На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода маж(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол во ...

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЕН РЕЖИМ: На 07.08.2025 год. од 06.30 часот ...

Во периодот од 28 јули до 03 август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 214 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и ...

Mинистерот за здравство, Азир Алиу, заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес ја посетија Клиниката за детски болести по повод воведувањето формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување. – Во центарот на здравството е пациентот и ние како Министерство за здравство сме надлежни да креираме инфраструктура што ќе биде компатибилна со потребите за учење од далечина. Овој важен проект ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими основачите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид, Драгана Карашова, Ѓорѓи Љатко, Симеон Карашов и Љиљана Илиевска. На средбата во вила „Билјана“, еко-активистите ја информираа претседателката за нивните активности во справувањето со отпадот на депонијата „Буково“ и воопшто, со заштитата на животната средина во Охрид и околината. За нив состојбата сѐ уште е загрижувачка, ...

Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач – производител. Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и ...

На 05.08.2025 околу 16:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 во правец од Велес кон Градско, патничко возило „бмв“ со национални ознаки на Босна и Херцеговина, управувано од С.В.(32) од Босна и Херцеговина, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.Р.(26) од Босна и Херцеговина, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. ...

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесено 25 годишно момче од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот, по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, после тоа соседот ...

На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно ...

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на Фондот за техничка документација (ФТД) го отвори Третиот повик за поддршка во изработката на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти од областа на животната средина. Фондот за техничка документација претставува инструмент за финансиска и техничка поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти на локално, меѓуопштинско и регионално ниво кој е ...

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ: Помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо резултати – младите добија уште едно големо разочарување. Наместо функционална институција што ќе ги слуша, ќе ги вклучува и ќе им служи, добија уште една нефункционална испостава на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо од ветените промени. Ништо од системските ...

За да нема прекин на воспитно образовниот процес на учениците кои имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе од три недели, Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Здружението САНО кое им помага на децата заболени од канцер или други малигни и хронични болести, од септември воведува формално образование во здравствените установи. Зависно од здравствената состојба, ќе ...

Секојдневниот живот веќе одамна не го мериме во чекори, туку во секунди. Брзото станува норма, а едноставното, неопходност. Луѓето денес бараат слобода, движење без прекини, рутини што не ги забавуваат, туку ги следат. Во таков контекст, сè помалку имаме простор за непотребно. Паричниците и документите сè повеќе се претвораат во дигитални решенија кои живеат во уреди, наместо во џебови. Секој технолошки напредок што ни ја олеснува ...

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ: Последните податоци се алармантни: Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе. Ова не е само статистика. Ова е вистината зад илјадници човечки судбини – намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија. Ова е доказ за економскиот колапс, за хаосот на пазарот на труд, за целосната отуѓеност на ...

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога вчеравечер (05.08.) околу 22:30 часот, а по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода во кој што престојува лице (20) од Скопје. При претресот откриени и запленети се најлонски кеси со бела прашкаста материја, ...

Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање на отворено со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, овој пат покрај езеро, во еден од најубавите градови во земјава, Охрид. Сесијата ќе се одржи на 9 август 2025 година (сабота), со почеток во 18.45 часот, на плажата Бафало, пред скејт паркот, а организаторите и за овој РЕсет тренинг најавуваат позитивна атмосфера и ...

На 05.08.2025 во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода lice (37) од Швајцарија. При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место. Тој бил ...

На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи лице (43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а мажот е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата ...

На 05.08.2025 во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен пешак од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински ...

На 05.08.2025 околу 20:55 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат Р 1403 Радовиш-село Воиславци, кај место викано „Воиславска кривина“ – општина Радовиш, лице(34) од с.Сулдурци, радовишко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа Радовиш. Извршен бил увид од ...

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека отпочната е реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Димитар Миладинов“ во Центар, со што продолжува заложбата за создавање квалитетни услови за воспитно-образовниот процес и за унапредување на спортската инфраструктура во училиштата. Реконструкцијата предвидува санација на подот, реконструкција на ѕидовите и внатрешната кровна површина, замена на дотраените прозорци и бележење на ...

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 ...

На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле ...

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката за детски болести присуствуваше на настан по повод промоција на дигитален мобилен рендген апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. – Станува збор за дигитален мобилен рендген апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока ...

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат ...

Со просек повисок од ланскиот, матурантите го завршија полагањето на државната матура во јунскиот рок во учебната 2024-2025 година. Голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултетите и не беа евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото. За новините во начинот на организација годинава и резултатите од државната матура, денес прес конференција одржаа министерката за образование и ...

Компанијата Пекабеско донираше повеќе од 3.000 шишиња вода и илјадници производи од сопственото производство за потребите на професионалните пожарникари, кои и овој летен период се соочуваат со зголемен број интервенции на терен, во екстремно тешки услови и на високи температури. Донацијата, која содржи 3.360 шишиња вода, 5.432 паштети и 1.016 парчиња нарезоци, е директен одговор на барањето доставено од Синдикалната организација на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Злато

166450.52