Во организација на црковниот одбор, поддржан од друштвото “Преспа” денеска одбележан е патронот на црквата “Света Петка” во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа. Одбележувањето почна со утринска богослужба што ја одржа парохискиот намесник Алексо Темелко. Послужен беше ручек а имаше и македонска музика и оро. Додаде дека освен постојаните жители, за оваа селска слава, тука биле и поранешни жители и нивните потомци. Леска е едно од ...

Македонското друштво “Илинден”-Тирана попладнево објави дека албанскиот Институт за статистика ги информирал дека во целиот материјал за пописните резултати зборот „северно Македонци” го коригирал со Македонци. Ова е уште еден успех на друштвото, по нашето барање доставено на 10-ти минатиот месец до Институтот за статистика каде најостро ја осудивме злоупотребата на терминот „северно Македонци“ од Институтот за статистика за македонското ...

Централната пошта во Скопје ќе стане мултифункционален културен центар, соопшти министерот за култура Зоран Љутков. Во позитивна атмосфера беше остварена средба помеѓу министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, државниот секретар на министерството за култура и туризам, Марија Ѓоргова и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир. На средбата беа изразени заложбите за заеднички ангажман и целосна посветеност за откочување на ...

Европската унија одобри уште 1,2 милијарди евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) за подобрување на железничката инфраструктура и управувањето со водите во регионот, објавија N1 и БТА. Сумата е главно наменета за модернизација на железницата со цел да се зголеми брзината на возовите во Србија и за управување со водите и изградба на потребната инфраструктура во Босна и Херцеговина и Црна Гора, според веб-страницата на ...

По 13 години во Албанија се врати „ниска треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени. Нилската треска ја шират комарците кои се хранат со крвта на птиците. Вирусот не се шири од човек на човек. Периодот на инкубација за западнонилската треска се движи од 2 до 15 дена, а кај по благите форми болеста трае од 3 до 6 дена. Околу 80 отсто од случаите пренесени на луѓе не манифестираат симптоми. Кога ќе се појават симптомите, тие ...

Кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Вангел Таво е новиот градоначалник на албанското приморско гратче Химара. На вчерашните делумни избори тој освои 5022 гласа или 58,62%, додека неговиот против кандидат Петро Ѓикурија од опозициската коалиција “Победуваме заедно” 3545 или 41,38% од гласовите. Вангел Таво(55) роден е во Ѓирокастро, бил министер за труд и социјална политика, пратеник, припадник е на грчкото малцинство, поседува ...

Откако се урнал дел од хотел во општината Крев на Мозел во покраината Рајнланд Пфалц, лоцирано е едно починато лице, а осум други лица се повредени, некои потешко. По делумното уривање на хотел во Рајнланд-Пфалц, едно лице е пронајдено мртво. Полицијата во Трир соопшти дека уште осум лица сѐ уште се заробени во зградата во Крев, некои со сериозни повреди. Меѓу нив има и дете, но тоа било физички неповредено, соопштил портпарол на полицијата, ...

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“. Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна ...

Камала Харис официјално е избрана за демократски кандидат за изборите во САД во 2024 година. Ниту еден предизвикувач не се појави пред крајниот рок на 27 јули, со што се елиминира можноста за отворена демократска конвенција во Чикаго во август. Се чини дека Харис ја доби последната поддршка кога Обама ја поддржа минатиот месец. „Се јавивме да кажеме дека Мишел и јас не можеме да бидеме погорди што ве поддржуваме и што можеме да направиме се за ...

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски денеска оставари средба со косовскиот колега Албин Курти кој е во посета на официјално Скопје. Мицкоски истакна дека имале конструктивна средба во пријателска атмосфера на која ги отвориле сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите. Тоа е нешто кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на ...

Централниот комитет на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на денешниот состанокот одржан во Корча, усвои декларација во која се содржани 15 точки, а која ќе биде доставена до албански, македонски и меѓународни институции. Имајќи ја предвид антимакедонската политика на бугарската Влада во Република Албанија и соочени со агресијата на бугарскиот национал-шовинизам и наци-фашизам за ...

Многумина беа обвиени со англиски знамиња, а ги пречекаа учесници на контра-митингот кои извикуваа слогани за поддршка на мигрантите, пишува Мирор. Тензиите ескалираа, а видеата на социјалните мрежи покажаа демонстранти како фрлаат предмети кон полицијата, принудувајќи ги да се повлечат. Демонстрантите потоа ги скршиле стаклата на хотелот, а потоа ја запалиле зградата. Откако синоќа избија насилни протести ширум Англија, досега се уапсени ...

Во големото финале на Европското првенство – Дивизија Б што се одржа во Скопје, македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада Австрија (98:88), за перфектен учинок од осум победи од осум натпревари и прво место на шампионатот. Избраниците на селекторот Горан Андреевски претходно ја остварија главната цел со победата над Бугарија во полуфиналето и влезот во елитната А дивизија. А сега нашите јуниори станаа и златни станувајќи ...

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика. Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон ...

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до Елиса Спиропали по повод нејзиниот избор за претседателка на албанскиот парламент. Дозволете ми во името на македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија да ви го честитаме изборот и да ви посакаме успех на функцијата претседател на Собранието на Републиката, стои во честитката потпишана од Никола ...

Пред 50 години, 2 Август 1974 год, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание, официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“. Споменикот, кој се смета за еден од десетте најинспиративни дела на бруталистичката архитектура во светот, е создаден од страна на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, додека четирите витражи се дело на Борко Лазески, а дел од ...

Мосад ангажирала агенти од иранската Револуционерна гарда да постават експлозиви во гостинската куќа во Техеран каде што престојувал шефот на Хамас, Исмаил Ханија објави Телеграф. Во текстот се наведува и дека властите во Техеран извршиле серија апсења во врска со убиството. Извештајот на Телеграф се чини дека ја потврдува статијата на Њујорк Тајмс во која се вели дека палестинскиот шеф не бил убиен во воздушен напад како што тврди Иран. Израел ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ претседателката Сиљановска Давкова беше пречекана од страна на претседателот на Република Србија, ...

Во организација на македонското друштво „Мост“ – Голо Брдо, поддржано од друштвото „Преспа“ денеска беше одржана илинденска средба во селото Требиште, областа Голо Брдо. Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден. Пред присутните се обрати претседателот на друштвото „Мост“ Бесник Хасани, кој изрази големо задоволство од обновувањето на традицијата и честитајќи го големиот ...

Традиционално, во потпелистерското село Трново, по повод големиот празник Илинден се одржува 53 Семакедонска Илинденска средба, во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Присутните гости и организаторите, ги поздрави градоначалникот на ...

Честит Илинден! Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, ја упати следната честитка: Почитувани граѓани, Ви го честитам најголемиот македонски празник – 2 Август – Илинден. На овој празник на светлината се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна. На 2 август 1944-та, пред точно 80 години, ...

Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво “Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката. ...

На средбата беше потенцирана добрата соработка во делот на одбраната, како значаен сегмент во остварување на целите на НАТО алијансата и обезбедување на мирот и стабилноста во регионот. Притоа заменик претседателот на Владата, Николоски, истакна дека Македонија е цврсто посветена во остварување на реформските процеси и е на вистински пат да ги исполни условите за полноправно членство во Европската Унија. Во тој процес очкувањата на Македонија се ...

Албанската влада денеска донесе одлука, која стапува во сила веднаш, за пофлексибилно работно време за вработените во јавната администрација. Државната министерка за јавна администрација и антикорупција Адеа Пиндери ги објави временските рокови кога ќе треба да работат вработените во јавните институции. Според одлуката административните службеници од понеделник до четврток ќе работат осум и пол часа а во петок 6 часа. Во работните денови ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија. На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија. На средбата беа разменети мислења и за последниот ...

Книгата “Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора” од Андријана Јаневска, ја презентира моменталната состојба на традиционалното народно пеење, но истовремено се фрлa светлина врз минатото низ кое поминувало ова македонско народно музичко-фолклорн творештво во регионите наведени во самиот наслов. Книгата опфаќа два дела. Во првиот дел се опишуваат географско-историските и демографско-социополитичките ...

Мигрантите кои ќе бидат спасени на море во обид да стигнат до Италија ќе бидат испратени во Албанија од август додека се обработуваат нивните барања за азил, како дел од контроверзниот договор со кој малата балканска земја ќе биде домаќин на илјадници баратели на азил. За време на посетата на Албанија во јуни, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека два центри за засолништа за мигранти ќе бидат подготвени да ги примат првите 1.000 луѓе ...

Во тензична ситуација, создадена од демократите на Сали Бериша, со уфрлување навредливи зборови, фрлање хартија и блокирање на собраниската говорница, за што мораше да интервенира и обезбедувањето, доцна папладнево албанскиот парламент избра нова претседателка на законодавниот дом и четворица министри во владата на премиерот Еди Рама. Сите беа избрани со гласовите на владејачкото мнозинство, апстинираа пратениците од Партијата за национално ...

После десет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Република ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
43%
1027
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
67%
1027
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
69%
1027
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1028
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.48
37%
1026
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
92%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.47
39%
1023
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
83%
1023
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1025
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
54%
1025
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941