Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во периодот од 26 јули до први август 2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, идентично со претходниот седмодневен период (n=25), извести Институтот за јавно здравје. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје (n=13; 52,0%), а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово. Географска дистрибуција на случаи на голема кашлица во РСМ, ...
Скопје денеска одбележува осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, а материјалната штета беше огромна. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска на својот фексбук-профил напиша - „Никогаш да не се ...
Тешко е повреден велосипедист во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово. - На 05.08.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, после крстосница со с.Копаница, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(59), удрило во велосипед управуван од А.П.(40), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, ...
Овен Овни, има одлична можност за напредок на работа, но треба да покажете вештини за тимска работа за да ја искористите. Денеска ќе почувствувате одлична поврзаност со саканата личност. Искористете ја оваа емоционална хармонија за да поминете квалитетно време заедно. Пијте доволно течности за да останете хидрирани за време на летните горештини. Бик Бикови, обидете се да ги завршите сите задачи што сте ги започнале денеска за да не бидете ...
Почина новинарот Саше Димовски кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем. Димовски почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации. Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Фокус, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во ...
Во светот има нов тренд на патувања којшто во англоамериканскиот „сленг“ се нарекува „Coolcation“… Во слободен превод на македонски, тоа би звучело како „свеж одмор“, бидејќи се однесува на туристите кои бараат – постудена клима за својот годишен одмор. Со високите летни температури деновиве, сѐ повеќе луѓе, на пр. – од Средна и Јужна Европа патуваат во Холандија, Скандинавија итн. Во таа смисла, порталот „Евроњуз Србија“ го издвојува градот ...
Провалници упаднале во куќата на познатата двојка Том Хенкс и Рита Вилсон во Лос Анџелес. Крадците го скршиле стаклото и влегле во гостинската куќа на нивниот имот, пренесува „Ти-ем-зи“. Наводно, инцидентот се случил во текот на денот додека сопружниците биле надвор од градот, а алармот кој се активирал од скршеното стакло не бил доволен за да ги спречи крадците да влезат внатре. Хенкс и Вилсон не се единствените жртви на големиот пораст на ...
Шефот на обезбедувањето на собранискиот претседател Африм Гаши, С.С доби кривична пријава и суспензија од работното место за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кој се случи пред неколку дена. По истрагата на Внатрешната контрола на МВР е утврдено дека Синани кој е началник на одделот за лично обезбедување на Гаши, постои основи на сомневање дека ги сторил кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и ...
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански денеска преку јавна објава изрази јавна благодарност до сите кои учествувале во гаснењето на неодамнешниот пожар. Во изминативе неколку денови, Општина Пехчево беше зафатена со пожар од големи размери, а на местата кои беа зафатени од пожарот се уште има 24 часа дежурни екипи и мобилни патроли. -Дозволете ми од мое лично име, да Ви се заблагодарам на сите јавни и државни институции, доброволни ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на ...
На социјалните мрежи се споделува видео од неубавата глетка во паркот во Козле, со скопски Карпош. Очигледно високите температури и негрижата на надлежните си го направија своето. - Како и најголем дел од зеленилото и парковите во Скопје, и тревата околу зградите во Козле е целосно уништена. Урбаната опрема е уништена. Вистинска апокалипса. И очигледно ниту Град Скопје, ниту општина Карпош, ништо не превземаат. Срамота! - се вели во коментарот ...
Министерството за внатрешни работи, утрово поднело кривична пријава и предлог за отстранување од работното место за лицето С.С. кој е дел од личното обезбедување на претседателот на сообрание Африм Гаши, дознава Скопје Инфо. Според изворите во Министерството за внатрешни работи, тој се сомничи дека на 1 август, пристигнал на скопскиот аеродром, каде со вербални закани попречил полициски службеник во извршување на работните задачи. Притоа со ...
Овен Овни, подгответе се за важен состанок. Вашата креативност и иновативните идеи заслужуваат пофалби од претпоставените. Искрените емоции денеска доаѓаат до израз. Саканата личност ќе ве изненади со гест кој ќе ве остави без здив. Добро се чувствувате, но препорачливо е повеќе да внимавате на физичката активност Бик Бикови, фокусирајте се на деталите и внимавајте на ситниците кои можат да направат разлика во проектите на кои работите. ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, заедно со дел од неговиот тим го посетиле местото „Букоково“, на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гори борова шума, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Како што наведуваат од МВР, Јанев се заблагодарил за пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија, како и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија ...
Македонската влада вети дека ќе го подобри воздушното поврзување на земјата со плановите да започне нова шема за субвенционирање следната година за воведување нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид. „Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид. Нашата цел е следната година да лансираме нови дестинации кои во моментов не се опслужуваат од ...
Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, ...
На 03.08.2024 во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај „Василевска крстосница“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Штип, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(75) од село Раклиш, радовишко и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано на ...
Вкупно 42 пожари имало вчера на отворен простор, од кои во моментов пет се активни. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Тажево – Брезница – кракот кон Јасен, во Општина Демир Хисар и Општина Охрид кај Илинска планина, селото Базерник, Општина Охрид кај Косел – Расино – Опеница, Вапила, активен е на четири точки, во Општина ...
Министерството за надворешни работи ги повика македонските граѓани итно да го напуштат Либан, поради влошената ситуација. Претходно уште неколку држави ги повикаа своите државјани да ја напуштат оваа земја. „Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика. Имајќи ...
Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може да се претвори во нешто големо, што дури може да ви донесе и приход. Внимавајте да не го запоставите партнерот. Бик Вашата денешна решителност може да ве однесе далеку, затоа не дозволувајте другите да ве поколебаат во вашите планови. Работевте напорно во претходниот период, а сега ви се исплати. Можни ...
Последниот месец од летото не е време за активни акции. Според кинескиот хороскоп, најдобро е да го правите она што ви носи задоволство сега. Не е важно што е, шопинг или одмор, најважно е да не ве вознемирува пред почетокот на есента. Еве што им носи кинескиот хороскоп за август 2024 година за сите хороскопски знаци: ГЛУШЕЦ 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008 година. Август 2024 година ќе ви донесе добра заработка, а тоа не мора нужно да се ...
Аеросмит повеќе нема да биде на турнеја, бидејќи гласот на фронтменот Стивен Тајлер е трајно оштетен откако во септември минатата година ги повреди гласните жици. „Тој помина неколку месеци работејќи неуморно за да си го врати гласот. И покрај тоа што работеше со најдобрите медицински тимови, видовме како се мачеше. Јасно е дека целосно закрепнување на неговиот глас не е можно“, се вели во соопштението на групата, пренесува Ројтерс. Тајлер ...
Продукцијата „Universal“ ги откупи правата за мемоарите на Бритни Спирс „Жената во мене“ и ќе снима филм за животот на поп ѕвездата, објави Си-Ен-Ен. Режисерот Џон М. Чу ќе го режира филмот, а продуцент ќе биде Марк Плат. Спирс на социјалните мрежи сподели дека е возбудена да сподели дека работи на проект со Марк Плат, кој работел на нејзините омилени филмови. За мемоарите на Спирс имало компетитивна аукција помеѓу големите филмски студија и ...
Џастин Тимберлејк се изјасни за невин за возење во пијана состојба, а судијата нареди да му се одземе возачката дозвола, објавија американските медиуми. Пејачот (43) бил запрен на 18 јуни во градот Саг Харбор, на околу 160 километри источно од Њујорк, откако полицијата забележала дека неговото БМВ не застанало на знак за стоп и не е во сообраќајната лента. Полицаецот кој го запре пејачот рече дека тој не е способен да вози. „Неговите очи беа ...
Претседателството на Република Косово во петокот излезе со соопштение до јавноста во кое ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено ...
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари на отворено, од кои во моментов девет се активни, пет се под контрола, додека 26 се изгаснати, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Посочи дека активни пожари има во општина Македонски Брод измеѓу село Тажево, село Брезника и Кракот кон Јасен, во општина Пробиштип кај селата Зелениград и Јамиште, како и кај селото Долно Барбарево, во општина ...
Под слоганот „Борбата трае“ вчера беше одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, на која државниот врв упати пораки за единство, сплотеност, за сочувување на националниот идентитет, посветеност на економскиот развој и на реформската агенда на патот кон евроинтеграцијата на државата со цел таа стане пристојно место за живеење. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се ...
ОВЕН Во последно време сè сигурно не одеше според планот, но денес може да претворите добар дел од негативните настани во позитивни. Оние кои не сте задоволни од врската со личност од спротивниот пол, денес треба да ги разгледате следните чекори бидејќи тоа е единствениот начин да се решат стресот, грижите, но и потенцијалните нови проблеми. БИК Очекувајте доста тешки врски со други луѓе, затоа бидете подготвени за најлошите сценарија за да ...
Томе Божиновски, 85-годишниот жител од скопската населба Тафталиџе, кој пред пет дена беше пријавен за исчезнат, пронајден е мртов. „Драги соседи, пријатели, познаници, огромна благодарност што изминатите пет дена бевте со нас и што неуморно го баравте. На 2 август 2024 година, нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски е најден починат,“ се вели во објавата од неговото семејство. Томче исчезна на 29 јули рано наутро, а ...
Откако во медиумите осамна дека Џенифер Лопез и Бен Афлек поднеле барање за развод, обожавателите на латино дивата и холивудскиот актер со нетрпение ги очекуваат официјалните вести. По неколкумесечни шпекулации, потврдено е дека американската пејачка и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се пред развод. Пријателите на парот за „Daily Mail“ откриле дека парот повторно се обидува да се разведе откако пропаднал и последниот обид за ...