Некои ритуали подобро се оставаат во минатото. На планински превој на Алпите во близина на германско-австриската граница е пронајдено e тело на жртва на ритуално убиство. Бидејќи телото се наоѓа токму на граничната линија двете држави сметаат дека е тоа нивна надлежност. Испратени се двајца детективи, да го истражат убиството, кое се чини дека е само дел на серија ритуални убиства. Врвна германска серија, во која возбудата е на константно високо ...

Марија Петковска, 18 годишна девојка oд Скопје, насмеана и полна со енергија, е единствената од Македонија која успеа да стаса до Олимписките игри во Париз како волонтер. Во групата на 45000 волонтери и 2000 асистенти на делегации на возраст од 18 до 75 години, Марија го живееше олимискиот дух во срцето на Париз, помеѓу луѓе од различни култури и нации и помеѓу нејзините спортски идоли. За ова неверојатно искуство, за нејзината лична приказна за ...

Во викторијанскиот Лондон, 1882 година, Елиза Скарлет останува речиси без пари кога нејзиниот татко, Хенри, неочекувано умира. Иако се чини дека бракот е нејзината единствена опција за финансиска сигурност, Елиза решава сама да ја преземе детективската агенција на нејзиниот татко, работејќи под негово име. Борејќи се да ја изгради својата репутација во светот на разрешување криминал во кој доминираат мажи, таа често го повикува за помош својот ...

Министерот за земјоделие е фатен во стапицата при практикување на власта; лобист подготвен да стори сè за да се замолчи здравствениот скандал; мајките се беспомошни пред драмата што се случува пред нивните очи; новинар е решен да ја открие вистината… Актуелна впечатлива приказна, конфронтација меѓу политичари, лоби, медиуми и активисти, на оскаровецот Жан-Ксавиер де Лестрад. ИГРИ СО ВЛИЈАНИJA – прва сезона – СЕРИСКИ ФИЛМ © 2020 Телевизија ...

По неколкугодишен обид да го напушти светот на организираниот криминал, Џенаро Савастано се враќа во Неапол во обид да го врати она што е негово по раѓање, но најпрво мора да го исчисти сопствениот двор. На неговиот пат стојат преостанатите Капачо и Левантес, охрабрени од успехот и нивните криминални здруженија напредуваат и покрај големите лични загуби. Информација го води во Рига, каде што го наоѓа Чиро Ди Марцио како претставник на руските ...

Хотелот „Југославија“ повеќе од половина век беше синоним за луксуз и престиж, сведочејќи за времето кога во Белград доаѓаа светските претседатели, кралици и ѕвезди. Сега, оваа поранешна гордост на Југославија, со своите монументални лустери и историски станови, засекогаш ги затвора вратите. Уривањето треба да започне на 31 август. Хотел Југославија е отворен е во 1969 година како еден од најлуксузните хотели во поранешна Југославија и меѓу ...

Црвениот крст и Црвената полумесечина пружаат помош и поддршка на луѓето во услови на конфликти, катастрофи и итни случаи повеќе од 150 години. Нивното создавање започна со создавањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во 1863 година, како одговор на ужасните човечки жртви од конфликтите кои беснееја во Европа во втората половина на 19 век. Седум години подоцна беше основан Британскиот Црвен крст. Денес, Движењето е активно во 191 ...

Четвртата и последна етапа на Параолимписката штафета на олимпискиот факелот предизвика незаборавна прослава вчера во срцето на Париз. Дванаесет параолимпијци со факели ја преминаа француската престолнина по три возбудливи етапи кои на улиците изнесоа 500.000 гледачи. Маршрутата, дизајнирана заедно со Градот Париз и Полициската префектура, го осветли секој кварт на Париз. Скоро 200 штафетни тркачи наизменично ги носеа факелите низ градот во ...

Проектант: Непознат Година: 1951 Локација: Ул. Борка Талевски и ул. Рајко Жинзифов Веднаш до Железничката Колонија на Михаил Дворников, која е можеби еден од најмаркантните примери на колективно домување во Скопје, можеме да пронајдеме еден многу интересен пример станбени згради во центарот на Скопје. Подигнати во 1951 година, според жителите во зградата за бегалците од Граѓанската војна во Грција (1946-49) зградите се одликуваат со два ...

Десетина факели патуваат низ неколку градови во Франција пред да стасаат во Париз за почетокот на Параолимписките игри во среда на 28 август. Со завршувањето на Летните игри, Париз го префрли својот фокус на следниот голем спортски настан на летото: Параолимпијадата. Градот се подготвува да пречека околу 4.400 спортисти кои се натпреваруваат во 23 различни дисциплини, од рагби со инвалидска количка до параатлетика. Спортисти од целиот свет, ќе ...

Сами пристигна во белградската зоолошка градина во јануари 1988 година, после неколку години поминати во Хрватска. Со неговата впечатлива појава и силна мускулатура, Сами беше добар примерок од неговиот вид. Но, неговата нова околина се покажа како непријатна и ограничувачка. Не навикнат на затворениот простор и новите услови, Сами започна да покажува знаци на депресија и агресивно однесување, што доведе до неговото прво бегство на 21 февруари ...

Според кинеската легенда, чајот се родил во 2727 година п.н.е., кога императорот Шен Нонг ја прочистувал водата во засолништето на чајно дрво, а неколку лисја дувале во тенџерето. Добиениот пијалак, со извонреден мирис, боја и вкус, го натерал царот да се израдува. Чајот наскоро станал секојдневен пијалок во кинеската култура. Во Индија, друга легенда ја раскажува приказната за принцот Дарма, кој ја напуштил својата татковина во Кина, за да го ...

На денешен ден во 1947 година, во Рио де Жанеиро, Бразил е роден Пауло Коељо бразилски писател кој го напиша најпродаваниот роман „Алхемичарот“, кој беше продаден во 35 милиони примероци и е најпреведуваната книга во светот од жив автор. Коељо е роден во Рио де Жанеиро каде посетувал језуитски училишта и бил воспитан од побожни католички родители. Рано утврдил дека сака да биде писател, но бил обесхрабрен од неговите родители, кои не гледале ...

Креаторите на содржини, чии што канали се фокусирани околу Формула 1 започнуваа да ги менуваат своите имиња изминатите денови, а многумина не откриваат зошто. Причината веројатно е бидејќи тоа од нив го бара Ф1, кои испраќале барања до одредени креатори кои ги монетизирале своите канали, а го користеле брендингот на Формула 1. Помеѓу таквите кои ги променија имињата е и Paddock Project (порано познат како F1r The Girls), поткаст за Ф1. Тие не ...

„Снајди се со она што го имаш„ – била модната формула на Коко Шанел, кога на стариот фустан му го исекла деколтето и во него го додала предниот дел од машка кошула со јака и копчиња. Во време кога жените се уште носеле корсети во кои не можеле да дишат, Коко Шанел им ги „соблекла“ корсетите и непотребни украси и ги облекла во едноставен црн футан, кој стана синоним за женската мода. „Тој едноставен фустан ќе стане уникатна „униформа” за сите ...

На денешен ден пред 121 годинa на 18 август 1903 година, само 6 дена после падот на Крушевската република, е роден Никола Мартиноски еден од најголемите сликари во овие простори. Тој е еден од основачите на Националната галерија на Македонија. На Крушево му поклонил збирка од 62 ремек дела кои се наоѓаат во уметничката галерија која го носи неговото име. Мартиноски дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт, Романија во 1927 како ...

Скопското астрономско друштво минатиот викенд со сите љубители на метеорскиот дожд беше на Рудине, над браната Козјак, од полноќ до утро, каде не само што го набљудиваа ѕвезденото небо, туку и направија одлични фотографии за овој феномен кој секоја година се случува во првата недела на август. Со нив разговаравме за тоа што се персеиди и колку луѓето се запознаени и сакаат да ги следат. „Со подобра информираност луѓето се повеќе и повеќе се ...

Британската моторна компанија (British Motor Corporation), го претстави пред новинарите легендарниот мал автомобил Morris Mini-Minor, во 1969 и од тогаш тој влезе во историјата како Mini. Mini стана еден од симболите на 60-тите и најпопуларниот англиски автомобил на сите времиња, а неговото влијание врз начинот на кој се дизајнираат помалите, градски автомобили не може да се измери. Дизајниран е од Алек Исигонис, британски инженер со ...

Истражувањето за глобалните емоции за 2024 спроведено од „Галуп“ (Global Emotions Report), ни покажува како се чувствуваат жителите на Европа. Кои нации се најзагрижени, а кои секојдневно се под најголем стрес. Во кои земји жителите најмногу смеат и која е најлутата нација во Европа. Македонците како народ се лутат многу, но во исто време се и меѓу нациите со помал стрес, a имаат грижи и се смеат во рамките на просекот во Европа. „Галуп“ и ...

Поминаа 10 години откако почина комичарот Робин Вилијамс. Смртта на оскаровецот на 11 август во 2014 ги шокираше обожавателите и колегите. До денес, луѓето кои имаа доволно среќа да го познаваат Вилијамс лично или да соработуваат со него продолжуваат да споделуваат приказни за него. Сали Филд, колешката од филмот „Госпоѓа Даутфаер“ го нарече Вилијамс „промислен и дарежлив“ и кажа дека тој е веројатно еден од првите луѓе кои искрено зборувале за ...

Како сето тоа започна? Југославија излезе од Втората светска војна како членка на источноевропскиот блок и како една од полојалните и попосветените на Сталин. Руските филмови и музика беа сеприсутни и популарни. Работите целосно се сменија во 1948 година кога Тито му рече „не“ на Сталин, одбивајќи да дојде во Москва на негова покана. Сталин го обвини Тито дека е западен шпион, ја исклучи Југославија од источноевропскиот блок и ја изолираше. ...

Атина Бојаџи е легендарна македонска маратонка во пливање, позната по своите неверојатни спортски подвизи, кои вклучуваат препливување на студениот канал Ламанш и Медитеранот. Родена во Охрид на 13 март 1944 година, таа веќе на 11-годишна возраст ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки, покажувајќи го многу рано својот талент и решителност. На само 18 години, Бојаџи стана светски шампион во маратонско пливање, триумфирајќи ...

Изградба и отворање Хотелот „Бристол” е еден од најистакнатите градски симболи на Скопје, со своја уникатна приказна која се протега низ повеќе децении. Изградбата на овој хотел, кој денес е многу повеќе од само зградата на улицата, беше изведена од браќата Ташко и Ристо Караџа. Тие ја основаа својата фирма “Караџа, Андровиќ и Ко” и со неа успеаја да изградат не само важен дел од скопската инфраструктура, туку и дел од градскиот карактер. ...

Серијата на Ејч-Би-О, „Куќата на змејот“, ќе има уште две сезони, а четвртата ќе биде последна, изјави кокреаторот Рајан Кондал на прес-конференција. На 5 август беше прикажана последната, осма епизода од втората сезона. Кондал најави дека во тек е пишувањето на сценаријата за третата сезона, подготовките ќе почнат есенва, а се планира продукцијaта да стартува на почетокот на 2025. На новинарско прашање дали и третата сезона ќе има осум епизоди ...

Никој никогаш нема да знае со сигурност колкумина загинале како резултат на нападот на Хирошима. Околу 70.000 луѓе веројатно загинале како резултат на првичните ефекти од експлозија, топлина и радијација. Ова вклучуваше околу дваесет американски воздухопловци кои беа држени како затвореници во градот. До крајот на 1945 година, поради долготрајните ефекти од радиоактивните и други последователни ефекти, бројот на загинати во Хирошима веројатно ...

Ејч-Би-О го даде првиот увид во новата спиноф серија на „Игра на тронови“, „Витез на седумте кралства“ (A Knight of the Seven Kingdoms), која ќе излезе следната година. Во првиот краток тизер, главниот актер Питер Клафи се претставува како сер Данкан Високиот. Заснована врз настаните од серијата романи на Џорџ Р. Р. Мартин „Данк и Ег“, првата сезона е адаптација на првата книга „The Hedge Knight“. Данк е благородник кој го облекува оклопот на ...

Патувајки скоро 1 час од Адана, возејки се покрај огромни плантажи за портокали,конечно пристигнавме во кампот. Не знаев што да очекувам, немав никаква претстава за тоа како изгледа и каде воопшто пристигнувам. Местово и луѓево се заборавени од Господ, само да знаеш, беа зборовите со кои ми беше накратко опишано какво е тоа место и во кои услови живеат тие луѓе. Станува збор за бегалски камп во Турција блиску градот Адана, кој се наоѓа во ...

Таџ Махал е споменик на големата љубов на царот Шах Јахан кон персиската принцеза Арџуманд Бана Бегум. Мавзолејот е сместен во Агра, Индија во градината на брегот на реката Јамуна. Овој објект е еден од седумте чуда на Новиот Свет. Царот Шах Јахан имал уште две жени, но Арџуманд Бана Бегум, останала негова единствена љубов до крајот на живот. Тој ја нарекол Мумтаз Махал „драгоцен камен во палатата“. Омилената жена на Шах Џахан, починала при ...

Барак Обама, поранешниот претседател на САД и првиот претседател на оваа држава со афроамериканско потекло е роден на денешен ден во 1961 во Хонолулу, Хаваи. Тој е 44-тиот претседател на Соединетите Американски Држави. На чело со САД беше два мандати, од 2009 до 2017 година. Претходно беше сенатор на Илиноис. Во 2009 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во автобиографската книга „Ветената земја“ преведена на македонски јазик и во издание на ...

Раните години и образование Милка Ефтимова е родена на 26 февруари 1936 година во Радовиш. Нејзината љубов кон музиката и уметноста се појавила уште од рана возраст, а нејзиниот талент брзо се истакнал. Завршила средно музичко училиште во Штип и потоа се запишала на музичка академија во Љубљана. Нејзиното образование не застанало тука, бидејќи подоцна завршила и специјализација во Италија, во Санта Чичилија во Рим и на Академијата Киџијана во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1009
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
88%
1009
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
63%
1009
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.15
70%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
94%
1009
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
49%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1011
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
31%
1010
Currency

61.53

Currency

54.3622

Currency

72.154

Currency

35.1468

Currency

39.3934

Currency

66.0489

Currency

7.48449

Currency

0.6574

Currency

0.37802

Currency

0.52493

Currency

1.41089

Currency

0.64385

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56