
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Водителката Бојана Лазиќ се фотографираше во лифт и ја објави на Инстаграм, а сите коментираа за нејзиниот стајлинг. Имено, водителката носела бело мини здолниште и црни чизми, кои ги комбинирала со црна јакна, а комплиментите за нејзиниот физички изглед не престануваа. Бојана важи за една од најатрактивните водителки, а нејзините објави на социјалните мрежи често се тема на разговор. Имено, неодамна се зборуваше за тоа дека е цела оперирана, ...
Македонскиот (т)рапер Таско во месец септември 2024-та стана татко по вторпат. Неговата сопруга Наташа (алиас Таша Реј) се породи во една приватна скопска болница каде на свет пристигна здраво и живо женско бебе кое го доби името Кирјана. Семејството се прошири за уште еден член, а со тоа се зголемија и семејните обврски, особено оние родителските. Сега мама наместо за фотосесии едвај има време за себе за едно селфи, а Таско покрај сите други ...
Откако се ожени по вторпат и стана татко на второ синче, а потоа и на ќерка, поп-пејачот Даниел Кајмакоски стана потранспарентен пред јавноста и медиумите. Неговиот Инстаграм профил редовно е подновен со објави од најмалите и најмилите, па кај него како што е пракса за повеќето познати, нема ниту криење на наследниците, туку напротив тој преферира гордо да ги покаже пред сите. Хармонијата никогаш поубава, љубов до плафон, но и предизвици со ...
Пејачката Нина Бадриќ (52) минатата година прослави 30 години од својата кариера, а сега за хрватските медиуми се потсети на своите почетоци. Нина денес се смета за една од најпознатите хрватски пејачки, а сега откри каков бил нејзиниот прв професионален настап. – Добро се сеќавам на тоа, во Омишаљ на Крк, каде на настапот бевме келнероти јас – рече пејачката, додавајќи дека не ѝ било платено бидејќи, како што вели, газдата ѝ рекол дека никој ...
Поранешната поп-пејачка, а сегашна инфлуенсерка дотурка до последната трудничка фаза од третиот триместар на бременоста. Изминатиот преиод Зои секојдневно ги информираше своите следбеници за многу детали од бременоста и како тоа се чувствува од месец во месец. Зои носи девојче кое многу наскоро треба да пристигне на свет, а пред крајот на 39-тата и почетокот на 40-тата недела од бременоста, бебето од стомак и прати лажни сигнали на мама. Беа ...
Ако кажете Верица Томовска, како што и пишува во нејзината матична книга на родени и крштеница, за која личност се работи ќе знаат само нејзините најблиски. Во гимназиските денови открива дека може да биде пејачка, па со бендот во кој ќе членуваат две идни брачни двојки, вклучувајќи ја подоцна и неа самата и нејзиниот покоен сопруг, како и еден денес познат ТВ водител, групата „Психо“ ќе биде забележана на еден од некогашните „Рок фест“ музички ...
Владимир Јакшиќ Муса, брат на Жика Јакшиќ, кој ја крена публиката на нозе во големото студио Гранд на самиот почеток од емисијата „Никогаш не е доцна“ емитувана во недела. Тврдиот звук на електричните гитари најавуваше дека публиката ја очекува целовечерен спектакл, а песната „24 сата дневно R’n’R“ од бендот Револвери, во кој Муса беше фронтмен, ги оправда сите очекувања. – Добра вечер, драги гледачи, добредојдовте во шоуто „Никад није касно“. ...
Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица откри дека е голем љубител на животни и дека има 17 домашни миленици – 16 кучиња и една мачка. Бресквица проговори за својата љубов кон животните за време на гостувањето, а кога ја прашаа колку домашни миленици има, ја шокираше водителката. View this post on Instagram A post shared by UNA TELEVIZIJA (@unatelevizija) „Имам 16 кучиња и една мачка кои живеат со нас, а имам уште две кучиња кај мама и тато“, рече ...
ОВЕН Денеска е добро време да ги зајакнете односите со луѓето околу вас, особено со вашите најблиски. Фокусирајте го вашето внимание на вашето семејство и домашната средина. Во исто време, бидете внимателни кога ракувате со финансиите, проверете го секој детал пред да донесете одлука. Доколку не сте сигурни за некоја лична работа, побарајте совет од доверлива личност. БИК Ситуациите поврзани со роднините ќе бараат сочувствителност и внимание од ...
Иако тоа е многу потешко да се признае, особено кога сте со некој подолго време во љубовна врска, љубовта сепак може да исчезне за момент, па да доведе до раскинување на врската. Запоставување и премногу опуштање се само некои од работите поради кои поголем дел од жените во љубовната врска не се чувствуваат сакано. Во продолжение прочитајте ги трите најчести причини поради кои жените најчесто раскинуваат: Недостаток на почит Секоја жена сака да ...
Онлајн запознавањето е во тренд. Сепак, според новото истражување на здравствен осигурител, тоа често предизвикува негативни емоции. За 59 отсто од испитаниците на возраст меѓу 18 и 60 години, барањето партнер преку интернет, преку апликации за запознавање, довело до „емоционална исцрпеност и фрустрација“, покажа истражувањето на институтот за осигурување Форса ККХ. Според истражувањето, 37 отсто од учесниците во анкетата се бореле со тага или ...
Пејачката Дара Бубамара често е мета на критики поради своите фотографии на социјалните мрежи. Но, да не беше фотошопот, тогаш ќе се зборуваше за неа поради нејзините провокативни пози. Сега Дара Бубамара позираше во бањата, облечена во тексас комбинација. Прекратките шорцеви беа засенети од раскошното деколте на пејачката. Таа ја откопча кошулата, не носејќи ништо под неа, а нејзините бујни гради ја разгореа имагинацијата на многумина. Да ...
Анастасија Ражнатовиќ денеска со семејството Гудељ го слави Ѓурѓовден. Ова е втора година како Анастасија ја слави својата слава во Шпанија, која ја стекна откако се омажи за фудбалерот Немања Гудељ. Наследничката на Цеца се огласи на Инстаграм за да им го честита празникот и на своите следбеници. По тој повод таа сподели слика од икона на Свети Ѓорѓи како убива ламја. Веднаш по свадбата, Анастасија се пресели во Шпанија, каде што живее со ...
Пејачките Сузана Гавазова и Антониа Гиговска важат за дами со стил кои секогаш знаат да се облечат и да привлечат внимание со изгледот, а овој пат се одлучија за слични комбинации. Имено, вчера на 5 мај , Гавазова на кратките приказни на Инстаграм сподели неколку видеа во комбинација која потсетува со онаа на Антониа Гиговска која ја носеше во новиот спот на песната „Аман“ која неодамна ја сними и ја објави пред јавноста ден порано, односно на 4 ...
Откако убавата и харизматична прилепчанка Александра Трајческа блесна на минатогодишниот „Макфест 2024“ со песната „Навика“, стана се попозната и побарана за настапи, иако пејачката секогаш баш и не е достапна за македонската публика. Имено, како што е помалку или повеќе познато, Александра како и Ноне, по неколку месеци во годината работи на прекуокеанските крузери, но таа за разлика од „најпрошетаната велешанка“ и таму е пејачка и го пее ...
Лепа Лукиќ ја коментираше изјавата на нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која неодамна истакна дека не разбира зошто пејачите кои имаат над 60 години сè уште настапуваат. За српските медиуми, Лепа сега откри дека изјавата на нејзината колешка воопшто не ја засега, бидејќи е свесна за фактот дека публиката сè уште ги сака нејзините песни. – Секој нека си гледа своја работа. Ме бараат насекаде, што да правам? Тие се виновни што ме бараат мене? Не ...
Pоранешniot популарен пејач кој беше во центарот на музичката сцена во 2000-тите со хитовите како „На дистанци“, „Плава моторола“ и „Југиќ“, повторно го привлече вниманието на јавноста. Бојан Томовиќ со години се бори со биполарно растројство, а во еден момент шокираше со својата исповед. Во тоа време, тој јавно зборуваше за желбата да биде успиен бидејќи се борел со својата состојба. – Сакам да ме успијат во Холандија, каде што еутаназијата е ...
Ким Кардашијан повторно успеа да биде главна тема на Мет Гала – но овој пат, тоа не беше само поради нејзината екстравагантна облека. На црвениот тепих на престижниот настан, ријалити ѕвездата имаше незгоден момент кога се сопна од невнимателен потег на обезбедувањето, а целиот инцидент заврши на социјалните мрежи. Ким се појави на овогодинешната Мет Гала со нејзината 11-годишна ќерка Норт Вест, но нивниот формален настап беше прекинат кога еден ...
Неодамна беа одбележани 40 дена од смртта на Саша Поповиќ, а семејството и пријателите се собраа на гробиштата во Бежаниja тој ден. Сепак, сите забележаа дека немаше лице од емисијата, односно дека дојдоа само двајца пејачи. Исто така, големо изненадување беше што ниту еден од членовите на жирито на „Ѕвездe Гранда“ не се појави, а Вики Миљковиќ ја откри вистинската причина за Ало.рс – Моето присуство беше отсутно поради смртта на мојот брат, а ...
По трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска е првата која реши да организира хуманитарен солистички концерт за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во страотниот пожар каде животите ги загубија 62 воглавно млади луѓе. Музичкиот настан го закажа за 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Уште во самиот старт Тамара нагласи дека ако е концертот хуманитарен, гратис влезници нема за ...
Принцот Луис повторно го украде вниманието. Тој и неговите брат и сестра, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, присуствуваа на големата парада во Лондон по повод Денот на победата во Европа, прослава во чест на ветераните од Втората светска војна и Денот на победата во Европа. Младите принцови и принцезата пристигнаа придружени од нивните родители, принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс. Луис е познат по своето палаво однесување на разни јавни ...
Ријана (37) откри дека го чека своето трето дете со партнерот Асап Роки на спектакуларен начин – покажувајќи го трудничкиот стомак на црвениот тепих на Мет Гала 2025 година. Пејачката изгледала неверојатно во скратен блејзер на Марк Џејкобс, волнен корсет и здолниште со пруги кои се одликуваа со шлиц до бутовите и интересен детал во форма на уште една јакна. Носела чевли со високи потпетици, подигната коса во елегантна пунџа под впечатлив шешир, ...
Според лекарите, не треба да се спие на стомак, бидејќи тоа може лошо да влијае на човековото здравје. Д-р Шерил Литгоу од Јорк, Велика Британија, наместо тоа, препорачува спиење на страна, особено за оние кои ‘рчат или имаат апнеја при спиењето. – Спиењето на стомак, имено, може да предизвика оштетување на ‘рбетот, зглобовите и нервите. Оваа положба може да предизвика и респираторни проблеми… Положбите во спиењето што вршат прекумерен притисок ...
Витаминот Ц е еден од клучните хранливи материи за одржување на здравјето и правилно функционирање на телото. Покрај сѐ друго, има важна улога во зајакнувањето на имунитетот, одржувањето здрава кожа, крвни садови и ткива и му помага на телото да апсорбира железо. Иако во повеќето случаи може да се внесат доволни количини на витамин Ц преку здравата исхрана, понекогаш може да се појави и негов недостаток. Најчестите причини за ова се лошите ...
Софија Вергара воодушевува со корсет од тантела и фармерки додека е во Мадрид. Нема ништо позабавно од тоа кога ќе го претворите вашето омилено парче долна облека во облека за вечерно излегување. Денес, носењето долна облека како обична облека не само што е прифатено – туку стана и вистински моден тренд. Познатите дами веќе некое време го водат овој стил: минатиот септември, Ирина Шајк прошета по пистата во проѕирен црн фустан сличен на долна ...
Во месец февруари младата пејачка со кумановско потекло, Ивона Јовановиќ или попозната како Ивона Јо легна под нож во приватна болница во Турција каде реши да направи липосукција на стомак и отстранување на подбрадокот. По три месеци, најтешкото помина, а пред имаше период на опоравување од кој за среќа и задоволство на сите, Ивона беше на вистинскиот пат за во огледало да го види она за што тргна храбро и одлучно. Откако се стави себеси пред ...
Со месец мај не само што стартуваше пролетта, туку со повисоките температури како да дојде летото. А кога е така топло на сите првата мисла ни е една – плажа, море, езеро! 1-ви мај, иако не беше споен празничен викенд, многумина решија да го направат како таков на сопствена режија, а со тоа да направат бегство на југ и да се распостелат на морето под сончевиот зрак собирајќи витамин Д. Една од нив беше и пејачката Маја Гроздановска Панчева која ...
По повод неговиот 50-ти роденден, Дејвид Бекам се потсети на најдобрите моменти од неговата кариера и живот, споделувајќи емотивни пораки и фотографии со семејството и пријателите. Дејвид Бекам вели дека „се чувствува многу среќен“ што го прославува својот 50-ти роденден. Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сподели серија фотографии на кои се гледа како ја слави роденден со сопругата Викторија и децата – Ромео, Круз и Харпер. ...
Овен Љубов Искрени совети од добри луѓе ќе ви помогнат за да го поминете овој за вас здодевен љубовен период. Многумина ќе побараат книга со совети за својот приватен живот. Ќе ги употребат советите дури подоцна кога ќе бидат во врска. Кариера Веројатно ви претстои поголема материјална добивка, која ќе ве засили и ќе ве поттикне да работите уште повредно ценете го трудот на секого, но она што сега ќе се постигне ќе го сметате за исклучиво ...
Во среда, на 07 мај 2025 година во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје во кино салата Фросина со почеток во 13.30 часот ќе се одржи комеморација за неодамна прерано починатиот македонски музичар, композитор, текстописец, аранжер и музички продуцент, Тоше Поп Симонов. Настанот симболично се организира токму на местото каде што Тоше ги направил своите први посериозни музички чекори и ги забележал првите успеси во далечната 1980 година како ...