Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) ги сертифицираше трите најголеми производители на мемориски чипови за испорака на нивните најнапредни производи со меморија со висок пропусен опсег (ХБМ) за акцелераторите за вештачка интелигенција на американската компанија, потврди за првпат извршниот директор Џенсен Хуанг. Тој им даде зелено светло на „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.), „СК Хајникс“ (SK Hynix Inc.) и „Микрон“ (Micron Technology ...
Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од амбасадорката Сецуко Кавахара, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, во чии рамки беа претставени работењето на компанијата, нејзините финансиски резултати и клучните стратешки насоки, со акцент врз извозниот развој, инвестициите и одржливиот раст. Речиси петдецениската традиција на соработка со јапонски компании, започната со „Фуџи“, денес продолжува преку сегментот за ...
Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од ...
На 12 јуни 2026 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи значаен бизнис форум посветен на промоцијата на Република Северна Македонија како инвестициска дестинација и продлабочување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Турција. Настанот претставува единствена можност на едно место да се поврзат владините институции и бизнис заедниците од двете држави, создавајќи можности за креирање на нови партнерства и економски ...
Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани со реалниот пазар, беше речено на денешната конференција во Стопанската комора. Како што порачаа учесниците, ...
Добро организираната кујна може да го направи секојдневното готвење значително полесно. Без разлика дали станува збор за складирање свежи намирници, подготовка на брзи вечери во текот на работната недела или чистење по семеен оброк, современите домаќинства сè повеќе бараат апарати што ги поедноставуваат домашните обврски и се прилагодуваат на начинот на кој луѓето живеат. Затоа, практичноста, флексибилноста и поврзаната функционалност станаа ...
Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење. Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија. – Колегата оставил за себе апаратура која ние со гордост ја прикажавме денес. ...
Филијалата на Халкбанк во Тафталиџе се претвори во сцена за уникатно музичко доживување. Во духот на светските Tiny Desk и Secret Experience концепти, клиентите и посетителите имаа можност да уживаат во ексклузивен pop-up концерт на популарниот музички артист, Young Dadi и неговиот бенд. Наместо со вообичаено банкарско секојдневие, филијалата вчера беше исполнета со музика, енергија и опуштена атмосфера, а клиентите и вработените за момент ...
Додека европските држави и институции бараат начини да обезбедат сигурни извори на критични минерали, во Македонија многу рударски проекти остануваат предмет на политички и идеолошки пресметки. Бакарот денес е една од најбараните суровини во светот, а неговото значење дополнително расте поради електричните возила, енергетската инфраструктура и дигиталната економија. Наместо дебатата да се води околу тоа како да се обезбедат највисоки ...
Сите ја знаеме онаа трка со времето. Се враќате од работа, заглавени во сообраќајот, додека во мислите ви се врти само едно – дека натпреварот на вашиот омилен тим или премиерата на серијата за која сите зборуваат веќе започнала. Во тие моменти, телевизијата порано беше како „немилосрден“ распоред на кој морате да му се потчините. Денес, со платформи како MTEL и нивната услуга Move TV, начинот на кој ја доживуваме забавата целосно се менува. ...
Шпаркасе Банка АД Скопје ја проширува својата продажна мрежа со отворањето нова експозитура во Шопинг центар Сарај, на ул. „2“ бр. 6 во Скопје. Експозитурата е отворена за клиентите секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Со новата локација во Сарај, Шпаркасе Банка продолжува да инвестира во унапредување на достапноста на своите производи и услуги, обезбедувајќи современо и квалитетно банкарско ...
Референтната мерка за светските цени на прехранбените производи остана генерално стабилна во мај, бидејќи намалувањето на котациите на растителното масло ги компензира зголемувањата на оние за житарки и шеќер, според новите податоци објавени во петок од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на кошничка со глобално тргувани ...
Македонскиот бренд за рачно изработени и персонализирани патики и облека, RVR Brand, стои зад уникатниот дизајн на боксерските патики со кои македонскиот борец Гого Славески ја забележа својата најнова победа во BKFC (Bare Knuckle Fighting Championship). Станува збор за специјално изработен модел на Rudis International боксерски патики, кои за првпат добија целосен performance custom дизајн од RVR Brand. Идејата за темата „Тивко е на ножот“ ...
„Еко-активисти“ не запираат со неснованите напади кон рударската индустрија. Во Македонија четириесет години се нема отворено значаен рудник, производството е во слободен пад, постојат информации за дополнително отпуштање на рудари, но од друга страна постојано се критикуваат и најавите за инвестиции, како што е онаа за рудник за бакар во Иловица, па и за истражувањата за антимон во Кривопаланечко. Ѓорѓи Георгиески од „Зелена народна стража“ ...
Скопје вчера беше домаќин на второто издание на Croatia осигурување бизнис трка 5K, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија. На кејот пред Acibadem Sistina, 750 вработени од финансискиот сектор, ИТ индустријата, телекомуникациите, фармацијата, логистиката, производството, јавните институции, дипломатските претставништва и невладиниот ...
Јапонија планира да реновира од 2 до 5 стари нуклеарни реактори до 2040-тите години и од 11 до 14 до 2050-тите години за да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, објави јапонскиот јавен радиодифузен сервис NHK, повикувајќи се на нацрт-полан на владата. Предлогот, што ќе го презентира Министерството за економија, трговија и индустрија на состанок за нуклеарна политика, одразува поместување кон поголема зависност од нуклеарната ...
Витаминка АД Прилеп откупи 250 сопствени акции, информираа од таму преку Македонската берза. Сега компанијата поседува 3.180 сопствени акции, кои претставуваат 4,14% од вкупниот број на акции на Витаминка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Витаминка ќе дели дивиденда по акција од 400 денари бруто 46,6 милиони денари за менаџментот на Витаминка лани Фото: Витаминка Витаминка АД Прилеп откупи 250 сопствени акции, информираа од таму преку Македонската берза. Сега ...
Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргувана акција на Македонската берза и во мај. Како што покажува билтенот на Берзата за тој период со неа е направен промет од над 131 милиони денари. Втора е акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, со која е направен промет од 42,9 милиони денари, а трета акцијата на Алкалоид АД Скопје, со промет од над 30 милиони денари. Во првите пет најтргувани се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и ...
Царинската управа склучи договор за услуги за развој , имплементација и менаџмент поддршка при имплементација на нов систем НКТС фаза 6, со European dynamics SA. Договорот е во вредност од 54.600.000 денари или 887.805 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 420,2 илјади евра склучи Царинската управа со „Ремондис медисон“ Договор вреден 178,7 илјади евра склучи Царинска управа со Неотел Фото: Унсплеш Царинската управа склучи договор за услуги за ...
Македонија е на 51-то место меѓу 125 земји во светот според тоа колку квалитетно ги поддржува растот и развојот на претприемачите и нивните компании. Ова го покажува новиот индекс на деловна средина на иноватори (Innovators Business Environment Index – IBEI), воведен во 2026 година од компанијата „Стартапблинк“ (StartupBlink). Земјава има тотален скор од 57,530 поени во рангирањето, и е на 14-то место од 16 земји во Централна и Источна ...
Купувачот влегува во нов стан, мириса на боја, плочките светат, вратите сѐ уште не се изгребани, а зградата има лифт, фасада и реклама со зборови што звучат сигурно. Но, по неколку месеци почнува вистинската проверка. Славина што прокапува. Штекер што се загрева. Врата што не се затвора како што треба. Плочка што „ѕвони“ празно. Па мајстор, па нервози, па прашањето што сè почесто го поставуваат купувачите: дали новоградбата навистина значи ...
Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании од С Македонија и и од Грција претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкурентност, рече во своето обраќање министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на форумот кој се одржува во Скопје. – Интегрирањето на надворешната ...
Мерката за оддалеченост од 500 метри предвидена во новиот предлог-закон за игри на среќа не е обична просторна регулација, туку директен налог за ставање клуч на врата и затворање на легалната индустрија. Претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), Васко Илијевски, при своето гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, предупреди дека ваквото законско решение ќе предизвика верижен економски удар, банкрот на ...
Во периодот јануари – април 2026 година во споредба со истиот период од ланската година е забележан речиси еднаков раст на извозот и увозот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 3,25 милијарди долари што споредено со истиот период лани е раст од 16,8%. Вредноста на увезената стока во периодот јануари – април 2026 година, порасна за 16% и ...
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) го презеде „Кумо АИ“ (Kumo AI), четиригодишен стартап што развива основни модели за прецизни деловни предвидувања, изјавиле за „Форчн“ (Fortune) два анонимни извори запознаени со зделката. Меѓу тројцата коосновачи на компанијата е и Вања Јосифовски од Скопје, кој воедно е и извршен директор на стартапот, како и Јуре Лесковец, словенечки информатичар и професор на Универзитетот Стенфорд, кој во „Кумо АИ“ ја извршувал ...
По отворањето на Ормускиот теснец, Кувајт би можел да врати речиси 70% од производството на нафта во рок од најмногу осум недели, изјави шеикот Халед Ахмад Ал-Сабах, директор за меѓународен маркетинг во државната нафтена компанија Кувајт Петролеум Корпорејшн (KPC). -Останатите 30% од производството би можеле да се вратат на нормално ниво околу еден месец подоцна – рече Ал-Сабах на конференцијата за нафта и гас организирана од S&P Global ...
Војната во Иран предизвика неочекуван бум во германската соларна индустрија, бидејќи растечките цени на нафтата и гасот ги поттикнуваат сопствениците на домови да инвестираат во соларни системи на покривите. По неколку години силен раст, интересот за фотонапонски системи во Германија неодамна беше забавен, но актуелната енергетска неизвесност и најавите за промени во државните субвенции повторно ја раздвижија побарувачката. Германското ...
Ве очекуваме да уживаме заедно во нашиот препознатлив амбиент со одбрана храна и пијалоци. Време е за проверено гастрономско искуство во прегратките на природата, порачуваат од Rajska Dolina. На 55 километри од Битола, по патот за Охрид во подножјето на село Куратица, во Рајската долина, се наоѓа “JOVANOSKI” bar & restaurant“. Недопрената природа и самата локација на ресторанот веднаш над Голема река, ќе Ви ги опуштат сите сетила и ќе ...
Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол по четврти пат го организираат Соларниот Саем- МАКСОЛ ЕКСПО, кој годинава ќе се одржи од 4 до 7 јуни во Скопје Сити Мол. Настанот ќе обедини повеќе од 25 компании од Македонија и од регионот, што ќе ги претстават најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Посетителите ќе може да разгледаат широк спектар на соларна опрема, ...
Албанската групација BALFIN Group носи уште еден бренд во Македонија. Станува збор за францускиот бренд KIABI, за кој ексклузивен франшизен партнер е Unlimited Fashion. Истиот е основан во 1978 година во северна Франција. Освен во Македонија групацијата го носи брендот и во Албанија, Црна Гора и Косово. За во Македонија веќе се отворени и огласи за вработување, а истите погледнете ги ОВДЕ. Фото: KIABI/Фејсбук Албанската групација BALFIN ...