Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Овогодишното издание на Струшки вечери на поезијата беше успешно реализирано со околу педесетина настани, со богата програма и учество на значајни домашни и странски автори, оцени уметничкиот директор на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски. Тој нагласи дека иако оценката за фестивалот е оставена на публиката и учесниците, досегашните резултати, подготовките и реализацијата на програмата укажуваат на успешно издание. Меѓу гостите и ...
Со проекцијата на ,,Живот во рамнина” (Le città di pianura / The Last One for the Road), добитник на наградата „Давид ди Донатело“, се затвори 26-та Недела на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS. Филмот на автентичен начин го прикажа животот во малите места во регионот Венето, исполнет со пријателства, противречности и лично созревање. Во текот на фестивалот, Кинотеката на Скопје беше домаќин на некои од најдобрите италијански филмови од ...
Мел Брукс своевремено кажа дека комедијата е спротивност на смртта. Легендарниот актер, режисер, комичар и продуцент ја смее публиката повеќе од шест децении и денеска наполни 100 години. Роден како Мелвин Камински во еврејско семејство во 1926 во Њујорк, Брукс имал само две години кога починал татко му. Кариерата ја почнал како забавувач во хотели, но со почетокот на Втората светска војна се придружил на војската и бил ангажиран на различни ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на БЛОК КРАТКИ ФИЛМОВИ. 29 јуни | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен. БЛОК КРАТКИ ФИЛМОВИ: МАТЕРИЈАЛ ЗА АУДИЦИЈА – ЃОРЧЕ СТАВРЕСКИ Сопственичка на стан бара од својот потстанар, трубач, навидум едноставна услуга – да превезе млада жена и нејзината мала ќерка до градот. Но, тој останува длабоко потресен кога дознава ...
Бескомпромисна како и секогаш, Ведрана Рудан во најновото издание на книгата Страв од плетење, со хумор и проникливост, пишува за сѐ што нѐ допира. Му се смее на сѐ, па и на сопствените метастази. Нејзиниот глас е лут, нежен, пркосен и премногу жив за да молчи. Пресреќна сум што Страв од плетење, книга стара 20 години, ќе ја читаат некои други луѓе. Што се променило во меѓувреме? Техниките за комуникација. Се сакаме преку мрежите, се мразиме ...
Театарската режисерка Хана Миленковска многу искрено и многу длабоко го открива процесот низ кој поминала заедно со целата авторска екипа при создавањето на претставата „Патот на Баба Јага“ во Театарот за деца и младинци во Скопје. Театарот за деца и младинци на 24 јуни премиерно ја изведе претставата „Патот на Баба Јага“. Претставата е во режија на Хана Миленковска, според авторскиот текст на Хана Корнети и со музика од Ади Имери. ...
Скопската промоција на монографијата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ на авторката проф. д-р Наташа Диденко се одржа на 25 јуни, во Музејот на град Скопје, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“. На промоцијата се обратија проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, беше прочитан текст на проф. д-р Оливер Цацков, додека модераторот Мишо Китаноски со вдахновено чувство го ...
„Секој град, се вели, има свои знаменитости. Гевгелија“, ќе каже на почетокот на своето излагање пред сограѓаните, поетот Кирил Кангов, „во своето блиско минато имаше своја жива знаменитост, свој жив имиџ. Го имаше Илија Џаџев. Самиот Џаџев“, продолжи Кангов, „за себе ќе каже дека е роден меѓу двете светски војни, во гратче меѓу три легендарни планини, една река и едно езеро, близу еден залив на Медитеранот. Во својот живот, низ планетата ...
Со завршната изложба на ликовните дела на 11-мина ликовни уметници од Македонија, Грција, Србија, Полска и Турција беше означен крајот на традиционалната ликовна колонија, 22. по ред, „Аполонија 2026“, која од 15 до 23 јуни се одржа во Гевгелија. Организатор е Фондацијата „Аполонија“. На терасата на хотелот „Аполонија“ беа изложени дела создадени по сопствен избор на уметниците учесници, но инспирирани од богатото и живописно гевгелиско ...
Изложбата „Експериментален цртеж“, реализирана на тема „Невидливи траги“ во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), предизвика исклучително голем интерес кај белградската публика. Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград се претставени дела од 42 уметници – членови на ДЛУМ, а љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат изложбата до 9 јули 2026 година. – Станува збор за традиционална изложба што ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката на 29 јуни, понеделник, во 19 часот ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на БЛОК КРАТКИ ФИЛМОВИ. МАТЕРИЈАЛ ЗА АУДИЦИЈА – ЃОРЧЕ СТАВРЕСКИ Сопственичка на стан бара од својот потстанар, трубач, навидум едноставна услуга – да превезе млада жена и нејзината мала ќерка до градот. Но, тој останува длабоко потресен кога дознава дека жената има намера да ја остави ...
По десетина настапи низ скопските клубови, во текот на кои нивниот првичен дуо формат постепено прерасна во квартет, ТМУР ќе го издадат и концертно ќе го промовираат својот деби албум Пустохија. Промоцијата ќе се одржи на 2 јули (четврток), со почеток во 21:00 часот, во КОТУР, а влезниците ќе чинат 200 денари. Албумот е снимен во студиото „Профундус“, под продукциската палка на Дориан Јовановиќ, еден од најискусните и најреномирани македонски ...
Еден од најзначајните филозофи на денешницата, Швеѓанецот Мартин Хеглунд на 29 јуни (понеделник) во 20 часот доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Овој живот – критика и еманципација“. Тој ќе гостува на Фестивалот за критичка култура КРИК. Неговото предавање се заснова на неговите тези епистемолошки разработени во неговата веќе култна книга „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“, која Контрапункт ја издаде во превод на ...
Концерт насловен „Македонија во нас“, ќе се одржи на 29.06.2026г. – понеделник, со почеток во 20:30 часот на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите. На концертот ќе учествуваат Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен. Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од ...
Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како почесен гостин, е и светски афирмираниот, академскиот ликовен уметник Јордан Манасиески, редовен учесник на колонијата од самите нејзини почетоци. Учествуваат и Сузана Ардо од Лондон, Наталија Студенкова – Словачка, Дуња Корломановиќ – Србија, Лидија Вујишиќ – Скопје, Славица Танеска – Охрид, Михаил Клечкароски – Струга, Филип Јовески – Прилеп, Вангел Крстиноски – Ресен, ...
Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...
Поезијата останува чувар на човечкото достоинство и простор каде што се среќаваат интимното и универзалното. Нè потсетува дека човечкото битие е центар на заедништвото и животот, подвлекува истакнат шпански поет, романсиер и есеист, и директор на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро во интервју за МИА. За него, јазикот е многу повеќе од збир на зборови – тој е заедница, сеќавање и мост меѓу луѓето. Во време на поделби и забрзан ...
„Патешествие низ времиња“, според жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, е збирка што се движи меѓу личното искуство, сеќавањето и чувството на припадност. „Во неа се препознава авторската потреба да се зачуваат миговите, местата и луѓето што оставиле трага во животот на поетот. Особено впечатлива е постојаната врска со Македонија која се јавува не само како географски простор ...
Отворена изложбата на архитектонски студии “ИАС28” 25.06.2026 • Изложби Информации На Архитектонски Факултет-Скопје при УКИМ, на 24.06.2026 се отвори Изложба на архитектонски студии “ИАС28”, во кои се вклучени и студентски трудови по предметите Цртање, Елементи на форма и боја, и Пластично обликување. Поставката ќе биде отворена до 30.06.2026. Отворена изложбата на архитектонски студии “ИАС28” 25.06.2026 • Изложби ...
Како можеме да донесеме мир во овој човечки свет на Земјата?, праша на почетокот од своето обраќање Анеке Брасинга, годинашен лауреат на наградата „Златен венец“ на СВП, во црквата Света Софија во Охрид, каде вечерва се подржа традиционалниот поетски портрет. Денес, 27 јуни, бидејќи е еден од најдолгите денови во годината на оваа хемисфера, ние, собрани овде заради поезијата, имаме време за да го спасиме овој стар свет за новите генерации. И, ...
Режисерот Марјан Георгиевски истакна: „ Како млади вљубеници во театарот го гледавме тој жанр на претстави и можеби ни беа и првиот контакт со театарот и првото чувство дека еве се случува некаква игра и сакаме и ние тоа да го правиме. Но низ годините, работевме друг тип на претстави кој навистина беше поинаков и решивме да направиме водвиљ кој што како генерација ние не го доживеавме искуствено на сцена и навистина беше едно големо ...
Амбасадата на Грција во Северна Македонија сподели информации за два претстојни културни настани кои ќе донесат грчка музика и танц во Битола и Охрид во текот на месец јули. 20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ ќе биде отворено во Битола, во античка Хераклеја, со спектакуларен настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ...
Монументалниот витраж „Подем“ на македонскиот уметник Борко Лазески од 1971 година од септември ќе добие нов дом, во новиот објект на „Стопанска банка“, во центарот на Скопје. По соодветна реставрација ќе биде повторно поставен таму, планот е тоа да се реализира во текот на летото, а во септември да се организира и свечено отворање, добила уверување од банката, ќерката на Лазески, Росица. Витражот, кое е едно маестрално уметничко дело, со ...
Планираниот биографски филм за Мадона, најавен во 2020, пропаднал поради несогласувањата околу висината на буџетот и предлогот да се снима во Србија, откри славната пејачка во интервју за магазинот „Интервју“. Овој филм требаше да го режира самата Мадона, по сценарио на оскаровката Дијабло Коди. „Се појавија несогласувања помеѓу мене и студиото ‘Јуниверзал‘ околу буџетот. Имав исклучителен живот. Мојот живот беше огромен, па затоа ми беше ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 337, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со театарската режисерка Хана Миленковска за претставата „Патот на Баба Јага“ во Театарот за деца и младинци: Ограничувањата не ја уништија магијата – разговор со Огнен Стојаноски, ПР на „Пасворд продукција“, за „Д-Фестивал“ во ...
Реновирањето или уредувањето на бањата е една од најсложените фази во опремувањето на домот. Иако многумина прво се водат од тоа што визуелно им се допаѓа, архитектите и дизајнерите на ентериер предупредуваат дека погрешниот редослед на избор може да резултира со несоодветни пропорции, дополнителни трошоци и компромиси што подоцна тешко се исправуваат. Прашањето што најчесто си го поставуваат инвеститорите е дали прво се избираат плочките, ...
Овој предлог-концепт за ново пристаниште во Охрид претставува современа архитектонска визија која се обидува да воспостави рамнотежа меѓу развојот на урбаната инфраструктура и заштитата на културното наследство на градот, кој е под заштита на УНЕСКО. Визуелизацијата на проектот е генерирана со помош на вештачка интелигенција (AI), но при нејзиното создавање строго се почитувани принципите на автентичната староградска охридска архитектура. ...
Театар „Златен Елец“ ја најавува премиерата на претставата „Теорема, леме“ според романот и филмот на Пјер Паоло Пазолини. Режијата и адаптацијата се на Мирко Радоњиќ, драматург е Ева Камчевска а координатор на проектот е Бобан Алексоски. Во претставата играат: Златко Митрески, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Марија Карилоска и Бранко Михајлоски „Доколку Господ ви се јави со чудо, дали мислите дека вие – вашата природа – ќе се смени? Или ...
Македонскиот поп-пејач Мартинијан Кириловски ова лето ќе настапи на годинашното издание на еден од најпознатите музички фестивали во регионот – „Бисер Јадрана“, кој ќе се одржи на 18 јули во Тиват, Црна Гора, со директен пренос од 21:00 часот на Македонската Радио Телевизија. По едногодишна пауза, Кириловски повторно се враќа на фестивалската сцена на „Бисер Јадрана“ со нова песна која уште на прво слушање освојува со својата емоција, ...
Од 22 јуни, „Матица македонска“ ја почна летната акција „Со книга на плажа“, годинава под слоганот „Лето создадено од приказни“. Акцијата ќе се одвива во книжарниците на „Матица македонска“ и онлајн, преку „Клуб Матица“, со специјални летни цени за внимателно избран избор на книги. Во годината кога „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, „Со книга на плажа“ е уште една покана до читателите летото да го поминат со добра книга – на ...