Партијата на пензионерите (СУ) предупреди дека сиромаштијата кај постарите лица во Хрватска систематски се игнорира, додека политичките партии се фокусираат на скандалите и борбата за власт. Таа повика на итни промени во пензискиот систем и построги мерки за борба против сиромаштијата, наведувајќи податоци според кои еден од пет Хрвати е „официјално сиромашен“. Во соопштението, Партијата на пензионерите истакнува дека не сака да ја намали ...

Децениските истражувања покажаа дека грбавите, перкастите и минке китовите се појавуваат сè повеќе во водите покрај Источен Гренланд, кои претходно им беа недостапни поради морскиот мраз. Повлекувањето на мразот , предизвикано од затоплувањето на морето, отвори нови области за нивно хранење во текот на летото и доведе до голема промена во екосистемот на регионот , објави Би-Би-Си. Истражувањата покажаа ненадејно зголемување на бројот на ...

По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...

Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници. „Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да се врати на моделот каде што разни функционери од кабинетот одржуваат прес-конференции во Белата куќа, по заминувањето на прес-секретарката Каролин Ливит на крајот од овој месец. Според извори на CNN, сè уште нема конечна одлука за тоа кој ќе го замени Ливит. Висок функционер на Белата куќа рече дека Трамп „сè уште не знае кого да избере“ и не покажува итност по ова прашање. Во меѓувреме, ...

Германија регистрираше рекорд од речиси 14.000 смртни случаи поврзани со топлината ова лето, додека Европа се бореше со серија казнувачки топлотни бранови, покажаа официјалните податоци во четврток. Околу 9.600 од овие смртни случаи се регистрирани во рок од една недела кон крајот на јуни, кога Германија беше жешка со температури над 40 степени Целзиусови, според Институтот „Роберт Кох“. Топлотните бранови и сушата предизвикаа историски жешко ...

Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата. По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални. „Во рамки на градежните активности е предвидена изведба на нови преградни ...

ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај, велат од ВЛЕН. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во ...

Европската Унија изјави дека Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, почитувајќи го Уставот, домашното законодавство и демократските стандарди. Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, во четврток, на 20 август, изјави дека одлуката за организирање на изборите е на украинските институции, пренесува Телеграф. „Украина сама мора да одлучи кога да ги развие, со целосно почитување на својата законска рамка“, изјави Хипер, ...

Градоначалникот на Комо забрани возење велосипед во одредени области од историскиот италијански град откако беше удрен од електричен велосипед. Алесандро Рапинезе рече дека забраната е неопходна за подобрување на јавната безбедност. Тоа значи дека од септември, велосипедистите ќе мора да се симнат од велосипедите на површина од околу 30 патишта, објавува Телеграф. Тој за италијанската новинска агенција Анса изјави: „Луѓето дејствуваат врз ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...

Шест дронови лансирани од руските вооружени сили во текот на ноќта помеѓу четврток и петок го погодија селото Лебјаже, во областа Чухуив, Харковски регион, предизвикувајќи две жртви. Според гувернерот на Харков, Олег Синегубов, цитиран од украинската новинска агенција „Униан“, во нападот загинале 73-годишен маж и 66-годишна жена. Две други лица, 41-годишен маж и 73-годишна жена, беа повредени и добија потребна медицинска помош, јавува tch. ...

Се очекува бројот на туристички патувања низ целиот свет да продолжи да расте и да достигне 2,4 милијарди до 2040 година. Нова студија на „Делоит“ и „Гугл“ предвидува дека Шпанија ќе ја престигне Франција и ќе стане најпосетуваната дестинација во светот. Во 2025 година, Франција го задржа првото место, домаќин на 102 милиони меѓународни туристи. Следува Шпанија со 96,8 милиони посетители. Сепак, според прогнозите, до 2040 година Шпанија би ...

Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и ...

Со појавата на филмот „Одисеј“, легендарниот остров Итака повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Островот, кој со векови се сметал за дом на еден од најпознатите херои на античкиот свет, денес привлекува сè повеќе туристи. Исто така, го привлекува вниманието на археолозите кои се обидуваат да откријат колку приказната на Хомер е навистина заснована на историски настани. Дали историскиот владетел кој послужил како инспирација за ...

Додека жените секогаш се во дилема околу големината на своите гради, битката за мажите е околу големината на нивните гениталии. Во овој поглед, не е изненадувачки што неговото зголемување е една од интервенциите што е на самиот врв на листата на естетски процедури. Бранкица Тепавчевиќ, доктор по естетска медицина и пластична хирургија, за ТВ Прва вели дека помладите мажи најчесто доаѓаат да го зголемат пенисот поради несигурност , додека кај ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...

„Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вие велите дека апликацијата ја изработил ...

Ненадејната одлука на принцот Хари и Меган Маркл да се преселат во Велика Британија ја шокираше светската јавност, а сега се шпекулира дека тие се селат поради семејството на принцезата Дајана. По години поминати во Калифорнија, двојката наводно сака да биде поблиску до семејството на Хари, додека нивните деца наскоро ќе направат голем чекор – ќе започнат со школување во Велика Британија, пишува Би-Би-Си. Иако одлуката беше донесена прилично ...

Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...

Неочекуваното соопштение за роденденот предизвика бројни реакции од обожавателите. Актерот Џон Стамос го прослави својот 63-ти роденден на 19 август , а по тој повод, ги почасти своите следбеници со необична објава на Инстаграм, која, како што се очекуваше, привлече големо внимание. Тој објави црно-бело селфи на кое позира без облека , со лицето покриено со мобилен телефон. Селфито е направено во бањата, пред огледалото, а сликата е ...

Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром. Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, коишто се одржуваат во Таранто, Италијанската Република. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село каде ќе оствари средба со македонските спортисти, а попладнево ќе присуствува на приемот којшто го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во чест на шефовите на делегациите. Од независноста ...

„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови. ...

Сопругата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Џил Бајден (75), потврди дека ракот на простата кај поранешниот претседател се проширил на коските, дека е свесна дека тој ќе умре, но дека се обидува да ги отфрли негативните мисли и дека не може да го замисли животот без него. Сопругата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Џил Бајден (75), потврди дека ракот на простата кај поранешниот претседател се проширил на ...

Цените на дизелот во Германија се зголемија за повеќе од 30 проценти за два месеци, достигнувајќи го највисокото ниво за три месеци, бидејќи растечките цени на нафтата, прекините во снабдувањето и зголемените логистички трошоци ги зголемуваат цените на горивата, пренесува Анадолу. Цените на горивата низ Европа се зголемија бидејќи геополитичките конфликти, вклучувајќи ја војната меѓу Русија и Украина и тензиите во кои се вклучени САД, Израел ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за ...

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од Влен сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“, велат од ДУИ. „Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори. Нивниот молк ...

Денеска до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пет пожари: Општина Прилеп: село Чаниште – крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација); Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35