Најновите податоци на „Евростат“ за втората половина од 2026 година покажуваат огромни разлики во висината на минималните плати низ Европа. Додека најразвиените европски економии исплаќаат минимални бруто-плати над 2.000 евра месечно, Македонија и понатаму останува меѓу земјите со најниски минимални примања. Според податоците, само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата во периодот од јануари до јули 2026 година. ...

Европската Унија минатата година извезла 3,2 милијарди литри пиво во земји надвор од Унијата, што претставува пад од 11 проценти во споредба со претходната година. И покрај намалениот извоз, Белгија ја задржува позицијата на најголем европски извозник на пиво, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во истиот период, увозот на пиво од земји надвор од ЕУ се зголемил за 6 проценти, достигнувајќи околу 500 милиони литри, што укажува на ...

Во јули во однос на ланскиот јули, трошоците за живот се зголемиле за 2,3 проценти, пресмета Државниот завод за статистика. Притоа, трошоците за храна и безалкохолни пијалаци се зголемиле за 1,1 процент, а најголемо зголемување има кај ставката Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици – 9,5 проценти. Поголем раст на трошоците е забележан кај Рекреација, спорт и услуги за 5,7 проценти, како и кај Ресторани и услуги за сместување – 4,4 проценти. ...

*** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Производството запира доколку филтрите не работат ...

Кинескиот технолошки гигант Алибаба подготвува нов бизнис модел за својата вештачка интелигенција – големите корисници кои ќе заработуваат од нејзиниот следен модел со отворен код најверојатно ќе плаќаат со дел од приходите кои ги остваруваат. Според извори запознаени со плановите на Alibaba, компанијата планира да воведе комерцијални услови за најголемите корисници на следната верзија на својот AI модел Qwen3.8-Max- објави Ројтерс. Иако ...

Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во екот на летото, доброто место на охридските градски плажи не се наоѓа лесно, а уште потешко се напушта. Кога еднаш ќе се сместите покрај езерото, последното што го посакувате е да ја оставите лежалката поради барање ресторан, чекање слободна маса или пробивање низ летната гужва. Крајот на јули и август, особено околу празникот Илинден, се најраздвижениот период во Охрид. Плажите се полни, градското јадро ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 4.4 %, Рекреација, спорт и култура за 2.6 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.9 %, Ресторани и услуги за сместување ...

Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според најновите податоци на Државниот ...

Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки. -Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги ...

Некогаш автобусите за Сончев Брег се полнеа уште во јуни. Се бараше кревет повеќе, се споредуваа хотелите, а Несебар и Созопол беа редовна тема во разговорите пред годишните одмори. Денес сликата е поинаква. Македонски таблици на бугарското Црноморје има, но далеку поретко, а организираните летувања што некогаш привлекуваа цели семејства сега се сведени на мал број аранжмани и поединечни патувања. Официјалните бројки покажуваат дека посетите ...

Добивај вести на Viber Летото е совршено време за бегство од секојдневието, а нема подобар начин за тоа од добар трилер што ќе ве држи будни до доцна во ноќта. Ако уживате во приказни што ве тераат постојано да се прашувате „што следува?“, ви препорачуваме пет трилери што ќе ви го направат летото уште повозбудливо. Жешките летни денови се создадени за одмор и за книги што ќе ви ја заледат крвта. Ако сте љубители на мистерии, на опасни тајни ...

Ако пред само неколку години најпосакувана инвестиција беше голем семеен стан во централното градско подрачје, денес сликата на пазарот е сосема поинаква. Купувачите стануваат попретпазливи, внимателно ги пресметуваат месечните трошоци и сè почесто се одлучуваат за помали станови, плацови на периферијата или монтажни куќи кои можат да се изградат за значително пократок период и со помали трошоци. Токму овие три категории — мали станови, ...

Државниот суд во Њу Мексико вчера ѝ наложи на Мета да плати 567 милиони долари и да го промени начинот на функционирање на своите платформи за младите корисници во таа сојузна држава, откако утврди дека компанијата е виновна за нанесување штета врз менталното здравје на децата. Судијата Брајан Бидшајд во Санта Фе пресуди дека компанијата создала јавна опасност во Њу Мексико, застанувајќи на страната на државниот обвинител Раул Торез, ...

Во првата половина од 2026 година, дури три кинески автомобилски групации се најдоа меѓу десетте најголеми производители според глобалниот пазарен удел, а нивниот напредок во последните десет години е посебно импресивен. Податоците ги објави Цуи Донгшу, генерален секретар на Кинеското здружение за патнички возила (CPCA), и тие покажуваат колку се промени односот на силите во светската автомобилска индустрија. Од нашата мрежа Откриено кој го ...

Цената на нафтата порасна во петок поради загриженоста од можни нарушувања во снабдувањето, откако Иран објави рестриктивен нацрт-план за Ормускиот Теснец. Фјучерсите за меѓународната референтна нафта „Брент“, за испорака во октомври, пораснаа за 1,25 отсто, на 83,52 долари за барел. Фјучерсите за американската нафта West Texas Intermediate, за испорака во септември, зајакнаа за 1,10 отсто, на 78,14 долари за барел. Од нашата мрежа Харден ...

Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ). Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и ...

Индексот Биг Мек е создаден во 1986 година од економистката и новинарка Пам Вудал за „Економист“. Неговата цел не беше да се создаде целосен економски модел, туку да се илустрира теоријата за паритет на куповната моќ на едноставен и донекаде хумористичен начин. Се заснова на претпоставката дека споредливите стоки треба да чинат приближно исто на долг рок, земајќи ги предвид девизните курсеви во различни земји. Биг Мек беше избран за споредба ...

Добивај вести на Viber „Меѓу клучните корпоративни настани во текот на вториот квартал од 2026 година, се издвојува потпишувањето на Акционерскиот договор во врска со NIS помеѓу MOL и Република Србија на 16 јуни, додека преговорите со продавачот и властите напредуваат кон последната фаза“, се нагласува, меѓу другото, во соопштението на MOL Group за финансиските резултати за вториот квартал од оваа година. MOL Group денес ги објави своите ...

Младите во еврозоната сѐ потешко наоѓаат работа, а најголемиот удар го претрпе ИКТ-секторот, покажува најновата анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Според извештајот, иако пазарот на трудот останува релативно стабилен, забавувањето на вработувањето што започна во 2023 година значително посилно ги погоди лицата на возраст од 15 до 24 години отколку останатите работници. Во првиот квартал од 2026 година, вкупната стапка на ...

Најновите статистички показатели покажуваат дека македонската индустрија бележи раст, но рударството продолжува да се соочува со негативен тренд. Додека вкупното индустриско производство во јуни е зголемено за 6,5 проценти во однос на истиот месец лани, секторот „Рударство и вадење камен“ забележал намалување од 3,8 проценти. Во време кога цените на бакарот остануваат високи, а Европа интензивно инвестира во критични минерали, Македонија ...

Добивај вести на Viber Понекогаш токму наједноставните намирници нудат најмногу можности. Кефирот лесно го наоѓа своето место во менито и во различни оброци – од појадок и ужина, па се до лесна вечера. Со освежителен вкус и кремаста текстура, тој е практично решение и избор за сите што сакаат балансирана исхрана без долго подготвување и многу време поминато во кујна. Балансиранотомени не се создава со строги правила, туку со мали, промислени ...

Халкбанк АД Скопје нуди повеќе поволности и премиум привилегии за корисниците на Mastercard World Debit картичката, меѓу кои и бесплатен пристап до аеродромски салони ширум светот. Според информациите објавени од банката, корисниците на картичката добиваат шест бесплатни посети во повеќе од 1.500 Lounge Key аеродромски салони низ светот, при што поволноста важи за сопственикот на картичката и неговиот сопатник. Во пакетот е вклучена и ...

По тивкиот и прилично неизвесен почеток на летото, Охрид за Илинден повторно ја доби сликата што се очекува во шпицот на сезоната. Полни улици, редици пред рестораните, автомобили од сите страни и потрага по слободен кревет до последен момент. Туристичкиот бран за празничниот викенд ги наполни хотелите и приватното сместување, а дел од гостите соба бараа буквално откако веќе пристигнале во градот. Хотелиерите велат дека најголемата навала ...

Индустриското производство расте, но македонското рударство останува во слободен пад. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, но сепак продолжува надолниот тренд во рударската гранка. „Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од ...

Цените на нафтата пораснаа вчера, откако медиуми во Иран објавија дека се разгледува предлог со кој на американски и израелски бродови би можело да им се ограничи пловидбата низ Ормутскиот Теснец – една од најважните светски поморски рути за транспорт на сурова нафта – објави CNBC. Во исто време, американските берзански индекси забележаа мали промени, бидејќи инвеститорите внимателно ги следеа случувањата на Блискиот Исток, но и новите ...

Податоците на министерството за финансии покажуваат дека на крајот на јули реализацијата на капиталните инвестиции биле на ниво на реализација од 45 отсто. За оваа намена од државниот буџет биле потрошени 21 268 милиони денари. За властите тоа е сигнал дека економијата се движи во вистинска насока, но опизицијата и натаму обвинува за погрешни економски политики кои ги води актуелната извршна власт. Од Владата посочуваат дека во периодот што ...

Добивај вести на Viber Нискобуџетната авиокомпанија easyJet потврди во четврток дека прифатила понуда за преземање вредна 5,7 милијарди фунти, односно 6,6 милијарди евра. Понудата ја даде американската инвестициска фирма Apollo Global Management, објави Euronews. Детали за аквизицијата Во соопштението на превозникот се вели дека одборот „со задоволство објавува дека постигнал договор за условите за препорачаната аквизиција во готово“. ...

Новите европски споредбени податоци повторно покажуваат дека македонските работници се меѓу најниско платените во Европа, вели во изјава за „Локално“, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. -Според висината на бруто минималната плата, Македонија со 624 евра, односно околу 421 евро нето, се наоѓа речиси на самото дно на европската листа. За споредба, минималната плата во Србија изнесува 743 евра бруто, во Црна Гора 670 евра, во Хрватска ...

text size Германското индустриско производство порасна трет месец по ред, што е уште еден знак дека најголемата европска економија успешно се спротивставува на негативните последици од војната со Иран. Производството во јуни се зголемило за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, соопшти германскиот Завод за статистика во петокот. Тоа е помалку од надолно ревидираните 0,7 отсто во мај, но е во согласност со медијалната прогноза на ...

Американската економија сè повеќе се потпира на инвестициите во вештачка интелигенција, кои веќе стануваат еден од главните фактори за економскиот раст, градежната активност и потрошувачката во САД, пишува во својата анализа весникот „Волстрит журнал“. Технолошките компании инвестираат стотици милијарди долари во центри за податоци, специјализирани чипови и компјутерска инфраструктура, а голем дел од овие трошоци ги финансираат преку издавање ...

3.10.2026

32 минути - Трибуна
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1032
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
54%
1032
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.53
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
92%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
58%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.79
73%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1031
Currency

61.634

Currency

54.969

Currency

73.845

Currency

38.103

Currency

39.246

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07