Во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје „Ѓока констракшн“ фирмата која ги исполни условите од огласот и единствена се јави – нема да гради монтажни катни гаражи. Министерот Таравари го поништи огласот! Решението со паркирањето ќе се одложи, но хаосот ќе остане. Кога ќе одите во Клинички центар наоружете се со трпение, помолете се на Господа или одете со такси. Дали сте задоволни од услугите на ЈП „Градски паркинг“ во Клиничкиот ...
На 11 март, Собранието изгласа недоверба на петте членови на Судскиот совет – истите што ги избра самиот законодавниот дом. Иако интерпелацијата не е обврзувачка, владејачкото мнозинство очекува оставки. Премиерот Мицкоски, пак, веќе најави „народен притисок“ доколку тие не се повлечат. Значи, ако членовите на Судскиот совет не си заминат сами, ќе им се случи народ и ќе ги „испрати“ во историјата или барем така вели премиерот, кој ветува дека ќе ...
Денеска е Светски ден на бубрегот – совршен момент да се потсетиме дека во Македонија, трансплантациите се стопирани, а пациентите на дијализа си ја продолжуваат борбата… со трпение. Над 1.650 луѓе зависат од машини за да преживеат, 160 чекаат трансплантација, но годинава – ниту една пресадена надеж. Причина? Урологија се реновира. За одржување на системот нема средства, но за реновирање секогаш се наоѓаат. Со години зборуваме за подобар ...