Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката ...
Соопштение на СДСМ: Од Софија до Атина за шест часа – брз воз ќе јури низ Европа. Скопје не е на картата. Ваква е изолацијата што ја води Мицкоски и неговата банда. Додека најавуваат нови инвестиции во железницата, Македонија останува исклучена од европските инфраструктурни планови. Целиот проект што моментално се реализира е во интерес на Вучиќ и на Кинезите. Само тие имаат корист од овие планови. Затоа и Стоилковиќ, првиот соработник на ...
Комисијата за одбрана и безбедност на 42. седница на 12 јуни 2026 година (петок), во 10:00 часот во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за оружјето. Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, ...
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене, секој ден се трудиме дел од оние проекти коишто ги започнавме да ги завршуваме, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат. Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и ...
Покрај социјалниот удар, од АСОМ и АПИС предупредуваат дека затворањето на легалните објекти нема да ги заштити младите, туку ќе предизвика тежок контра-ефект. Според Илијевски, обложувањето нема да исчезне, туку ќе се пресели во „темните подруми“, односно на црниот пазар каде што нема никаква контрола, ниту пак се заштитуваат малолетниците. Со тоа, државата не само што ќе ја врати Македонија во криминалните деведесетти години, туку и ...
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка: Вистината е дека граѓаните денес живеат многу тешко. Цените растат секој месец, храната станува луксуз, а платите не успеваат да го следат поскапувањето. Вистината е дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно само за основните животни трошоци, односно речиси три минимални плати. Вистина е дека нема 600 евра минимална плата, работниците ...
Поинтензивна нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има помеѓу Тетово и Скопје. Умерени врнежи проследени со грмежи има во Крива Паланка и околината, информира УХМР. Силното невреме проследено од град било забележано и на автопатот Скопје – Тетово, засега нема информации за евентуални штети. Од УХМР наведуваат дека според радарската слика има слаби до умерени врнежи од дожд во западните делови. Источно од Кратово ...
На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода лице (33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на ...
На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција. На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, ...
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против У.О.(46) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 03.06.2026 на Граничен премин Деве Баир, при пасошка контрола и гранични проверки пријавениот на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило со приколка кое го управувал. Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против помлад маж(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал маж (54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка ...
„Кажете НЕ на овој деструктивен Предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри! Отфрлете го ова решение кое ќе значи крај за легалната индустрија и кое ширум ќе ја отвори вратата за сивата економија и криминалот“, порача претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, на денешната прес-конференција што АСОМ и АПИС заедно со вработените во секторот ја одржаа во паркот „Жена Борец“ по повод ставањето на Предлог-законот за игрите на среќа и за ...
Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности, од достапната инфраструктура и мрежа за дистрибуција и од свеста за поголема промоцијата на домашната музичка продукција. Ова е генералниот заклучок на Панел дискусијата „Музичко издаваштво во Македонија – лет во место?“, посветена на актуелната состојба, предизвиците и можностите за развој на домашното ...
По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ пристигнува во Битола – град со богата спортска традиција и срце кое чука за фудбалот. Новиот терен ќе го носи името на легендарниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност остави трага што инспирира генерации. Свеченото отворање ќе се одржи во петок, 12 јуни 2026 со почеток во 18:00 часот. Локација: Улица ...
На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат ...
На 09.06.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, 47-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен за сума од 20.000 денари. Според пријавеното, на 06.06.2026 преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан во Скопје, го отворил линкот и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што му биле побарани и повлечени парите. Откако сторителот побарал дополнителни 25.000 денари, тој се посомневал дека е ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува ...
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка: „Твоја држава, твоја шанса“: Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот Вистината е дека граѓаните денес живеат многу тешко. Цените растат секој месец, храната станува луксуз, а платите не успеваат да го следат поскапувањето. Вистината е дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно само за ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...
Соопштение на СДСМ: Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување. Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Укинати се низа ...
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на 10 јуни 2026 година (среда), со почеток од 10:00 часот во Сала 6, ќе одржи Јавна расправа на тема: „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“ и Јавна расправа на тема: „Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет. Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок. Затоа граѓаните ги испратија СДС во ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Приклучувањето кон иницијативата ,,Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома. Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, како и подобри услови ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки и активности ...
На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 33 ...