Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Денеска во СВР Охрид беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре, се до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид. Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДС и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември. Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел ...
На 06.07.2026 во 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија О.К.(48) од Прилеп, кој претходно на магистралниот пат Охрид- Ресен кај „ Прентов мост“, управувајќи патнички автомобил „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. По извршен увид и извршено алкотестирање, кај него се утврдени 1,65 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно ...
На 06.07.2026 во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај лице (38) од Тетово. При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во ...
На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(32), лице(26), лице(22), лице(20) и лице(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода лице (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него ...
На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишна жена од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а осомничената била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде свежо до умерено топло. Минималните температури ќе се движат од околу 8 до 19 степени. Најсвежо ќе биде во источните делови, каде утринската температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека најтопло утро се очекува во југоисточните предели, со околу 19 ...
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат. Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ...
Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните. На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.06.2026 на Граничниот премин Табановце, при проверка на личниот багаж на пријавената, била пронајдена и одземена марихуана. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Србија поради постоење основи ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ: Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја ...
По завршувањето на координацијата со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа неформален брифинг со претставниците на медиумите, на кој ги информираше за планираните активности на Собранието во текот на месец јули. Во своето обраќање, претседателот Гаши информираше дека амандманската расправа по Предлогот за ребаланс на Буџетот ќе започне на 8 јули. Поднесени се вкупно 224 амандмани. Посочи дека на ...
На 05.07.2026 околу 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат од с.Радуша кон с.Дворце, на местото викано „Сува река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(20) од с.Дворце, скопско, велосипед управуван од К.Ш.(68) од Скопје и велосипед управуван од А.Г.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ш., констатирани во ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и расходи кои не биле во функција со вршењето на ...
На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на ул.„Довлеџик”во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две товарно возило „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола. Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите ...
На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола ...
Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не може истовремено да ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Врвен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на ...
– Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници. Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, ...
По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски: Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ. Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат ...
Прес конференција на Конески од ВМРО ДПМНЕ: Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Делегацијата на Собранието во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата, учествува на 33. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 8 јули 2026 година во Хаг, Холандија. Главна тема за дискусија на Годишната сесија, на која учествуваат повеќе од 250 парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, е: „Меѓународното право и заедничките ...
На 05.07.2026 година во 09:45 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово при вршење на сообраќајна контрола запреле патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (26) од село Брвеница. По извршеното алкотестирање, кај лицето било констатирано присуство на 1.68 промили алкохол во крвта. Во 10:00 часот лицето е лишено од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од ...
На 05.07.2026 година во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42), двајцата од село Пршовце, пријавиле дека околу 21:00 часот додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавило лицето Д.И. и му побарало пари во износ од 100.000 евра упатувајќи му закани. Потоа, С.А. и пријавениот се сретнале на улица „120“ пред маркет, каде Д.И. дошол со мотор и започнал со вербална расправија и закани. По кратка ...
На 05.07.2026 година во 13:20 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Тетово, поради сомневање за претходно пријавени кривични дела „Кражби“ и ,,Тешки кражби“ извршени во текот на изминатиот месец во црквата во с.Брвеница и во неколку џамии во градското тетовско подрачје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.07.2026 ...