Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со ...
Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски по повод Свети Кирил и Методиј: „Постојат народи кои својата историја ја паметат преку војни. Постојат цивилизации кои својата големина ја мерат преку освоени територии, богатства и империјална моќ. Но постојат и народи кои опстојуваат преку словото, преку книгата, преку образованието и преку духовноста. И народи кои го имаат испреплетено патот на духовна и културна ренесанса со жесток револуционерен ...
На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.„Христо Татарчев”, ул.„Марко Орешковиќ” и бул.„Србија” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолкваген” со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен ...
На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје. На ...
На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид и се ...
На 24.05.2026 околу 02:30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници ги приведоа лице(26), лице(22), лице(22), лице(21), лице(52), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 24.05.2026 околу 02:30 часот на паркинг простор пред ...
На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден ...
На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена ...
На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(30), лице(40), лице (37), сите од Скопје, лице(24) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„8 Септември“ на место викано „Стара автобуска“ во Радовиш, 22-годишниот Т.Ј. од Радовиш, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме ...
Сè почесто работодавачите велат дека тешко наоѓаат работници, а младите одговараат дека проблемот не е во тоа што „не сакаат да работат“, туку во тоа што со понудената плата не можат да изградат нормален живот, анализира Centar.mk. Една од најчестите суми што се спомнува во огласите и разговорите е околу 30.000 денари. За некои работодавачи тоа е „солидна почетна плата“, но за многу млади луѓе таа сума денес изгледа недоволна за самостоен ...
Честитка од Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија: По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи. Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, ...
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја, описменувачите и просветителите на ...
Соопштение на СДСМ: Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина. Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Фејсбук статус на Венко Филипче, претседател на СДСМ: „Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност. Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и ...
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече ...
На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово. На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, ...
Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5 Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија ...
Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во околината на Скопје, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот е регистриран во 17:41 часот по локално време, со епицентар на околу 21 километар источно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри. Граѓани на социјалните мрежи и на EMSC коментираат дека потресот бил краток, но почувствуван во повеќе ...
Соопштение на СДСМ: Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда. 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц. Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува. Македонија доби ...
Купувањето стан во Скопје за многу млади луѓе веќе не изгледа како нормален животен чекор, туку како тешко достижна цел. Она што порано се планираше по неколку години работа, денес за многумина значи долг кредит, висока рата, помош од родители или живот под кирија на неодредено време, пишува Centar.mk. Цените на становите во главниот град продолжуваат да бидат една од најголемите теми за младите семејства, брачните парови и сите што сакаат да ...
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет. Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на влашката заедница, предводени од Стерјо Папули, претседател на Организациониот одбор за одбележување на Националниот ден на Власите. По повод празникот, претседателката упати честитки до припадниците на влашката заедница и истакна дека Власите, како автохтона заедница, се нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на македонската држава. Таа ...