Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Една од најголемите криптоберзи во светот, Binance, потврди сериозен безбедносен инцидент со проценета вредност на погодените криптосредства од околу 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека во соработка со партнерите успеала да замрзне приближно 3 милијарди долари, додека привремено ги суспендирала депозитите и повлекувањата на средства. Инцидентот предизвика потреси на криптопазарот и нови прашања за безбедноста на дигиталните ...
Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи од познати производители, со акцент на традиционалните и медитеранските вкусови кои не се дел од вообичаената понуда на домашниот пазар. Концептот „Само во Веро“ опфаќа различни категории, од кафе, тестенини и ...
Штедачите и доверителите на Алта банка не треба да подлегнуваат на шпекулации и обиди за создавање паника. Државните институции внимателно го следат целиот случај, а граѓаните целосно ќе бидат обештетени дури и доколку финансиската институција замине во стечај. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека опозицијата намерно се обидува да создаде страв кај граѓаните и да го искористи случајот за политички поени. Во својата изјава ...
Еден од најголемите сајбернапади во финансиската историја откри сериозни слабости во заштитата на дигиталните средства. Хакери успеале да извлечат криптовалути вредни околу 6,3 милијарди долари од Binance, најголемата светска берза за криптовалути, за време на нападот на 29 октомври 2026 година. Според најновите сознанија, операцијата не започнала со директен напад врз дигиталните паричници, туку со повеќемесечна инфилтрација во ...
Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница. Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со ...
Победата на демократите на изборите за двата дома на американскиот Конгрес се одрази денес на светските финансиски пазари, ослабувајќи го доларот и охрабрувајќи го растот на цените на американските државни обврзници, додека европските акции зајакнаа. Приносот на десетгодишните американски државни обврзници падна за пет базични поени, на 4,92 проценти, додека приносот на соодветните германски обврзници се намали за два базични поени, на 3,31 ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил најостро ги демантираше и ги отфрли како невистинити денешните наводи изнесени во соопштението на СДС. Таа категорично ги отфрли обвинувањата за какво било незаконско или противправно постапување, нагласувајќи дека податоците за јавниот долг се официјални и се засноваат на релевантни информации од сите надлежни институции, согласно нивните законски ...
Членките на еврозоната имаат рок до петок да предложат кандидат кој ќе ја наследи Кристин Лагард на чело на Европската централна банка (ЕЦБ), за министрите за финансии веќе во следниот понеделник да ги разгледаат номинациите, изјави денеска портпарол на Еврогрупата за „Евроњуз“. Еврогрупата ги обединува министрите за финансии на земјите од еврозоната. По минатонеделното писмо на Кристин Лагард до претседателот на Европскиот совет, Антонио ...
Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од ...
За забрзување на процесот на енергетска транзиција, покрај усогласувањето на законските одредби, неопходни се континуирани вложувања во развојот на паметна дистрибутивна мрежа што ќе овозможи напредок на пазарот. Според податоците од социо-економската студија „Бела книга“, изработена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вкупните инвестиции на ЕВН Македонија ...
Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди. Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на ...
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. -Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем ...
Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Од таму велат дека станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста. -Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше. Демантот беше професионално објавен од ...
Премиерот најави дека во текот на декември ќе бидат објавени три фабрики кои ќе започнат да се градат во државата. Оваа информација беше соопштена на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас, при што фокусот беше ставен на тековните разговори за привлекување нови инвестиции. „И затоа три фабрики ќе ги објавиме во декември кои ќе се градат“, рече Мицкоски. Тој се осврна на неодамнешните разговори што ги водел во ...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2026 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 05.11.2026 ...
Управата за јавни приходи ги продолжува активностите насочени кон подигнување на даночната свест и обезбедување поддршка за туристичкиот сектор, во рамки на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Како дел од овие активности, на 05.11.2026 година во Кочани беше организирана информативно-работна средба на која учествуваа туристички работници, угостители, лица кои нудат сместувачки услуги, како и други субјекти кои се ...
Комерцијална банка АД Скопје се најде на престижната глобална листа „Forbes World’s Top-Performing Banks 2026“, со што стана првата и единствена банка од Македонија вклучена во изборот на 500 финансиски институции со најдобри деловни резултати во светот. Ова е значајно меѓународно признание за македонскиот банкарски сектор, бидејќи Комерцијална банка се најде во друштво на светски финансиски гиганти како JPMorgan Chase, DBS Group, OCBC ...
Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Северна Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата како конкретни чекори што придонесуваат кон напредокот во соодветните области. Во делот за земјоделство и рурален развој, ЕК го нотира продолжувањето на усогласувањето на земјоделската политика со ...
Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска се искачија до 97 долари по барел. На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 97,05 долари, што е за 2,43 долари повеќе од вчера, додека на американските берзи цената на нафтата се зголеми за 2,25 долари односно се тргува за 90,37 долари. Цените на нафтата вчера се намалија поради шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја заврши војната во Иран. ...
За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална политика, со постепена фискална консолидација, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите и обезбедување долгорочна одржливост на јавните финансии. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќање на 13. издание на „Ерсте Инвесторс Брекфаст“ (Erste Investors Breakfast), што во организација ...
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда. Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%. Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата, од кои граѓаните ќе видат реален ефект. Филипче посочи дека мерките на Владата се повторно задоцнети и недоволни, без суштински ефект, додека граѓаните веќе подолг период се соочуваат со високи цени и растечки трошоци. „Денешните предлог мерки од премиерот се задоцнети и недоволни, намалување само на ДДВ. ...
Одлуката на Европската централна банка да ги зголеми трите клучни каматни стапки за 0,25 процентни поени создава реален притисок врз европските финансиски пазари и Еурибор, но врската меѓу одлуките во Франкфурт и ратите што ги плаќаат граѓаните во земјава е значително посложена, се наведува во анализата на ЦИВИЛ Медиа. ЕЦБ одлучи депозитната стапка да изнесува 2,50%, стапката за главните операции за рефинансирање 2,65%, а маргиналната ...
text size Четботовите доаѓаат по „Гугл“, а неговата матична компанија веќе ја чинеа половина билион долари. Во најголемиот пад на пазарната вредност во историјата на компанијата, акциите на „Алфабет“ паднаа за повеќе од 13 отсто, откако компанијата објави разочарувачки резултати од продажбата во сегментите на пребарување и рекламирање. Раководителите на „Гугл“ со години тврдеа дека четботовите базирани на вештачка интелигенција нема ...
Грчката енергетска компанија ДЕИ (PPC Group) и „Амазон веб сервисис“ (AWS) потпишаа меморандум за развој на дата-центар во Агиос Димитриос, кај Кожани, со предвидена почетна моќност на електричното напојување од 300 мегавати. Соработката беше објавена на 17 септември, известува АБНА. Според меморандумот, ДЕИ треба да ги обезбеди земјиштето, објектите и придружната енергетска инфраструктура. AWS би го закупила центарот на 15 години по ...
Олександр Левченко Напишано за CIVIL Today Рускиот финансиски систем покажува сè поизразени знаци на структурна нерамнотежа. Иако банкарскиот сектор и натаму остварува висока вкупна добивка, бројот на кредитни институции што работат со загуба нагло расте, додека регионалните буџети се под сè поголем притисок од високите воени расходи, намалените приходи и растечкиот должнички товар. Според извештаи на руските медиуми што се повикуваат на ...
Премиерот Христијан Мицкоски од партиската говорница во Брвеница на митингот вчера, повторно ја претстави економската состојба како поволна преку две бројки: инфлацијата во Северна Македонија е пониска од европската, а БДП во вториот квартал пораснал за 4,3 проценти. Самите бројки се во голема мера точни. Проблемот е нивната интерпретација, анализира ЦИВИЛ МЕДИА. Во август годишната инфлација во Северна Македонија изнесувала 2,6 проценти, ...
Повлекувањето на странски банки од Северна Македонија и нивното претопување во нови сопственички структури отвора прашања што одамна не се само банкарски. Во анализата на Љубомир Костовски, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, во фокусот е патот од Алфа банка и Силк Роуд до сегашното ширење на белградската Алта банка на македонскиот пазар. Алта банка влезе во земјата преку преземањето на Стопанска банка АД Битола. Во септември 2025 година Комисијата за ...
Инженери на Република Македонија (ИНРМ) реагираат на најавите за воведување паметни броила за електрична енергија, оценувајќи дека задолжителна масовна замена на постојните броила во сите домаќинства би создала дополнителен трошок за граѓаните. Реакцијата следува по најавата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, дека Комисијата подготвува извештај до Владата, по што би можело да започне постапка за ...
Една од најбрзорастечките дигитални банки во Парагвај, Ueno Bank, се најде во сериозна финансиска криза откако централната банка на земјата утврди дека нејзиниот показател за солвентност паднал под половина од законски потребното ниво. Регулаторот започна постапка на банкарска резолуција, додека милиони клиенти се соочуваат со неизвесност околу пристапот до своите средства. Централната банка на Парагвај на 2 ноември 2026 година едногласно ...