Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка, објави Centar.mk. Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. ...

Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, ги осуди погрешните политики на актуелната влада предводена од ДПМНЕ, кои ја загрозуваат иднината на земјоделците и земјоделството во Македонија. Според Николовски, земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми, од зголемени субвенции за големите компании до намалување на клучните програми за малите производители. „ДПМНЕ ги зголеми субвенциите за големите фирми од ...

Пензиите ќе се зголемат за 1.000 денари од следниот месец. Од следниот месец сите пензионери во Македонија ќе добијат повисоки пензии за 1.000 денари. Ова зголемување ќе важи за сите категории пензии и ќе биде линеарно, што практично значи за сите пензионери ќе има исто покачување. Економистите оценуваат дека покачувањето од 1.000 денари, иако е позитивно, нема целосно да ги покрие зголемените трошоци за храна, енергенси и лекови, поради ...

На 10.08.2025 ви 02:11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта. На 08.08.2025 во 21:00 часот на автопатот Скопје – Куманово, од слобода бил лишен Б.С.(46) ...

Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители. По повод 24-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев ...

На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило “Пајак”, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни ...

На 09.08.2025 во 22:40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода лице (43) од с.Долна Бањица. При претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на ...

Прес-конференција, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ: Скандалот со злоупотребата на полицијата за партиски цели во Демир Хисар јасно потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не бира средства за да ги заплашува граѓаните пред изборите. Но, времето кога некој се плашеше од ваквиот кукавичлук на ДПМНЕ е одамна минато. Граѓаните масовно се спротивставија на ова насилство на полицијата и застанаа на страната на правдата во овој случај на полициска ...

Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово и тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој. На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на лице(48) и во угостителски ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: ...

По распишување на Локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, започнува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз радиодифузерите за начинот на известување во периодот пред започнување на изборната кампања и за почитувањето на одредбите од Изборниот законик што се применуваат со распишување на изборите. До почетокот на изборната кампања, АВМУ ќе врши секојдневен мониторинг на девет телевизиски ...

Државната изборна комисија на ден 09.08.2025 година, со почеток во 17:00 часот, ја одржа својата 128. седница во која што беа разгледани и едногласно усвоени вкупно дванаесет точки на дневен ред, поврзани со подготовките за спроведување на Локалните избори 2025 година, и тоа: 1. Роковник за изборни дејствија за претстојните локални избори; 2. Упатство за утврдување на цена за платено политичко рекламирање за медиуми кои не учествувале во ...

Во интервју за Радио Канал 77, во емисијата „Стадион“, поранешниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц рече дека кандидатот на СДСМ Мартин Костовски има многу добри шанси за избор на градоначалник на претстојните локални избор. Тој одговори на повеќе прашања за неговите контакти со актуелното раководство на СДСМ и за односите со некои поранешни лидери на партијата. „Со Филипче не се сретнувам често. Еднаш кога се видовме и ми ...

– Каде се сега СДС да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага? – праша Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ. – Со месеци СДС лицемерно глумеа различни страни со главниот обвинител Коцевски, се додека не дојде на ред неговата фотеља, па мораа да запрат со глумата и да го спасат, за тој да продолжи да ги штити нив,рече Петрушевски. Петрушевски обвини дека претходно СДС лажно го напаѓаа главниот обвинител Коцевски, ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со вреднување на трудот, преземање конкретни мерки и редовна и навремена исплата на субвенции, се враќа достоинството на земјоделците. Земјоделците се едни од најважните чинители на македонското општество, кои со својот неуморен труд и вредни раце, обезбедуваат храна за македонските трпези. Македонските земјоделци ја добиваат заслужената ...

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати од Првата светска војна. Првата интервенција беше спроведена во близина на граничниот премин Меџитлија, кон Р. Грција, на терен кој претходно беше зафатен од голем шумски пожар. По пријава од граничната полиција, пиротехничарот на ДЗС подигна две артилериски гранати со калибар од 75 mm, ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска (9 август 2025 година) ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври . Претседателот Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите. Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на ...

Управата за јавни приходи информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување на електронски аукции на движни и недвижни предмети успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19.419.411 денари (приближно 314.230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² ...

Соопштение на Левица: Левица најостро реагира на срамната одлука на Владата, донесена на 99-та седница на 05.08.2025, со која се дава согласност за основање основно училиште во општина Студеничани што ќе го носи името на балистички водач – Азем Морани. Овој чин е брутален удар врз асномските темели на македонската држава, темели изградени врз крвта на антифашистичката борба, и претставува опасно, свесно отворање на вратите за историски ...

На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, 25-годишниот М.Џ. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(30) од Горно Јаболчиште, општина Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од ...

На 08.08.2025 околу 19:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(22) од с.Ињево, радовишко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Т.З.(22) од с.Ињево, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес. ...

На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, лице(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“, паркирано од И.Г.(47) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна ...

Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи жестоко реагираат на одлуката на Владата да даде согласност за формирање основно училиште во општина Студеничани кое ќе го носи името на профашистичкиот колаборационист и балист Азем Морани. Во отвореното писмо до Владата, Главниот одбор на Сојузот предупредува дека оваа одлука претставува опасен преседан кој поттикнува историски ревизионизам и директно ги подрива асномските ...

Прес-конференција на министерот за здравство, Азир Алиу: Вчера донесов одлука заснована на факти, на закон и на обврската да ја заштитам довербата во здравствениот систем. Стоматолошката комора е чувар на професионалните стандарди – таа одлучува кој стоматолог може да работи, преку издавање, и продолжување на лиценци. Лиценцата не е парче хартија – таа е гаранција дека секој пациент е во сигурни раце, дека стоматологот е стручен, етички и во ...

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: 4 Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар е јасен доказ дека режимот се врати. Полицијата, по измените на законите за полиција и за внатрешни работи од Панче Тошковски, е претворена во партиска алатка за незаконски разрешувања и политички притисок пред избори, со цел поставување кадри на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара ...

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, велат од СДСМ. -Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа ...

На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час, соопшти МВР. -На 08.08.2025 околу 23:30 часот ...

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, е нормализиран. НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:45ч. сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје е нормализиран. ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – ...

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања. „Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби активно работат на санација на пешачката патека што води од хотел „Best Western“ на улица „Македонија“ до Министерството за финансии. Оваа интервенција е на барање на жителите кои живеат во околните згради. „Со санацијата на оваа пешачка патека не само што им излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, туку овозможуваме и полесен пристап, подобра проодност и поголема ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Бакар

12.06