Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. „Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари, соопшти СДСМ. „На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на над 2 милиони евра каде таа е меѓу ...

Интегрален текст од денешното соопштение на ДУИ: Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера пред спортистите и спортските работници во Чаир ја претстави својота сеопфатна програма за развој на спортот, изготвена врз основа на детални анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти. Анализата откри сериозни недостатоци во спортот во Чаир: недостиг на развојна стратегија, нефункционални сали и спортски игралишта, ...

Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски и кандидатот за општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, одржа работен состанок посветен на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините. Шукова потенцираше дека ситуацијата е критична: „Четири години гледаме ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово одржа работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и неговиот тим, како и со претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами. На работната средба се разговараше за приоритетите на Клиничката болница Тетово за инфраструктурно унапредување со предвидените два нови објектa, како и за реконструкција на постојните ...

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. Против сторителите е поднесена кривична ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), каде што доби целосна поддршка за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”. „Денеска остварив важна средба со претседателот на СКСЗМ, каде ја презентирав кампањата која ја започна нашето министерство. Презентацијата опфати сé што е постигнато досега ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази. „Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па ...

„Да преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија. Повеќе од 40 милиони денари се предвидени.“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична ...

– Би сакал само можеби да напоменам дека оние делови од оваа делница на автопатот Кичево – Охрид каде што има свлечишта се работат, при тоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена. Оние неколку километри кај селото Ботун, но и оние практично километри кои што го поврзуваат тунелот кај Врбљани со Кичево, практично од излезот на тунелот до Кичево, таму ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ незнаејќи како да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра се дозакопа уште подлабоко. Лицето што денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ го спомена, разрешениот судија Лазар Нанев, токму Тошковски го вработи во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци. И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Лазар Нанев. Значи Валентин Манасиевски требало да го праша ...

На Листата на должници бр.08/2025 објавени се 2051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа), информира УЈП. Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2025 изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија. Право на аплицирање имаат домаќинства: со ...

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ: По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов. Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Карпош и на Општина Сарај ќе се одржи на 15 август 2025 (петок) во салата на Советот на Град Скопје ...

Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите. Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки ...

Реакција на СДСМ: Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност. Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција. Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е ...

Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција изразува длабока индигнација и силно противење на новиот состав на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, каде што Албанците се речиси целосно исклучени од раководните и одлучувачките структури. Од вкупно 117 членови, само 4 се Албанци, шокантен показател за дискриминаторски пристап што е неприфатлив за една мултиетничка и европска држава. Уште поалармантна е целосната отсутност на ...

Соопштение на Уставниот Суд: Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани. 1. У.бр.86/2025 Оспорен акт: Член 218 од Законот за ...

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата ...

Вчера, околу триесет деца, придружени од нивните родители, учествуваа на спортската дружба со македонскиот атлетичар Кокан Ајановски. На настанот, дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“, децата од Центар имаа шанса да учат за атлетиката како спортска дисциплина, да трчаат и да се забавуваат покрај Кејот на Вардар. Родителите ја поздравија активноста што ја организираше Општина Центар, која ги поттикнува центарските деца да бидат ...

Фејсбук статус на Андреј Жерновски: Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да започне далеку пред законски пропишаните рокови. Зачудени се од паничниот аудио и видео сигнал кој го емитира Мицкоски. Целиот во грч, со избезумен лик и пискав глас, почна да нуди и ветува ...

Поради поголем интерес на јавноста информираме дека е формиран предметот УЗ.44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, соопштија од Уставниот Суд. Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска Од наводите во иницијативата: ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска во изјава за медиуми го најави започнувањето на полагањето за стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи, процес кој беше во застој од 2023 година. Во своето обраќање пред медиумите тој истакна дека лиценцата за работа за воспитувачи, негувателки, стручни работници, соработници и директори е задолжителен предуслов за вработување во градинките. ...

На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во ...

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следните скопски општини: Ѓорче Петров – на улиците Васил Чакаларов, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров; Карпош ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на месец јули 2025 година започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма за субвенции. Средствата се исплатени на 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и на 94 згрижувачки семејства. Исплатата е извршена за месеците март, април, мај, јуни и јули. Наеднаш се префрлени средствата за месеците март, април, мај и јуни. ...

Четврта година по ред, Телеком го организира онлајн гејминг турнирот T-esports Championship (TEC), кој ги обединува врвните гејмери низ Европа, вклучувајќи ги и гејмерите од Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Црна Гора. Турнирот ќе започне на 8 септември, а финалето ќе се одигра на 15 и 16 ноември во Hungexpo во Будимшпешта. Најдобрите играчи од Европа ќе може да се натпреваруваат во 4 игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawl ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
68%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
79%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Родиум

319899.93

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06