Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Пејачката Сузана Јовановиќ, по 27-годишна пауза и загубата на сопругот, реши да се врати на музичката сцена. Сузана ќе пее пред белградската публика на 26 и 27 јуни на стадионот Ташмајдан, во рамките на концертот „Јужни ветра“. Иако со децении нејзин приоритет беше семејството, Сузана Јовановиќ сега донесе одлука и одлучи дека е време за музика. Како што признава самата, оваа одлука не дошла лесно, особено по тешкиот период во нејзиниот живот ...
Мадона наводно ги оценувала своите момчиња врз основа на еден малку необичен критериум – распоредот на бањата. Кралицата на поп-музиката признала дека во текот на 1980-тите, кога била дел од њујоршката клупска сцена, ги прашувала потенцијалните партнери дали имаат када и туш што може да ги користи. „Се забавував со момци врз основа на тоа дали имаат када и туш што можам да ги користам“, рече 67-годишната Мадона низ смеа за време на ...
Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова меѓуостанатото е и љубител на домашни миленичиња, па така секогаш кога е во можност сос ебе ги носи и двете мачиња. Мазо и Џоџо се две тигрести братчиња,од коипрвиот е повозрасен и поискусен, па го учи оној помалиот како да се снаоѓа во животот, тренирајќи му го инстинктот за ловење, иако газдарицата никогаш не ги остава гладни, без јадење. И додека таа онака ...
Кремаст, природен и неодоливо освежителен – овој домашен сладолед од ванила е вистинско летно уживање. Подготвен со вистинска ванила и збогатен со освежителен малинов прелив, ќе ве освои со својата нежна текстура и богат вкус. Совршен десерт за топлите денови, кој лесно може да го направите и дома. Потребни состојки: 180 мл слатка павлака (за шлаг) 5 јајца (по можност домашни) 300 мл полномасно млеко 1 стапче ванила (само семките) 115 грама ...
Барбара Бобак отворено зборува за своето патување до совршена фигура, нагласувајќи дека теретаната е единствено заслужна за нејзиниот успех. Барбара Бобак доминира на забавната сцена веќе неколку години. Пејачката ја изненадува својата публика со нова музика од проект до проект, но и со својот изглед. Бобак вели дека напорно работи во теретана, во танцово студио, а исто така и на часови по пеење. Таа е многу внимателна и на исхраната, па сега ...
Пејачката Ивана Џордан, која со години важи за една од најцелосните дами на јавната музичка сцена, ги изненади своите следбеници со фотографии во бикини. Атрактивната русокоса сподели неколку фотографии од својот одмор на кои позира покрај базен, а нејзиниот изглед не остана незабележан. Во елегантен црн костим за капење, Ивана Џордан ја истакна својата витка фигура, а во преден план беа нејзините бујни гради, по кои стана препознатлива уште ...
Милијардерката Лорен Санчез неодамна беше видена на лежерно излегување, а нејзината модна комбинација веднаш го привлече вниманието на јавноста. Неодамна беше видена во Париз, пред луксузен хотел, каде што нејзиниот стајлинг повторно беше во фокусот на фотографите и минувачите, потврдувајќи дека секое нејзино јавно појавување станува моден настан. Лорен носи винтиџ фустан од Диор, од периодот кога Џон Галијано беше креативен директор, а ...
Сењорита Мистериоза, слатката, синоока „сајз плус“ црнка со необично уметничко име, секојдневно изненадува, па дури и шокира со своите „довитливи животни ставови“, доволни секого да ве заскокоткаат, заинтригираат и замислат: Дали некогаш сте се пронашле во нејзините „практични Инстаграм совети“ и „онлајн мудри мисли“? До душа, не дека не се извлечени од жиовотот и секојдневните случувања на многумина, а веројатно во нив има и од неа по ...
ОВЕН Денеска ќе се чувствувате полни со енергија и ќе можете целосно да се посветите на вашите професионални обврски. Без разлика дали работите за компанија или имате сопствен бизнис, времето е вистинско за напредок и развој. Можностите за поголем приход се пред вас, траба само да ги искористите. БИК Денеска може да се чувствувате под притисок од претстојните рокови на работното место. Паниката само ќе ја влоши ситуацијата, затоа останете ...
Македонската народна музика доби уште едно вредно и автентично музичко дело. Познатиот композитор, инструменталист и маестро Гоце Џуклески деновиве го претстави својот најнов музички албум со наслов „Звукот на корените“, проект кој претставува вистинска ода на македонската традиција, културно наследство и музички идентитет. Со ова издание, Џуклески го заокружува својот 26-ти музички албум во богатата и плодна кариера, потврдувајќи ја уште ...
Календарски летото само што не започнало, но најпопуларната хрватска старлета, Јосипа Каримовиќ, веќе се обиде да им го „штукне“ умот на многу мажи, со своите разголени, гигантски, силиконски атрибути. Јосипа уживаше релаксирајќи се на базенот во толку минијатурно бикини, што во него многу повеќе се на мегдан одошто ги крие нејзините бујни секси облини, така што нејзините обожаватели ги претвори во еротски уживатели. Како и не би, кога ...
По вечерта која многумина ја паметат како еден од најубавите музички настани минатото лето, Јелена Розга повторно доаѓа во Охрид. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21 часот, популарната регионална ѕвезда ќе настапи на сцената на Античкиот театар, носејќи нова концертна приказна исполнета со емоции, музика и незаборавна атмосфера. Минатогодишниот концерт на Јелена Розга на Античкиот театар беше меѓу најпосетените музички настани во Охрид ...
Постојат концерти што се слушаат, а постојат и концерти што се чувствуваат. Токму еден таков ја очекува охридската публика на 9 август 2026 година, кога Сергеј Ќетковиќ како дел од актуелната турнеја насловена Live Tour 2026, повторно ќе застане на сцената на Античкиот театар во Охрид. Во еден од највпечатливите амбиенти на Балканот, меѓу древните камени ѕидини и погледот кон Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност уште еднаш да доживее ...
Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија годинава му оддава специјална почест на македонскиот и американски режисер Милчо Манчевски, кому му ја додели престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“. На фестивалот ќе бидат одбележани 25 години од „Прашина“, ќе има италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на нова книга за творештвото на Манчевски, кој е почесен гостин. „Филмот е уметност ...
По исклучително успешната турнеја низ Австралија, каде што беше пречекан со големи овации и топол прием од македонската дијаспора, мултиинструменталистот Александар Ицов не запира. Напротив, со уште поголем ентузијазам продолжува да создава нови музички приказни, потврдувајќи дека инспирацијата и љубовта кон традицијата се неговата најголема движечка сила. Деновиве Ицов го заврши снимањето на два нови видеоспота за своите најнови ...
Почетокот на летната сезона е идеално време за подготовка на ликер од зелен орев, пијалок кој се пренесува преку семејни рецепти со генерации. Овој ароматичен ликер се прави со комбинирање на незрели ореви, ракија, шеќер и ванила, а неговиот вкус станува побогат со подолгото стареење. Иако самиот процес е едноставен, потребно е време сите состојки да се соединат и да развијат препознатлива арома. Состојки: 6 зелени ореви 700 мл ракија 250 ...
Ја паметите ли девојката која го има најизвајаното га*е во Македонија? Оние кои редовно или барем почесто не следат и читаат се сеќаваат дека во неколку наврати пишувавме за скопјанката на која заштитен знак и се тангата и најубавата задница во Македонија. Иако таа не е ниту пејачка, водителка, манекенка, актерка…. со еден збор не е никаква естрадна ѕвезда, сепак е ѕвезда на Инстаграм. Има голем број следбеници на оваа социјална мрежа на што ...
Наташа Беквалац откри дека нејзиниот совршен маж е всушност резултат на вештачка интелигенција, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Наташа Беквалац го пронајде својот совршен маж, но само со помош на вештачка интелигенција.Нејзината сестра Кристина Беквалац малку си поигра со апликацијата и сакаше да ѝ го пронајде на сестра си совршениот маж, во што и успеа. Пејачката беше воодушевена од изборот на АИ, па веднаш го сподели на ...
Стојанка Новаковиќ Стоја редовно настапува во клубови каде што ги пее своите хитови, а на еден настап ја шокираше публиката кога ја изведе песната „Требаш ли ме“ која воопшто не е во нејзин стил. Пејачката Стоја уште еднаш докажа зошто со децении се смета за една од најмоќните вокалистки на јавната сцена. Снимката од настапот, на кој ја изведува песната „Требаш ли ме“ од Ени Јуришиќ и Матија Цвек, стана вистински хит на социјалните мрежи и го ...
Водителката Јована Јеремиќ ги воодушеви Србите со ново видео на Инстаграм во кое танцува, се извиткува и се допира, сето тоа во сино мини здолниште без градник. Водителката Јована Јеремиќ, позната по тоа што никогаш не ја остава публиката рамнодушна, овој пат се надмина себеси. Таа објави видео на Инстаграм во кое танцува, се извиткува и го допира своето исончано тело, а можеме да видиме и дека не носи градник бидејќи во еден момент ја ...
По емитувањето на втората полуфинална емисија на регионалното музичко талент шоу за повозрасни „Никогаш не е доцна“, седум кандидати се бореа за последното место што преостана за големото финале. Меѓу овие седум кандидати имаше и тројца од Македонија, а одлуката и овој пат беше целосно во рацете на публиката која преку социјалната мрежа Фејсбук, имаше рок од 24 часа да гласа за своите фаворити. Не беа по вкусот на публиката? И ако обично во ...
Познатата писателка и поранешна водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ (57) реши да ги спакува куферите и да избега на заслужен одмор, од каде веднаш ги почасти своите следбеници со жешка фотографија. Таа сподели момент на релаксација од плажа на својот Инстаграм профил, покажувајќи дека многу внимава на својот изглед. Како што јасно може да се види на фотографијата, Јелена ужива на лежалка покриена со син пешкир, додека носи атрактивно црно бикини ...
Фотографиите на Џеј Ло од Кан сѐ уште се главна тема на социјалните мрежи, иако поминаа неколку дена откако беа објавени… Латино дивата Џенифер Лопез ужива невидена популарност откако нејзиниот најнов филм „Канцелариска романса“ ги сруши сите рекорди. Нејзината завидна фигура повторно се најде во центарот на вниманието, а потоа Џеј Ло „зачини“ сè со интересни објави на социјалните мрежи. Веќе се зборуваше многу за најавите од Кан, бидејќи Џеј ...
Помалку од еден месец по објавувањето на песната „Делириум“, заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ, охриѓанецот Христијан Настески попознат како Пајак го објави својот долгоочекуван албум, насловен „2000 и некоја“. Албумот содржи 7 песни, од кои покрај веќе споменатата „Делириум“, младиот охриѓанец има уште три отпеани во дует со колегите од неговата жанровска фела: „Тотално луда“ повторно со Лара Иванова, потоа „Ризик“ со Тони Зен и „Тајни“ ...
Хрватската навивачка Ивана Кнол се јави од Далас за да сподели дел од навивачката атмосфера од овој град со своите обожаватели на Инстаграм. Се чини дека Хрватска има сериозна поддршка на Светското првенство оваа година, а поддршката ја испраќаат јавни личности и страсни навивачи од целиот свет. View this post on Instagram A post shared by knolldoll (@knolldoll) Веќе медиумите пишуваа за Магдалена Кешкиќ, која објави неколку атрактивни ...
Мартин Филиповски – гитаристот и една половина од братско-близначкото музичко дуо „Некст тајм“ и неговата сопруга Андреа Белеска, живеат среќни денови, а секоја радост сакаат да ја споделат и со јавноста. Нивната семејна хармонија пред речиси две години беше збогатена со раѓањето на нивната ќеркичка Лиана, околу која сега се врти светот во семејната бајка. Малечката принцеза е секогаш во центарот на вниманието на грижливите родители, кои ...
Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но и во некои провокативни фустани. Нејзе дефинитивно не ѝ треба многу за да започне лавина коментари. Моделот Емили Ратајковски се најде во центарот на вниманието кога откри претходно непознати детали за нејзиниот развод и животот по него, откривајќи сè за авантурите за една ноќ што ги имала, како и како се снашла како самохрана мајка. Ова предизвика ...
ОВЕН Денеска може да ве обземе чувство на сочувствителност кон некого или некоја ситуација може да ве растажи. Дозволете си да ги доживеете овие емоции и прифатете ги без да ги потиснувате. На крајот на денот, одвојте време за вашето омилено хоби или спорт да се опуштите и да се наполните со позитивна енергија. БИК Денеска ќе се чувствувате необично и збунето, наоѓајќи се во ситуација кога не знаете дали да се радувате или да бидете ...
Победата на Англија над Хрватска (4:2) на стартот од Светското првенство не донесе емоции само на теренот, туку и на трибините во Арлингтон, Тексас. По последниот судиски свиреж, англиските фудбалери се упатија кон своите најблиски за заедно да го прослават успешниот почеток на мундијалската авантура. Во центарот на вниманието беше Џуд Белингем, кој по натпреварот доби бакнеж од својата девојка, инфлуенсерката Ешлин Кастро. Атрактивната ...
Светското првенство во фудбал повторно ја има својата најголема навивачка ѕвезда. Атрактивната Хрватка Ивана Кнол уште еднаш го привлече вниманието на јавноста и стана една од најфотографираните личности пред натпреварот меѓу Хрватска и Англија на стадионот „AT&T“ во Тексас. Популарната „Knoll Doll“ се појави во впечатлива комбинација инспирирана од препознатливите хрватски црвено-бели коцки, оставајќи силен впечаток кај навивачите и ...