Уставниот суд денеска(10.06.2026) во 9:30 ќе ја одржи 16. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за осум предмети во кои се бара оценување на уставност изаконитост и да се донесат две конечни одлуки. Седницата ќе може да се следи во живо на веб-страницата на Судот: https://ustavensud.mk/%D0%B2%D0%BE-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE Оспорени одредби: член 22 став 1 во делот „актите“ и член 26 во делот „акт“ од Законот за Академија ...

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши ...

Деновиве до нашата редакција од повеќе граѓани стигна прашање кога ќе биде исплатена социјалната помош и зошто средствата сè уште не се легнати на сметките. За корисниците на овие права, ова не е обична административна информација, туку прашање од кое зависи секојдневното преживување, анализира Centar.mk. Последната информација од Министерството за труд и социјална политика беше дека поради реформа во системот ќе доцни социјалната помош. ...

Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во ...

Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина години пропаднаа дури 14 тендери за изградба на овие значајни енергетски капацитети. Ова денес на брифинг со медиумите го соопшти Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечено 81 км спротиводно од нејзиното устие во реката ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Лидер во Реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово. Македонија. Од 4 извештаи за Реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за ...

Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес поставија камен темелник за изградба на нов објект со 8 училници во склоп на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, кој ќе биде заокружен најдоцна за една година. Станува збор за инвестиција во вредност од 30,6 милиони денари, ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лице(28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 12.03.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Струмица извршиле претрес на две локации каде пријавениот престојувал, при што биле пронајдени и одземени MДМА, ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас. Претседателот Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и солидарноста. Тој потенцираше дека покрај тоа ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација, изјави: „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, ...

На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и ...

На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на ...

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар: Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок. Сега стигна потврдата дека со манипулации и со трикови реформи нема. СДСМ за ова предупредуваше уште од самиот почеток. Претседателот ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба. За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон. – Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги ...

На 08.06.2026 година во 16:50 часот, Д.А. (45) од Тетово во полиција пријавил дека околу 16:00 часот на улица „Борис Кидрич“, пред Домот на АРМ, физички бил нападнат неговиот малолетен син. Според пријавеното, нападот бил извршен од страна на непознато малолетно лице на возраст од околу 12 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 08.06.2026 година во 16:50 часот, Д.А. (45) од Тетово во полиција пријавил дека околу 16:00 ...

На 08.06.2026 година во 18:40 часот, полициски службеници од ПС Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение во Медицинскиот центар Гостивар, каде поради труење со лекови било донесено 5-годишно малолетно дете од село Чегране. Мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа, поради невнимание, детето дошло ...

На 08.06.2026 година во 20:25 часот, Ѓ.С. (49) од Тетово пријавил дека околу 19:00 часот кај горниот влез на паркот кај Спортскиот центар, додека неговиот син и неговите малолетни пријатели собирале црници, им се приближиле три непознати малолетни лица кои почнале да им зборуваат на албански јазик. Во еден момент, едно од непознатите лица извадило од џеб нож. Се презема мерки за идентификување на сторителите и расчистување на случајот. На ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје денеска (08.06.2026) во 11:30 часот го лишија од слобода лице. (26) од Тетово, поради сомнение за кривично дело ,,разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик. Имено, претходно во текот на ноќта, во 02:00 часот во СВР Тетово, вработениот Г.С.(38) од Тетово пријави дека во спортска обложувалница во Тетово, едно лице со закана со остар предмет одзело ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола, по две во Кочани и Скопје и по едно лице во Тетово, Демир Капија, Струга, Дебар и Прилеп. Едно лице во Делчево и едно лице во Велес ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

Во рамките на 69. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 9 јуни 2026 година (вторник), со почеток од 12:00 часот во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за парничната постапка. Целта на Предлогот на закон за парничната постапка е да се уредат прашањата кои создаваа проблеми во примената на законот, како: вештачењето, доставата, забрзување на постапката во споровите од мала ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство. Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги ...

Соопштение на СДСМ: Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и ...

Соопштение на СДСМ: Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ. Исто како што прават и нивните нарачани анкети – кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција. Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека по падот на нивниот голем татко, на ред се и овие ...

Соопштение на СДСМ: Мицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот. Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Можеби ...

Македонија ќе добие шест нови автопатски решенија. Проекциите се дека истите ќе бидат завршени до крајот на 2027 година, истакна денеска на брифинг со медиумите премиерот Христијан Мицкоски. Автопатот Кичево-Охрид продолжува да се гради, финансии во висина од 175 милиони евра се обезбедени од домашни банки, а делницата Извор-Врбјани ќе биде пуштена до октомври, додека делницата Врбјани-Ботун е веќе пуштена во употреба. Веќе во периодот од ...

Соопштение на Левица: Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка“ беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди одговорност и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра. Денес, наместо репреговарање, гледаме нешто сосема спротивно. Истата власт која ветуваше ...

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и ...

На 08.06.2026 во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес приведоа лице(46) и лице(24), двајцата од Велес, затоа што во казино во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на 46 годишникот му биле измерени 1,54 промили, а на 24 годишникот 1,47 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица и по ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
41%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
68%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.88
56%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.17
46%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.12
46%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.6
83%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
44%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.84
44%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.54
48%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.05
59%
1015
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
47%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.97
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Бакар

13.27

Цинк

0.00

Алуминиум

3.23

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Паладиум

40445.64

Сребро

1894.77

Калај

55.44

Платина

52855.83

Злато

130535.25