Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар денес беше домаќин на изложба на дела која има за цел да се разбиваат предрасуди и стереотипи и да се промовира креативноста на маргинализираните луѓе кои имаат творечки способности. Во фоајето на установата беа поставени цртежи во арапска техника на Верче Андонова член на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Штип и слики на Дарко Трајков – лице со Даунов синдром. ...

На 1 јуни во битолската Магаза, љубителите на уметноста, музиката и хуманоста ќе имаат можност да присуствуваат на отворањето на изложбата на слики и монотипии од македонскиот уметник, ротаријанец и страствен кулинар Диме Темков. Изложбата која е насловена како „Салата од пиперки зачинета со звучни Фолтински илустрации“ ќе понуди повеќе од 50 апстрактни платна и монотипии, а звучниот зачин ќе го донесат прекрасните битолчани „Фолтин“ со жива ...

Познатата ТВ-серија „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе добие нова сезона. Снимањето на новите епизоди, како што се очекува, ќе почне наскоро, поточно – ова лето, или во септември, пишува британскиот таблоид „Сан“ (The Sun). Првичната ТВ-серија се прикажуваше од 2013 до 2022 г., а последната, шеста сезона е сместена во 1930-тите. Најавениот филм од продукцијата на „Би-би-си“ (BBC) – „Пики блајндерс: Бесмртниот човек“ (Peaky Blinders: The ...

Денес од 10:00 до 22:00 часот во Diamond Mall (приземје), ќе се одржи првото издане на „Diamond Mall Vinyl Fair“. Купувај, продавај, разменувај или едноставно разгледувај. Уживај во DJ сетови. Ексклузивна промоција на три музички книги + специјални попусти и потписи од авторите. Книги: “ГОТРА” – Тошо Филиповски “Ретки Птици и Press & Play” – Ненад Георгиевски Модератор: Љупчо Јолевски Агенда: 10:00 – 11:00 DJ set: Бојан Гавриловиќ (Србија) ...

Денес во Градскиот Парк во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на еднодневниот фестивал посветен на нашите најверни пријатели – кучињата. Настанот е организиран до ЈП Лајка со цел да се подигне свесноста за вдомувањето на бездомни животни и да промовираме одговорно сопствеништво на миленици. Кучињата во ЛАЈКА копнеат по љубов и сопствен дом. Преку оваа иницијатива, сакаме да им помогнеме да си го остварат својот ...

Стриминг платформата Нетфликс го објави првиот тизер трејлер за последната сезона од серијата „Squid Game“. Врз основа на сцените што Нетфликс ги вклучи во трејлерот за Squid Game, игрите ќе се рестартираат по неуспешниот бунт предводен од протагонистот Сеонг Ги-хун, познат како играчот 456. Иако втората сезона заврши ненадејно, тоа силно наговестуваше дека бунтот нема да може да ги заврши игрите. Во тизерот, играчот 456 е вратен во соба полна ...

Златните глобуси воведуваат нова категорија за да наградат нешто друго освен достигнувања во филмот и телевизијата. Во среда, Златните глобуси објавија дека категоријата подкаст на годината ќе биде додадена на списокот на награди, дебитирајќи следната година кога церемонијата ќе се емитува на 11 јануари 2026 година, според соопштението за медиумите. Категоријата ќе препознае „исклучителен и разновиден талент во подкастингот“, се вели во ...

Куманово, 30 мај 2025 (МИА) - Почнува десеттото издание на „Малински фото фестивал" кој почнува вечерва и ќе се одржи на различни локации во Куманово и Штип, соопштија денеска организаторите од Фото клуб Куманово. Фестивалот, ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни, годинава и претставува тридневна програма исполнета со изложби, фото проекции и креативни дружења. Програмата започнува вечерва со почеток во 19 часот во Занаетчиски дом со клупска изложба и ...

Арон Тејлор-Џонсон е главниот кандидат за улогата на Џејмс Бонд по Даниел Крег. – Актерот е новото лице на брендот за часовници „Омега“, што ги поттикнува гласините за изборот Еден од најбараните актери во Холивуд во моментов е главен кандидат за наследник на кодниот број 007. Додека шпекулациите за наследникот на Даниел Крег не стивнуваат, Арон Тејлор-Џонсон се појавува сè почесто во контекст на престижната улога на британскиот таен агент Џејмс ...

Музеј „Теракота“ Виница синоќа го одбележа јубилејот 40 години од откривањето на Теракотните икони. На манифестацијата по тој повод директорката на музејот Сара Даневска во име на музеј „Теракота“ додели благодарници на институции и поединци кои давале и даваат голема подрашка на активностите кои се спроведуваат од страна на музеј „Теракота“- Виница Со особена чест и искрена благодарност, се заблагодарив на благодарницата на Управа за заштита на ...

Во рамките на проектот „Македонска Креативност 2025 – Од Кирилица до Визуелни Уметности / Вол. 2.0“, на 30 мај 2025 година, со почеток од 19:00 часот, во просториите на КИЦ – Офицерски дом во Битола, ќе биде отворена завршната ревијална изложба и промоција на публикацијата – прирачникот кој го документира целиот креативен процес. Проектот опфати низа интензивни работилници со средношколци од Битола, водени од искусни ментори од областа на ...

„Годинешниот МТФ ‘Војдан Чернодрински’ ќе се случува од 6 до 13 јуни. Ќе бидат прикажани девет претстави од официјалната програма и пет во независната. Претставите во официјалната програма ќе се одржуваат на сцените на Големата сала од Центарот и во кинослатата „Мис Стон“, кои се отворени по два месеци. Центарот за култура вложи огромен труд да ги санира клучните забелешки на Дирекцијата за заштита и спасување. Обезбедени се сите услови за ...

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти. Препорачано Еден од угостителските објекти кои се приклучи на низата општествено одговорни е „МГ бар“, популарно место за дружење под липите и брезите на скопскиот булевар ...

„Тајна“ е насловот на самостојната изложба од м-р Мирјана Крстева-Масети која беше отворена во средата, на 28 мај, во Cite‘ internationale des arts во Париз. Таа пред француската јавност се претставува со дваесет дела работени во комбинирана техника, кои ја демистифицираат нејзината тајна, како синтагма за едно патување низ универзумот. Инаку, во период од два месеци до една година, во Маре или на Монмартр, Cité internationale des arts станува ...

„Во Misa solemnis, Клетников се стреми кон радикално поместување на смислата на зборовите и остварува рефлексивна поетска мисла од необични споеви, пресврти и слики. Во поезија на овој знаменит македонски писател истовремено се одигруваат драмите на зборот, искушението на свеста и опфатот на законите на имагинативната игра. Вешто ги обединува сугестијата и мислата, сознанието и емоцијата, човековата желба и говорот на тајните. Богатата поетска ...

Хип-хоп колективот Зад Аголот се враќа со нов сингл – „Од Колевка до Гроб“, силна и неуморна трака која го најавува нивниот трет студиски албум, планиран за крајот на 2025 година. Насловот не е случаен – оваа песна е манифест на постојаното движење, отпор и верност кон корените, и како што вели рефренот: „Нема стоп!“ Продуцирана од Даре ДТ (Дарко Димитриески), миксана и мастеризирана од Ване Ивановски, со скречови на DJ Oky Doky, гостување од MC ...

МСУ на 3 јуни ја отвора првата самостојна изложба во нашата земја на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, добитник на Turner Prize (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007). Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика претставува впечатлив и препознатлив пример за континуирано преиспитување на смислата и значењето на константите и конвенциите на западноевропската скулпторска традиција, како и нивно ...

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза ...

Деновиве Куманово пулсираше за убавата литература, а публиката не ги штедеше аплаузите и пофалните зборови за гостите на четвртото по ред издание на Меѓународниот фестивал на проза 2025 што се одржа на 28 и 29 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Првата вечер (28 мај) кога и се отвори фестивалот гости беа: Весна Мојсова-Чепишевска, Оља Стојанова од Бугарија и Огнена Никуљска, а модератор беше Душко Крстевски. Гостите зборуваа за ...

Во рамки на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, Тиииит! Инк. во соработка со Kino Unseen (Загреб) организира дводневна филмска програма со наслов „Воспоставување врски: кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај, со почеток во 19:30 часот, во киното на Железничката зграда. Програмата е курирана од Карла Црнчевиќ, една од основачките на Kino ...

На 3 јуни со почеток во 18 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон. Ова е прва самостојна изложба во нашата земја на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, добитник на Turner Prize (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007). Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика претставува впечатлив и препознатлив пример за ...

Претставата „Ифигенија за ништо“ работена по текстот „Ифигенија од Авлида“ од Еврипид, ќе биде изведена вечерва во 20:00 часот на сцената на Драмскиот театар. Адаптација по текст и режија на Филип Петковски Кореографија и адаптација: Филип Петковски Асистент на режисерот: Антонија Белазелковска Сценографија: Мартин Манев Kостимографија: Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска Дизајнери на светло: Филип Петковски и Мартин Манев Дизајн и ...

Вечерва во Музејот на современа уметност во Скопје беше отворена голема ретроспективна изложба на дела изведени во јавен простор на хрватскиот уметник Игор Грубиќ. Препорачано Насловена како „Гестови на активација – дела во јавен простор“, големата самостојна изложба на Игор Грубиќ ќе претстави ретроспективен поглед на творештво на уметникот, дела создадени во повеќе медиуми од крајот на деведесеттите години до денес. Неговите дела, од ...

Француското конзуларно претставништво и француската алијанса во соработка со ЕУ хаус организираат мултимедијална средба со Владимир Мартиновски во Битола. Средбата со нашиот реномиран поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач, врвен познавач на француската книжевност, професор и актуелен декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј “-Скопје ќе се одржи на: Дата и време: 30.05.2025 година (петок) во 12:00ч. Место: Europe ...

Месец јуни во Кинотека на Македонија носи богата, внимателно курирана филмска програма што се движи низ темите на телесноста, идеалот, отпорот и културната меморија. Од антологиската класика на европскиот модернизам, до ангажирани современи дела и регионални гласови, јунската понуда ги зближува различните филмски поетики, а го збогатува и самото искуство на гледање како чин на размисла, анализа и емоционален ангажман. „Смрт во Венеција“ – ...

Театарот „Јордан Х. К. Џинот“ – Велес со гордост ја најавува премиерата на драмската класика „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на реномираниот македонски режисер Александар Ивановски. Претставата ќе биде изведена во вечерва со почеток во 20 часот, на големата сцена на велешкиот театар, а публиката ќе има можност да ужива во едно современо, сензитивно и длабоко психолошко читање на едно од најзначајните дела на светската драматургија. ...

Вчера во Театар Комедија се одржа првата проба од претставата со работен наслов ,,Аматери”. Премиерата е закажана за 15.10.2025 година. Режија, автор и музика: Синиша Евтимов Продуцент: Татјана Дешко Сценографија и костими: Илина Ангеловска Играат: 1. Атанас Атанасовски 2. Валентин Костадиновски 3. Сергеј Димоски 4. Тони Денковски 5. Виктор Арсов 6. Јаков Спасов 7. Столе Мицов 8. Илија Илиоски 9. Жарко Димоски 10. Жаклина Петровска 11. Маја ...

Ви ги пренесуваме петочните афоризми на велешкиот и македонски афористичар како и сатиричар Атанас Крлевски кои овојпат гласат: „Малку вреди, а многу нѐ чини!“ „Владеев со себе… додека власта не ми удри во главата.“ „Љубовта со Мира? Немирно море!“ „Магарето и со златен самар пак го товараат.“ „Внимавајте на тие кои во сѐ бараат заднина! Можеби го бараат вашиот грб?“ „Малолетноста кај едни е од годините, а кај други од умот.“ „Вистината, освен ...

На 38 години во Гевгелија вчера почина ликовниот уметник Сотир Хаџи-Николов. Неговите колеги уметници од Друштвото на ликовните уметници на Гевгелија со едноминутен молк синоќа во Уметничката галерија Амам ја посветија годишната изложба нему. Изложено е и негово дело. Сотир Хаџи-Николов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Беше член на ДЛУГ Гевгелија, како и на центарот „Мултимедија“. Учествувал на ...

Уште едно магично издание на Статуафест од 2-4 јуни, каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи. Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација, ни даваат боја на секојдневието. Нашите живи статуи ќе ги разбудат вашите чувства, ќе ви понудат мигови на замисленост, и ќе ви покажат дека сонот и ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
5.14
22%
1007
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
71%
1009
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
74%
1008
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
25%
1008
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.38
18%
1004
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
86%
1009
weather icon

Атина

34ᴼ / 33ᴼ
4.47
21%
1007
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
65%
1008
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
26%
1007
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
2.68
28%
1007
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
66%
1007
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
7.72
100%
1009
Currency

61.56

Currency

52.3982

Currency

70.3824

Currency

34.3619

Currency

38.2622

Currency

65.9984

Currency

7.32432

Currency

0.66009

Currency

0.35467

Currency

0.52546

Currency

1.29159

Currency

0.60607

Алуминиум

2.65

Иридиум

145614.43

Кобалт

42.99

Никел

15245.00

Рутениум

25656.30

Калај

35.16

Сребро

1227.64

Злато

107284.49

Бакар

11.66

Паладиум

39063.16

Платина

45717.05

Родиум

200942.17

Цинк

2.84