Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Потпретседателот на невладината организација „Вардар-МКД“ и адвокат Никола Ангеловски во Подгорица се сретна со државниот секретар за човекови и малцински права Астрит Хоџа. За време на средбата, Ангеловски нагласи дека како здружение се благодарни на Министерството и на државниот секретар за поддршката што ја даваат во формирањето на Македонскиот национален совет во Црна Гора. „Нашето здружение ја има поддршката и од Македонија и јас, како ...
Во Косово денеска официјално почна предизборната кампања за локалните избори во земјата, кои ќе се одржат на 12 октомври. Во наредните 30 дена, политичките партии и другите субјекти кои учествуваат на изборите ќе можат да ги претстават своите програми. Истражувачите и набљудувачите од граѓанскиот сектор апелираа до кандидатите за градоначалници и општински совети да водат „фер изборна трка“. Се очекува кампањата да мине мирно, како и на ...
Популарниот роман „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска, по интересот на читателите доживеа продолжние. Издавачката куќа „Панили“ го објави романот „Отпуштена од љубов“ во кој Каревска ја продолжува автентичната приказна на ликовите од својата дебитантска проза. Повторно, пред читателската публика има книга со храбро поигрување со жанрот, со сижето и фабулата и пред сѐ поигрување со заплетите и расплетите, што до крај го држи ...
Премиерот Еди Рама објави дека на 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија. Во објава на Фејсбук тој оценува дека ова е „важен чекор за Албанија кон нејзиниот пат кон членство во Европската Унија”. Тој додаде дека на следната меѓувладина конференција со ЕУ се очекува да бидат отворени 4 нови поглавја од преговорите, со што вкупниот број на отворени поглавја ќе достигне 28 во рок од само 11 ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на ФУЕН ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Нашето друштво е рамноправен член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенските малцинства при ...
Во просторите на македонски културно-информативен центар во Тирана, Амбасадата на Македонија во Тирана организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија. На дипломатскиот прием, присуствуваа Амбасадори и членови на дипломатскиот кор. Присутни беа и претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија, и од Македонска алијанса за европска интеграција. Своје обраќање имаше и вршителот на должноста ...
Во отворено писмо, граѓанинот Садет Даути од областа Голо Брдо се обраќа до највисоките државни институции со силен апел за итна интервенција во инфраструктурата во областа Голо Брдо подрачје. Тој бара асфалтирање на патната оска Вичиште – Студено – Требиште – Острен и отворање на граничниот премин во Миреш – две барања кои, според него, не се луксуз, туку неопходности за живот и развој. Албанија која се гордее со развојни, интеграциски и ...
Пратеникот Нико Пелеши беше избран за нов претседател на Собранието на Република Албанија, по гласањето на пратениците на седницата за конституирање на новиот законодавен дом. Првично, за време на седницата, беше прочитан извештајот на Привремената комисија за верификација на мандатите, а потоа продолжи постапката за положување заклетва на новите пратеници на Собранието. По положувањето заклетва, пратениците гласаа за избор на нов ...
Општина Пустец е прогласена за добитник на проектот WiFi4WB, иницијатива за бесплатен и брз интернет за граѓаните и посетителите во Општина Пустец. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Федералната Влада на Германија, и се спроведува преку EU4Digital. Овој стратешки чекор не е само врска со мрежата, туку и инвестиција во економскиот, туристичкиот и дигиталниот развој на регионот. Каде ќе може да се поврзете бесплатно со WiFi? • ...
Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“. Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави дека Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги води и доделува сите ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“. На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите ...
Формирањето на новото здружение на ВМРО-ДПМНЕ во Република Албанија претставува значаен чекор за македонската заедница во оваа земја. Група припадници на македонското малцинство, со поддршка од млади и активни граѓани, успеаја да ја спроведат целата постапка за официјално регистрирање на ова здружение, кое во својата основа ја има идејата за зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет. Целите на здружението се амбициозни и ...
Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни елоквенции“. Станува збор за оригинален книжевно-ликовен проект – секоја од песните во книгата е во дијалог со дело од ликовната уметност, од истакнати ликовни уметници од Македонија и од светот. Со тоа, најновото дело на Бошевска се вбројува меѓу оние што во македонскиот културен простор, експлицитно го поттикнуваат дијалогот на поезијата со ...
Гледаме голем прогрес во реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, ова е проект кој што го работиме во рамките на концесијата која што ја има добиено ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот аеродром. Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хируршкиот блок, на блокот за Патологија, на блокот за биохемија и исто така целосно опремување по најмодери ...
премиер Еди Рама денеска го соопшти составот на новата влада . На националната Ансамблеата на владеачката Социјалистичка партија што се одржа денес ,лидерот на партијата кој воедно е и премиер. Имињата на новиот владин кабинет: 1. КЛОДИЈАНА СПАХИУ, заменик-претседател на албанскиот парламент 2. ТАУЛАНТ БАЛА, претседател на пратеничката група на Социјалистичката партија 3. БЕЛИНДА БАЛУКУ, заменик-премиер, министер за инфраструктура и ...
13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE), ќе се одржи од 15 – 19 септември 2025 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите. Седиштето на оваа Асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО, а во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои национални комитети. Нејзините конгреси се одржуваат на секои 5 години, а оваа година за прв ...
,,Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град, вели Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, во интервјуто за „Нова Македонија“. Скопје, вели меѓудругото Ѓорѓиевски, може да престане да биде симбол на пренатрупаност и хаос и да стане функционален, организиран и модерен главен град, ...
Рама побара итно разрешување на Велиај, додека за кандидат за градоначалник ја предложи сегашната министерка за образование, Огерта Манастирлиу. „Доаѓаме до вонредните ситуации во Тирана. По 7 месеци, нема градоначалник, нема градоначалник избран на функција, нема градоначалник осуден од правдата, имаме градоначалник избран од народот, на кого му е одземено правото на бесплатно судење, му е дадено долго судење, рефлексиите на медиумската ...
Село Обоки (Katund i Vogël) е живописно село кое се наоѓа во административната единица Маќелара, во областа Поле, во западното подножје на планината Дешат. Се наоѓа на кратко растојание северно од Почести и североисточно од Маќелари. На 4,7 км источно по воздушна линија е границата со Македонија, по која високо во планината се издига врвот Голем Крчин (2.343 м). Во планнинскиот дел на атарот се забележани топонимите Уздарица, Плошт, Ливаѓе, ...
Чарли Кирк беше убиен додека држеше говор на Универзитетот во Јута, американскиот претседател Доналд Трамп нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје низ САД до недела навечер, а реакции на убиството и изрази на сочувство доаѓаат од бројни политички лидери. „Во чест на Чарли Кирк, вистински голем американски патриот, наредувам сите американски знамиња низ целите Соединети Американски Држави да бидат спуштени на половина копје до ...
Снимателот на косовскиот портал „Папараци“, Јетмир Муји, беше уапсен во Приштина и кратко потоа ослободен, потврди Здружението на новинари на Косово (AGK). Според нив, Муји снимал репортажа за образованието на ќерките на косовската претседателка Вјоса Османи кога нејзиното обезбедување го запрело, му ја одзело камерата и го замолило да ја избрише снимката. Според соопштението на AGK, порталот „Папараци“ ги информирал дека нивниот снимател е ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа есен. Според партиската одлука, кандидатите се: 1. Бети Стаменкоска Трајкоска – Кисела Вода 2. Мирослав Славковски – Старо Нагоричане 3. Илија Тентов – Дојран 4. Сашко Велјановски – Долнени 5. Даниел Павловски – Ранковци За Кочани, пак, партијата ќе се обедини околу натпартискиот кандидат, доктор Владко ...
Македонското друштво “Илинден”-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано во Јужен Тирол, Италија домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на Федералната унија на европски националности (ФУЕН). Изминатите десет години, од кога сме рамноправна членка на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) редовно учествува на сите Конгреси и ...
Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ристо Лазаров, „Врне ли, врне“. Иако зборовите и песните „врнат“ изобилно во стихозбирката „Врне ли, врне“, Ристо Лазаров ја продолжува потрагата по „зборот што го чека“, зашто добро знае дека поезијата е моќна и поројна, но и насушно потребна – како и дождовите, како што истакнува универзитетската професорка и книжевна ...
Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда. Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО, трансатлантски одбранбен пакт во кој ...
Во Албанија деновиве ќе се случат два важни политички настани, на 11 септември ќе биде објавен составот на новата влада, а ден потоа конституиран новиот парламент, 11. по ред по падот на комунизмот. Чекањето завршува. Еди Рама го има подготвено својот тим за четвртиот мандат и ќе го претстави овој четврток претпладне, 11 септември, пред членовите на Собранието на Социјалистичката партија. Како што се дознава, во владиниот кабинет, главно ќе ...
Израел изврши воздушен напад врз лидери на Хамас во Катар, проширувајќи ги своите воени операции и на Заливот, каде палестинското движење со години ја има својата политичка база, објави Ројтерс. Катар, кој заедно со Египет посредува во преговорите за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го оцени како флагрантно кршење на меѓународното право. Два извора од Хамас изјавија за Ројтерс дека ...
Главниот изборен комесар, Илирјан Целибаши во разговор со новинарите, сега кога резултатите од изборите на 11 мај се конечно потврдени. Во комуникацијата со новинарите, Целибаши рече дека почнувајќи од последните избори, потребно е да се направат некои промени. Тој предложи 14 точки кои, според него, треба да се земат предвид за изборната реформа. „Помина малку време откако се одржаа овие избори, но овој процес, како и претходните избори, ...
Премиерот Еди Рама на отворањето на Амбасадорската конференција „Diplo2025“ изјави дека Албанија е поблиску од кога било до членство во Европската Унија, опишувајќи го ова како историска цел за земјата. Традиционалната Конференција на амбасадори, оваа година, се случува во историски момент за патувањето на Албанија кон ЕУ, кое треба да заврши во 2030 година. Имаме четири години во кои не треба да се губи ниту еден ден, кога времето не чека ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат дела – заедно со општина Битола успеавме да го изградиме стадионот во вистинска гордост на градот и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес,“ напиша ...