Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Минатата недела, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова заедно со помошник директорката Весна Новаковиќ, учествуваше на меѓународен настан организиран од Меѓународен монетарен фонд во Атина, на тема: „Од реформа до резултати – докази за впечатлива реформа на даночна администрација“. На настанот присуствуваа директори и високи претставници на даночни администрации, меѓународни експерти и креатори на политики, кои дискутираа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,723%, кај ...
Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект. „Според актуелниот шест-месечен ЕУРИБОР од ...
Некогаш мајстор се наоѓаше преку сосед, роднина или пријател. Денес, за електричар, водоинсталатер, плочкар, гипсар, фасадер, заварувач или добар столар често се чека со денови, недели, па дури и месеци. А кога конечно ќе се најде мајстор, многумина велат дека цената е многу повисока од очекуваното, анализира Centar.mk. Македонија сè повеќе се соочува со проблем што директно го чувствуваат граѓаните: занаетчиите стануваат дефицитарни, а ...
Соопштение на СДСМ: Граѓаните паметат како Христијан Мицкоски пред изборите клечеше и молеше за власт, ветувајќи враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и промена на преговарачката рамка. Ги излажа граѓаните. Денес во ВМРО признаваат дека Преспанскиот договор го заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура, дека членството во НАТО е одлична работа. Лажниот патриотизам на Мицкоски целосно пропадна. Половина Влада му е со ...
На 25.05.2026 во 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода осум лица, меѓу кои и еден 17-годишен малолетник. Дел од приведените се од село Пресил, крушевско, а дел од село Саждево, крушевско. Според пријавеното, истиот ден околу 19:30 часот, татко и син, движејќи се со патничко возило „пасат“ кон село Саждево, биле пресретнати од патничко возило „БМВ“, управувано од лице кое било ...
На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. Од ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.05.2026 до 22.05.2026 зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет. Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови. Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го ...
Соопштение на СДСМ: Остануваат уште само 5 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат. 5 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага. Не може „промакедонска“ партија, како што вели Мицкоски, со бугарски пасоши да биде македонска. Како што лажеа за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, така и денес лаже за ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 20 до 32 степени. Најсвежо ќе биде во западните и повисоките места, каде ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Некои луѓе едноставно имаат посебен однос со парите. Не мора секогаш да изгледаат како да брзаат по богатство, но знаат да препознаат добра можност, да направат паметен потег и да го претворат трудот во конкретна добивка. Според астролошките толкувања, два хороскопски знаци особено се издвојуваат кога станува збор за финансиски успех, стабилност и способност да создадат богатство. Кај нив парите не доаѓаат секогаш лесно и преку ноќ, но ...
На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат ...
На 24.05.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Велес приведоа лице(35) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор од 16 месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната. На 24.05.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Велес приведоа лице(35) од Велес, ...
На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. По ...
На 24.05.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, З.Т.(53) од Скопје пријави дека на 22.05.2026 околу 21:00 часот тој и К.Ј. на паркинг простор пред маркет на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање околу наплата на паркинг, биле физички нападнати од лице (вработен за наплата на паркинг) и уште едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.05.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, З.Т.(53) ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес). По целосно документирање ...
Соопштение на Левица: Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу исходот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во услови кога се отвораат суштински прашања за идниот европски статус на Македонија, институционалното молчење остава ...
Следниот понеделник на 1. јуни 2026 е законскиот рок според кој македонските пензионери редовно ќе ја добијат мајската пензија, пишува Centar.mk. Сепак праксата покажува дека некои општествено одговорни банки пензијата ја исплаќаат порано, па така може да се очекува и овој пат, со оглед дека доаѓа продолжен викенд бидејќи петок е неработен ден за православните христијани, анализира Centar.mk. Инаку изминатиот период пензиите беа зголемени во ...
На 24.05.2026 во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР ...
На 24.05.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода лице (21) од село Негорци, гевгелиско. Тој околу 03:30 часот на раскрсница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Ванчо Прке“ во Гевгелија управувајќи патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Од страна на полициски службеници лицето и возилото се пронајдени и по ...
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор: Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор. Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар стандард, ...
Македонија сè потивко се соочува со една од најтешките промени во својата понова историја: селата се празнат, младите заминуваат, училиштата се затвораат, а во многу места остануваат само старите родители, празните куќи и спомените на едно време кога животот бил полн со гласови, деца и работа, анализира Centar.mk. Ова не е само приказна за едно село или еден регион. Ова е прашање што ја допира целата држава: што ќе се случи со Македонија ако ...
На 24.05.2026 во 02:50 часот кај Фонтана во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода лице (25) од Тетово. при преглед во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана. Додека, при преземање мерки за негово лишување тој физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија, по што е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По ...
Соопштение на СДСМ: Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери. Од 10 клучни ...
Соопштение на СДСМ: Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува до документите? Кога ќе бидат испратени? Повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија ...
Интензивни врнежи од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на суградица во околината на Неготино. Нестабилноста се движи во правец кон Кавадарци, информира УХМР. Во моментов има Повремени локални врнежи од дожд и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Радовиш и Охридско-Преспанскиот регион. Интензивни врнежи од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на суградица во околината на Неготино. ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да ...