Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по однос на донесената ослободителна пресуда за случајот Талир, рече дека ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и агресија на претходната Влада со измислени случаи како Талир 1 и Талир 2. „Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од страна на ...

На 13/14.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице (49), лице (33), лице (21) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 13/14.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице ...

На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во с. Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во с. Велебрдо, излетал од коловозот. При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР ...

На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, маж (28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата. На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието. За време ...

Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место беше испратен вицепремиерот Беким Сали, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања. Го немаше да дискутира во Собрание ниту вчера, ниту викендов, ниту пак се јави ...

Фејсбук статус на Бране Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на ...

Прес конференција на Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. За да можат посветено и безгрижно младите надежни ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите ...

На 13.07.2026 во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен ...

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...

Соопштение на СДСМ: Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски. Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левица. Ние нема да прифатиме предлози кои ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е тоа што Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи и покрај серијата скандали што го потресоа МВР. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во денешната собраниска расправа истакна дека реконструкцијата јасно покажува дека Владата признава неуспех, но истовремено ги штити најодговорните за ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...

Соопштение на СДСМ: Нов ценовен удар за граѓаните – горивата денеска повторно поскапеа, втор пат за две недели. Уште едно поскапување после најавите на Мицкоски дека цените ќе се намалат. Ова ново поскапување на горивата ќе значи и поскап транспорт, повисоки трошоци за компаниите и нов бран на веќе поскапените цени на храната за кои Мицкоски не презеде никакви мерки. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 ...

Пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница за разрешување и именување на членови на Владата, нагласи дека реконструкцијата на Владата е признание дека Владата на Мицкоски и ВМРО доживеа целосен неуспех по само две години мандат. Талески порача дека промената на министрите не ја менува реалноста на неисполнети ветувања, институционален хаос, економско осиромашување, пропаднати политики во земјоделството, правдата, ...

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница порача дека реконструкцијата на Владата не е нов почеток, туку признание за двегодишниот неуспех на владеењето на ВМРО. Тренчевска посочи дека промената на неколку министри не може да ги прикрие неисполнетите ветувања, падот на животниот стандард, осиромашувањето на граѓаните, лошите економски показатели и занемарувањето на работниците, земјоделците и ранливите ...

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во своето обраќање на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата оцени дека не станува збор за суштински кадровски промени, туку за политички пазар и подготовка за предвремени парламентарни избори. Според него, реконструкцијата не е насочена кон подобрување на работата на институциите, туку кон прераспределба на функциите и коалициски калкулации. „Целиот процес најдобро може да се опише со ...

На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал лице (56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од ...

На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни ...

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“. Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен. Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација. Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз за сите ...

Соопштение на СДСМ: Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски. Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада. Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75