Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Владата викендов ќе одлучува дали повластеното ДДВ од 10-отсто за бензините и намалените акцизи од 2 денари за горивата ќе продолжат да важат и од понеделник. Мерките со кои се спречи енормен скок на цените на горивата, а со тоа и на храната, истекуваат на крајот на месецот. Ако сигналите се дека цените на нафтата на светските берзи ќе продолжат да растат, не се исклучува можноста повторно, на вонредна седници, да се активираат мерките, велат ...
УБС Груп (UBS Group AG) елиминираше неколку стотици позиции низ своите операции во Европа, Блискиот Исток и Африка, што претставува најнов бран на намалувања поврзани со аквизицијата на „Кредит свис“ (Credit Suisse) пред три години. Кратењата најмногу ги погодија вработените во споредните функции, иако беа опфатени и некои банкари во директна работа со клиенти, според лица запознаени со ситуацијата. Некои од вработените чии позиции беа ...
Важен чекор во процесот околу преземањето се случи откако Управата на Aддико им препорача на акционерите да ја прифатат понудата на австриската банкарска групација Рајфајзен Банк Интернешенал (RBI), оценувајќи ја како поверојатна за успешна реализација од конкурентската понуда на словенечката НЛБ Група. Иако понудата на РБИ е финансиски пониска и изнесува 26,5 евра по акција, Управата на Aддико наведува дека нејзината реализација е значително ...
Осигурителната компанија GRAWE го одбележа отворањето на новите простории на секторот за пријава, обработка и исплата на штети, со цел унапредување на условите за работа и обезбедување побрза и поквалитетна услуга за клиентите. Од компанијата информираат дека од 27 мај 2026 година Секторот за пријава, обработка и исплата на штети работи на нова локација во Скопје. За сите услуги поврзани со пријава, евиденција, обработка и исплата на штети, ...
Унгарската полиција уапси 27-годишен државјанин на Јордан под сомнение дека незаконски користел банкарски податоци на холивудскиот актер Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти од неговата сметка. Според информациите објавени од странските медиуми, истрагата била покрената откако американска финансиска институција пријавила сомнителни трансакции до унгарската филијала на ФБИ. Подоцна било утврдено дека станува збор за сметката на ...
Владата на Црна Гора подготви нова Уредба за слободни царински продавници, со која се утврдуваат условите за отворање и работење на „duty free“ објекти на аеродромите и во пристаништата отворени за меѓународен сообраќај. Со предложените правила се регулираат постапките за отворање на слободни царински продавници, царинскиот надзор над стоката и начинот на водење евиденција за производите што се продаваат во овие објекти. Според предлогот, ...
ИУТЕ Македонија ги информира своите клиенти дека и за време на неработните денови ќе обезбедува поддршка преку дежурни експозитури и дигиталните канали. Како што соопшти компанијата, денеска тимот на ИУТЕ ќе биде достапен за клиентите во периодот од 09:00 до 17:00 часот. За време на празничниот ден ќе работат дежурните експозитури во Скопје – Парк, Скопје – Аеродром, Битола, Куманово и Тетово. Од компанијата потсетуваат дека клиентите можат ...
Вселенските сили на САД доделија договор од 2,29 милијарди долари на „SpaceX“ за изградба на безбедна, брза сателитска комуникациска мрежа што ќе ги поврзува воените сензори и платформите за оружје низ целиот свет, соопшти агенцијата. Нетрадиционалниот договор со фиксна цена го опфаќа „Backbone“ на вселенската мрежа за податоци (SDN), отпорна мрежна архитектура што обезбедува пренос на податоци со висок капацитет и ниска латентност за ...
Собранието на акционери на БИМ АД Свети Николе ја прифати оставката на Тане Бошев, неизвршниот независен член на Одборот на директори (ОД), информираа од таму преку Македонската берза. За нов неизвршен независен член на ОД на Друштвото е избран Ивица Ефремов, кој е електромеханичар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ БИМ Свети Николе ги објави платите на членовите на Одборот на директори БИМ од Свети Николе лани со добивка Тане Бошев поднесе оставка од Одборот ...
Србија обезбеди речиси 1 милијарда евра нови кинески инвестиции по потпишувањето на серија договори со големи производители за време на државната посета на претседателот Александар Вучиќ на Пекинг. Договорите, во вкупна вредност од 953 милиони евра, беа потпишани со кинески автомобилски и индустриски фирми, вклучувајќи ги Minth Group, Shanghai Automotive Chassis (SHAC), BMTS Technology и Xingyu Automotive Lighting Systems. „953 милиони евра ...
Сосема прикладно за компанија чија крајна цел е да испраќа луѓе меѓу ѕвездите, иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Спејс екс“ (Space Exploration Technologies Corp.) ова лето се очекува да донесе стратосферски приноси за нејзиниот основач Илон Маск и нејзините рани инвеститори. Компанијата се стреми да собере дури 75 милијарди долари со проценета вредност од над два билиони долари, објави Блумберг Њуз во април. Планот на оваа компанија за ...
Екстремните горештини сè повеќе прераснуваат во структурен економски ризик, а Европа е меѓу најизложените региони во светот, предупредува најновиот извештај на Allianz Trade. Според анализата, топлотните бранови веќе не претставуваат само климатски и здравствен проблем, туку имаат директно влијание врз продуктивноста, инвестициите, јавните финансии и економскиот раст. Во извештајот се наведува дека бројот на екстремни топлотни настани од ...
Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и раст од 36,4% на годишна основа, покажува Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал од 2026 година што го разгледа Советот на Народна банка. „Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на ...
„Иловица-Штука“ повторно е во фокусот на јавноста поради огромниот руден потенцијал што го поседува. Според проценките, наоѓалиштето содржи околу 410 илјади тони бакар – стратешки минерал што денес е основа за зелената транзиција и модерната индустрија. Според претходните физибилити анализи, рудникот би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини се пресметаат според актуелните ...
Цените на услугите во секторот транспорт и складирање продолжуваат да растат, што дополнително ги зголемува трошоците за компаниите извозници, производителите и трговците. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот транспорт и складирање се зголемиле за 6,5%. Најголем раст е забележан кај копнениот и цевководниот транспорт, ...
Рудниот потенцијал на „Иловица-Штука“ повторно ја отвора дебатата за иднината на рударството во Македонија. Според досегашните проценки, проектот содржи околу 410 илјади тони бакар – ресурс кој денес е меѓу најбараните суровини во светот поради енергетската и дигиталната транзиција. Според претходните физибилити анализи, рудникот би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини ...
Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хeрцеговина ...
Со влезот на SPAR на македонскиот пазар, домашните потрошувачи добиваат пристап до малопродажен концепт кој успешно ги спојува највисоките меѓународни стандарди со ценовна политика прилагодена на локалниот пазар. Преку отворањето на своите први маркети, вклучувајќи го и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје, како и SPAR маркетот во Џевахир Мол, компанијата носи ново ниво на квалитет, разновидност и услуга, достапно за широк ...
Акционерите на македонската шпедитерска компанија Фершпед АД одобрија исплата на бруто дивиденда од 920 денари по акција за 2025 година, што претставува зголемување во однос на ланските 720 денари по акција, објави SeeNews. Според информациите, дивидендата изнесува околу 17,3 долари, односно 14,9 евра по акција. Фершпед е една од најпознатите компании во Северна Македонија во секторот транспорт и логистика, а одлуката за повисока дивиденда ...
Купувањето евтини производи од платформи како Temu, Shein и AliExpress наскоро би можело значително да поскапи, откако Eвропската Комисија најави нови правила за мали пратки што пристигнуваат од земји надвор од Европската Унија, пред сè од Кина. Според планот, од 1 јули 2026 година би се вовела посебна такса за пратки со вредност под 150 евра, кои досега често пристигнуваа без дополнителни трошоци. Предвидена е паушална такса од три евра по ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...
Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат. Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа. Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како ...
Периодот на објавување на деловните резултати за првите три месеци е зад нас, па затоа проверивме што откриваат податоците од автомобилската индустрија. Ситуацијата не е ни приближно добра, автомобилската индустрија со години се соочува со предизвици на неколку фронта. Од една страна, производителите, особено на европскиот пазар, мора да ги намалат просечните емисии на возилата и да се префрлат на продажба исклучиво на електрични модели до ...
Цената на најпиопуларната криптовалута, биткоинот, го надмина плафонот од 100.000 долари. Биткоинот достигна нова рекордна вредност. Неговата вредност значително почна да се зголемува зголемува откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите. Цената на најпиопуларната криптовалута, биткоинот, го надмина плафонот од 100.000 долари. Биткоинот достигна нова рекордна ...
Нето платата за работа во Шведска изнесува 2.500 евра, а покриени се и трошоците за пат и сместување. Работодавачот нагласува дека ваквиот распоред овозможува „подобар баланс помеѓу работниот и приватниот живот“, а постои и можност за дополнителни ангажмани за оние кои сакаат да заработат повеќе. Една компанија објавила оглас за вработување на два геодетски техничари за работа во Шведска, со модел на вработување кој подразбира пријава во ...
Суландри Коцé од Јужноафриканската Република, на 17 години, започнала бизнис за реставрација на запуштени гробови за сама да ги финансира студиите за медицинска сестра. Работата ја започнала како дополнителен извор на приходи, но брзо прераснала во профитабилен семеен бизнис. Додека повеќето тинејџери работат во кафулиња или делат летоци, Суландри Коцé (17) од јужноафриканската покраина Фри Стејт го поминува своето младештво меѓу надгробни ...
Банката „ЈП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase) годинава веројатно ќе потроши околу милијарда долари повеќе отколку што предвидуваше раководството минатиот месец, изјави извршниот директор Дајмон. Годишните трошоци на компанијата ќе бидат поблиску до 106 милијарди долари, отколку до износот од 105 милијарди долари што раководството го предвиде во април при објавувањето на финансиските резултати, изјави Дајмон во средата на конференција за ...
Во време на вештачката интелигенција постојат различни начини за заработка, а некои од нив отвораат и етички прашања. Сепак, она што Далибор го направил, според неговите тврдења, не штети никому, а нему му носи илјадници евра. Далибор, Србин од дијаспората, изненадил многумина претворајќи ја вештачката интелигенција во повеќекратен деловен партнер, создавајќи бестселер и уште многу други работи за само 30 дена. Работел без прекин и не само ...
Пред нас е сезона што е создадено за повеќе дружби и опуштени моменти. За викенди во природа, спонтани патувања, скара со друштвото, филмски маратони, плажа, авантури и долги вечери на тераса. А најдобрите приказни секогаш почнуваат кога ќе се собере добра екипа и кога ќе се наздрави со „СКОПСКО“. Токму затоа, „СКОПСКО“ почнува со наградна игра создадена за сите што знаат да уживаат во автентичниот вкус на „СКОПСКО“ и да го претворат секој ...
Интересна аукција ќе се случи утре во Тузла (Босна и Херцеговина. Тамошната Дирекцијата за индиректно оданочување продава три лами кои потекнуваат од Јужна Америка. Ламите, како што пишуваат босанските медиуми, биле одземени од сопственикот од стана на Граничната полиција минатиот месец на имот во пограничната област со Србија бидејќи биле без ветеринарно-здравствена документација. -Тие беа ставени во карантин и прегледани од ветеринарен ...