Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е отворен Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри. Право на учество имаат државјаните на Република Северна Македонија до 35-годишна возраст. ...
На Листата на должници бр.12/2025 објавени се 2049 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 4088 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа), инфорираше Управата за Јавни Приходи. Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2025 изнесува 12.394.010.304 денари, (повеќе за 332.601.630 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.183.236.380 денари, (повеќе за 291.233.829 од претходната ...
Денеска во Скопје се одржа третата годишна конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) со работен наслов „Од визија кон акција: Креирање на систем што испорачува“, акцентирајќи ја темата за потреба од дигитална трансформација која е практична, безбедна и функционална. Конференцијата ја отвори Славко Пројковски, член на Одборот на директори на АмЧам, кој ја даде и рамката на ...
На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило ...
Денеска (10.12.2025) во раните утрински часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата беа лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, каде што уште еднаш ја потврди силната определба на Министерството да работи отворено, во соработка и директен дијалог со сите засегнати страни. „ Транзицијата мора да донесе подобар живот за сите нас. А тоа е можно само ако сме отворени, достапни и ако работиме заедно. ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 11 и 12 декември ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025, кој ќе се одржи во Истанбул, Турција. На Самитот ќе учествуваат високи претставници од влади, меѓународни организации, како и од деловниот сектор и академската заедница. На отворањето на 11 декември министерката ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните ...
„При секое планирање на државниот буџет мора да се има предвид родовата димензија, ако сакаме да бидеме просперитетни“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на отворањето на меѓународниот форум „Одиме Глокално 2.0: Одржлива родово одговорна иднина“, што денеска и утре се одржува во Скопје. За неа, родово одговорното буџетирање е трансформативен инструмент, како системска промена на начинот на којшто државата ги гледа, ги разбира и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави нов институционален чекор за одбрана на Македонија од планираниот прием на мигранти. Филипче истакна дека по петицијата која веќе е започната, следува и парламентарна акција со цел заштита на државните интереси. „Денес најавувам и нов чекор. После оваа петиција, ќе излеземе во Собранието и ќе бараме изгласување Резолуција за ова да го запраеме. Тоа ќе биде вториот чекор.“ рече Филипче. ...
Повик за солидарност, достоинство и демократска отпорност Ден на човековите права 2025: Кога демократијата е под напад, молкот е соучесништво На Денот на човековите права 2025 година стоиме на пресвртна точка. Низ целиот свет, ветувањето за универзални права е под напад — од боиштата, од пропагандните мрежи, од меѓународните и домашните притисоци, и од подемот на авторитаризмот кој се храни со страв, омраза и дезинформации. Денес не е ден за ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта на ВМРО-ДПМНЕ подготвува пролетни избори, за да ги сокрие мигрантските договори кои веќе се водат зад затворени врати а за кои граѓаните дознаваат од светските медиуми. „Најавивме дека власта планира и подготвува избори следната година на пролет. Тоа значи дека мигрантите се веќе договорени, а за возврат треба да добијат пари“, истакна Филипче, ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја водат Македонија по истата траекторија како Србија под водство на Вучиќ. Филипче посочи дека власта повторува идентични шеми, со скриени договори и манипулации, кои ја туркаат државата во длабока политичка и општествена криза. Како пример, Филипче го посочи случајот со Литиумот во Србија. „Она што ова власт го прави ...
По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и одбележувањето на 60- годишниот јубилеј, Уставниот суд објавува видео-документарец посветен на улогата и значењето на Судот во заштитата на уставноста и темелните слободи и права. Во видеото е вклучена и порака од претседателот на Уставниот суд, со повик за поголема правна култура, почитување на човековите права и активно граѓанско учество. Документарецот нуди хронолошки преглед ...
Со примањето на мигрантите, владата ќе направи исклучително небезбедна држава. Веќе слушаме детали дека ќе бидат платени дваесет илјади фунти по мигрант. ‘Кои мигранти?’ Тоа се оние што Британија одбива да ги прими, а кој кај нас ќе се движат слободно“, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ во дебатната емисија на Топ тема на Телма. Жерновски посочи дека според информациите од британските власти и медиуми, мигрантите нема да бидат ...
Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. – Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за ...
„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати сериозни предупредувања за мигрантскиот план што, како што рече, власта на Христијан Мицкоски веќе го има договорено зад грбот на граѓаните. „Мицкоски вчера изговори дека додека тој има мандат како премиер, нема да има шатори за мигрантите. Што може да значи само една од двете работи. Прво, дека се планираат избори и мисли на втор мандат после изборите. И второ, ...
Реакција на СДСМ: Како што најавуваме сите овие денови, власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидува да дефокусира, да одвлекува внимание од главната тема, договорот за прием на мигранти, но и од бројните криминални скандали за крадење на парите на граѓаните. Тоа е начинот на којшто криминалната ВМРО-ДПМНЕ, или позната по копи-пејст партијата ги копира сценаријата на Вучиќ во Србија. Тоа денеска на сите им е кристално јасно. Денеска имаше прес ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара од ВМРО ДПМНЕ да ја потпише резолуцијата за спречување на приемот на мигранти, што ќе биде доволна потврда, наместо празни зборови кои ги пласираат во јавноста. „После сите пишувања на светските медиуми, прашањето за јавноста е дали СДСМ е тој што лаже, бидејќи ВМРО ДПМНЕ сега тоа ќе го објаснува, како сите британски медиуми лажат и целокупната светска јавност лаже. Еве, го повикувам ВМРО ДПМНЕ, ...
„Дали СДСМ е тој што лаже за мигрантите, дали сие британски медиуми и целата светска јавност лажат?“, праша претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција посветена на информациите кои доаѓаат од британските и светските медиуми дека постои договор за прифаќање мигранти за пари од Велика Британија. „ После сите пишувања на светските медиуми, прашањето е за јавноста дали СДСМ е тој што лаже, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сега тоа ќе ...
На денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го потврди она што го вети во неговата кампања дека започнува со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Со оваа мерка, градот Скопје ја продолжува својата посветеност кон одржливост, енергетска ефикасност и модерно образование, обезбедувајќи современи и економично одржливи училишта за младите. Во прилог изјавата на градоначалникот Орце ...
БЛОКАДИ: Поради протест од страна на грчките земјоделци сообраќајот за ТТВ на ГП Ники ( ГП Меџитлија) е во прекин од 9 до 12 часот. НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија- Гевгелија и граничен премин Богородица. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 19:35ч. сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип е во прекин поради сообраќајна незгода. СОСТОЈБА: Сообраќајот на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека е повеќе од очигледно дека постои договор за мигрантите кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ е обврзана да го прифати. Тој укажа дека ваквата обврска е директно поврзана со тешката финансиска состојба во која се наоѓа државата и продлабочената буџетска дупка што ја создаде власта. „Повеќе е од очигледно дека договор за мигрантите ...
Од март минималната плата ќе изнесува 26.600 денари, што е зголемување од околу 2.000 денари во однос на сегашната. На хартија, ова покачување изгледа како чекор напред за околу 80 илјади работници што земаат минимална плата. Во реалноста, меѓутоа, прашањето што сè почесто се поставува е дали ваквото зголемување воопшто ја следи динамиката на животните трошоци, анализира Centar.mk. Инфлацијата измерена во ноември 2025 година изнесува 4 ...
Во 2026 година ја продолжуваме стратегијата за стабилен раст, ефикасна јавна потрошувачка и подобар животен стандард за граѓаните. Со Дополнетиот предлог-буџет се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и сервисирање на сите обврски вклучително и исплаќањето на еврообврзницата. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозе на Дополнетиот предлог ...
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава и истите можат да се погледнат на следниот линк https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/stipendii-mon. Стипендиите се однесуваат на студенти кои се запишани на втор или трет циклус на студии во земјата, на едно од следниве научни подрачја: природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, ...
– И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично. Така што, тука бевме да слушаме, ги слушнавме ставовите на родителите, тие коишто земаа збор. Ги ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека пренамената на 780 милиони денари од Буџетот од ставката за модернизација на одбраната, претставува директно нарушување на НАТО-стандартите и јасно отстапување од препораките на САД. „Со ова намалување на парите за модернизација на одбраната ние не го задоволуваме НАТО стандардот за соодветен процент на пари кои што ...
На 08.12.2025 година во 15:45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, кај наплатната станица Тетово на патниот правец Гостивар – Тетово, лишиле од слобода 35-годишна жена од Гостивар. При сообраќајна контрола со радар било утврдено дека таа управувала патничко возило марка „ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час, на делница каде со сообраќаен знак ...
На 08.12.2025 година во 23:55 часот во СВР Тетово се пријавил 18-годишен жител на селото Одри, во тетовско. Според пријавеното, тој заедно со уште неколку лица, околу 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, со употреба на метални предмети физички нападнале 17-годишно лице од Тетово. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него и другите инволвирани лица ќе бидат поднесени соодветни ...