја година во Јапонија) прв пат со концерт на јапонска минјо музика и недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. Секој 3ти ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број на настани се одржуваат во Јапонија на овој ден, меѓу кои и церемонијата за ...

Локалитетот Исар – Марвинци, Валандово, и оваа година продолжи да носи значајни археолошки откритија и да го збогатува македонското културно наследство. Во рамки на истражувањата на римската некропола, беше откриена група гробови од II век, датирани преку монети со претстава на Македонскиот Коинон. Во сите нив, покојниците биле кремирани, согласно тогашните верувања и погребни обичаи, а во еден од гробовите беше пронајдена и сочувана дрвена ...

Вечерва 31 октомври, СЦ „Јане Сандански“ ќе пулсира со смеа, живот и уметност! Секој момент ќе биде спомен, секоја насмевка, мост меѓу луѓето. Вратите се отвораат во 20:00, настанот почнува од 21:00. ,,Како специјални гости, овојпат од Австралија сигурно доаѓаат Stojanoski Brothers, како и Моторџијата, Кломпарот, Битолчанката, Жане…а, тука за вас ќе бидат и нашите драги гости, Павле и Боцо” велат организаторите. Модернизам и ренесанса е ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
3.09
67%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.63
85%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
2.57
87%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
71%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

50058.71

Алуминиум

2.87

Сребро

2060.60

Платина

58054.69

Злато

138408.99

Калај

41.30

Родиум

255598.44

Бакар

10.87

Цинк

3.13

Иридиум

145787.60