Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка: Македонската јавност имаше можност од највисоко европско ниво да добие три важни и целосни потврди за она што го зборувавме како партија со месеци наназад, а кое беше демантирано од страна на владејачката ВМРО. Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со ...
Министерството за образование и наука ќе финансира 14 заеднички научно – истражувачки проекти на Македонија и Австрија, кои ќе се реализираат во области каде согласно Стратегијата за паметна специјализација на државата, има голем развоен потенцијал: паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија – индустрија 4.0, одржливи материјали и паметни згради, енергија ...
На 03.06.2026 во 15:25 часот во СВР Тетово, 71-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од 50-годишник од село во општина Боговиње за износ од 500 евра. Според пријавеното, лицето му ветило дека ќе му помогне во процедурата за добивање туѓа нега. Како што е пријавено, тој му ги предал личните документи и му исплатил 500 евра, по што лицето престанало да му одговара на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Соопштение на СДСМ: ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Реформи оваа власт не ...
Соопштение на СДСМ: Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци. Мицкоски ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата посветена ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
На 02.06.2026 во 13:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода лице(45) и лице(39), двајцата од село Баница, струмичко. Според пријавеното, тие на ул.„Братство и единство“ во Струмица, заедно со уште две малолетни лица од село Баница, агресивно се однесувале кон вработени во општина Струмица и полициски службеници од СВР Струмица кои извршувале службени задачи. Тие се задржани во Полициската станица ...
На 02/03.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(49), лице(36), лице(29), лице(39), 40-годишна жена, лице(39) и 16-годишник, сите од Скопје и Т.А. од Италија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, кристална материја, марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02/03.06.2026 ...
На 02.06.2026 во 08:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.К.(22) од Косово затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка. На 02.06.2026 во 08:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски ...
Мицкоски со чудно задоволство зборува за чекање со децении надвор од Европа, а тоа сите нас ќе не чини прескапо, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Затоа како што кажа Филипче, СДСМ секогаш ќе биде гласен кога е во прашања обезбедувањето подобра иднина за сите граѓани. „Гледаме дека најавата и изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да се поместиме ни чекор и дека сме подговтени да чекаме со ...
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го разоличи лицемерието на власта, додека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива. „Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба ...
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...
Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДС и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања. Венко Филипче и СДС повторно ја промовираат истата ...
Владата на Република Северна Македонија на својата последна седница го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, со кој се обезбедуваат над 2,4 милијарди денари, односно повеќе од 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, претприемништвото и развојот на човечкиот капитал. На денешната прес-конференција, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана. Во Скопје две лица управувале возило без возачка дозвола и по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и во Кичево возеле без возачка дозвола. Едно лице во Скопје и едно во липковско возеле и покрај тоа што има ...
Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, соопшти Министерството за транспорт. Имено со Одлуката се ограничува: – Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август ...
Во рамки на официјалната посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и словачкиот претседател, Петер Пелегрини. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитуван претседател Пелегрини, Почитувани претставници на медиумите, Најпрво би сакала од срце да се заблагодарам за поканата, за топлото добредојде, за ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка калибар 7,62 мм со две рамки и 25 куршуми калибар 7,62 мм. СВР Скопје поднесе кривична пријава ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.К.(22) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој доброволно им предал марихуана. СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.К.(22) од Република Турција ...
– Уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција, во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Карпош. – Така што еве, јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
На 01.06.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(50) од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДС. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температури по региони: Запад: ...
Соопштение на СДСМ: Додека Христијан Мицкоски вчера се фалеше дека буџетот е во „одлична кондиција“ и дека имаме „најпристапни цени на горивата“, реалноста е сосема спротивна: цените скокнаа до плафон, фрижидерите и паричниците на граѓаните се празни. Вчера истече рокот за исполнување на Реформската агенда. Резултат? Ништо. Македонија целосно стои во место. Сега истата оваа влада вели дека нема пари за плати а нема пари ниту за референдум на ...