Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку телефонски повици непознати лица, се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата коишто ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту пак да преземаат активности согласно со ...

ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кисела Вода. Од таму додаваат дека лицата имаат повреди. Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје. Иако според првичната информација беше наведено дека заедно со екипата ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ. „Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември. -Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево. Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и ...

Медицинска екипа, заедно со пациент се заглавени во лифт во зграда во Кисела Вода во Скопје. Од ЦУК информираат дека заглавените побарале помош од 112 и дека се известени сите надлежни за спасување. -Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје. Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ ...

Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, денеска (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“. Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Србија“. Ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со ...

Овен Овни, денеска фокусирајте се на завршување на заостанатите работи. Вашата продуктивност ќе биде на високо ниво. Денеска ќе почувствувате зголемена потреба за интимност со саканата личност. Искористете ја можноста за романтичен состанок. Можни се мали главоболки. Пијте доволно вода и одморете се. Бик Бикови, донесувајте финансиски одлуки со претпазливост. Консултирајте се со експерти пред да направите големи инвестиции. Во вашиот љубовен ...

Здодевни натпревари кои завршија без победник понуди последното коло во Ц групата на Европското првенство. Англија ја освои групата со пет бода, Данска и Словенија освоија по три, а Србија со два бода го заврши турнирот. Данска и Словенија освоија ист број на бодови, имаат гол рзлика, но Данците добија помалку жолти картони. Инаку резултатите во оваа група ја елиминираа Хрватска од Европското првенство. Кукавичката, дефанзивната определба со ...

Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. - Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го ...

Денеска (25.06.2024) во 03.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.В.(77) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и две други патнички возила, „шевролет“ сопственост на М.С.(40) и „пежо“ сопственост на М.О.(49), двете од Скопје. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил ...

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери. На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на ...

Бугарското МНР денеска реагира на изјавата македонскиот премиер Христјан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ. – Министерството за надворешни работи упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и самата Северна Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на ...

На Европското фудбалско првенство селекциите на Србија и Данска денеска во 21 часот треба да одиграат натпревар од последното коло. Неколку часа пред почетокот на натпреварот албански навивачи пристигнаа на Маријен Плац. Дошло до конфликт и биле фрлани шишиња меѓу навивачките групи. Германската полиција се обиде да ги спречи нередите со фрлање солзавец, а потоа почнаа мали судири меѓу српските навивачи и органите на редот. Навивачите на ...

Андон Чибишев е новиот директор на Клиниката за токсикологија, а утре ќе биде назначен нов директор на Клиниката за онкологија, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој беше во посета на Здравствениот дом Скопје од каде најави вработувања во здравството. - Професор Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Исто така се надевам дека утре ќе го назначиме и новиот директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. ...

Познатиот македонски музичар и една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија, Влатко Стефановски, кој годинава слави 50 години на сцена, на 6-ти јули ќе одржи голем концерт во Ниш, јави дописникот на МИА од Белград. Стефановски во градот на Нишава ќе настапи заедно со своето трио составено од Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукиќ (бас), а концертот ќе се одржи во дворот на Универзитетот (Бановина) со почеток од 21 часот. Магионичарот на ...

Новиот министер за здравство Арбен Таравари уште на првиот ден по седнувањето на министерското столче веднаш разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност и за кои не постои законска пречка за експресно да ги напуштат фотељите. Според информации на „Фокус“, во моментот разрешени се директорите на скопската Клиника за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, ...

61-годишен велосипедист тешко повреден откако бил удрен од „опел“ на една скопска раскрсница. На 24.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, ...

Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Демир Хисар, било пријавено дека на место викано „Чагор“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(71) од Прилеп, и патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(22) од Демир Хисар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од ...

Овен Овни, на работа ве очекуваат нови предизвици, но успешно ќе ги надминете со малку дополнителен труд. Денеска особено ќе ве привлекува саканата личност. Искористете ја можноста да поминете квалитетно време заедно. Внимавајте на исхраната. Избегнувајте брза храна и обидете се да јадете повеќе свежо овошје и зеленчук. Бик Бикови, денеска на работа ќе ви биде доделен нов проект кој ќе бара ваша целосна посветеност. Бидете подготвени да го ...

Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период на известување и затоа Северна Македонија остана на ниво 2, стои во извештајот за трговијата со луѓе што денеска го објави американскиот Стејт департмент, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. - Овие напори ...

Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје. Паднати дрвја, блокирани улици, скршени прозорци од домови, осакатени сообраќајни знаци и откачени семафори е денешната слика низ главниот град. Граѓаните се фрапирани. Надлежните екипи се на терен, работат на санирање на штетите. По вчерашниот хаос, денеска сообраќајот е регулиран. Најкритично е во Автокоманда, кај полициската станица. Поради тоа што дрвјата паднаа врз трафостаницата, ...

Момче со потежок облик на епилепсија е првиот пациент во светот на кого му е вграден новиот уред за контрола на напади, директно во неговиот череп и чија состојба е значително подобрена, објави Би-би-си. Операцијата е направена во октомври 2023., како дел од испитувањето во болницата „Грејт Ормонд стрит“ во Лондон, во соработка со Универзитетот на Оксфорд. Оран Ноулсон тогаш имал 12 години. Момчето од Сомерсет има Ленокс-Гасто синдром, вид на ...

Сосовите се одлични за додавање вкус на јадењата, но за жал, не сите се добри за нашето здравје. Висококалоричните опции како мајонез и други сосови може да содржат големи количини на калории и нездрави масти. Ако ги консумираме премногу, тоа може да влијае на нашиот метаболизам предизвикувајќи зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми. Сепак, знаењето кои сосови да ги избегнуваме може да ни помогне да направиме подобар ...

Холивудската актерка Анџелина Џоли позира со 15-годишната ќерка Вивиен на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Тони 2024“, со кои се слават достигнувањата во американскиот театар. Облечена во луксузна тиркизна тоалета од „Версаче“, Анџелина Џоли изгледаше како статуа на грчка божица. Тоалетот го стилизира со соодветни златни прстени, тиркизни алки и голема сребрена белезица од брендот „Алексис Битар“, пишува РТС. Вивиен, една од ...

Истражувањето покажало како медот влијае на шеќерот и холестеролот во крвта, а научниците истакнале дека се изненадени од резултатите. Го нарекуваат течно злато. Извонредните својства на медот се користат во медицината уште од античко време, а тоа е и една од главните причини зошто е спроведено истражувањето. Научниците сакаа да откријат како медот влијае на нивото на шеќер во крвта и колку мед е доволно. Резултатите се објавени во научното ...

Актерот од „Пиратите од Карибите“ Тамајо Пери почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи. Актерот (49) починал во неделата попладне, потврдиле службите за итна помош во Хонолулу на прес-конференција, пренесува Би-би-си. Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13 часот по локално време. Пери, кој исто така бил спасител, бил прогласен за мртов од болничарите откако бил донесен на брегот на џет ски. ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик министерката за здравство Маја Манолева само со нејзиниот потпис и дека ја одобрува таквата одлука. – Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), нормално го вратила стариот ...

Унгарската фудбалска федерација објави дека на репрезентативниот дефанзивец Баранбас Варга ќе му биде потребна операција. – Неколку коски од лицето на Варга беа скршени при судир на натпреварот. Доживеа и потрес на мозокот. Напаѓачот на Ференцварош најверојатно ќе биде опериран, изјави претставник на федерацијата, пренесува „Goal“. Селекторот на Унгарија, Марко Роси, соопшти дека 29-годишниот фудбалер ќе го пропушти остатокот од Европското ...

Од полноќ ќе плаќаме поскапи горива. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на ...

Денеска во Министерството за внатрешни работи, досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Панче Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада. На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството. Тошковски е роден во Велес на 14 јуни 1982 година. Дипломира и магистрира на Правниот ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
27%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.12
27%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
78%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
30%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.9
21%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
81%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.63
32%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
40%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 27ᴼ
2.57
30%
1013
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
7.2
47%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
36%
1017
Currency

61.525

Currency

52.2238

Currency

71.2961

Currency

34.256

Currency

38.4297

Currency

65.8212

Currency

7.29096

Currency

0.66212

Currency

0.36193

Currency

0.52523

Currency

1.31169

Currency

0.61183

Алуминиум

2.61

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15240.00

Рутениум

24048.76

Калај

33.98

Сребро

1184.46

Злато

107145.23

Бакар

10.06

Паладиум

36040.99

Платина

44470.11

Родиум

176829.11

Цинк

2.73