На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот ...

Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за ...

Немаме ниту 100 минути, а камо ли 100 дена грејс период – засукајте ги ракавите и почнете со работа веднаш им порача мандатарот Христијан Мицкоски на идните министри во владиниот кабинет кој тој ќе го предводи. Само со напорна работа од првиот ден ќе ја оправдаме довербата која и ја дадоа граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ дециден е Мицкоски. Според него, идната власт нема да подлегнува на темите кои ги разединуваат и оддалечуваат Македонците, и ...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги нагласи македонскиот интерес и подготвеноста за натамошно севкупно унапредување и развој на односите и соработката со Казахстан во сите домени од заеднички интерес, како на ...

На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо, регистрирани се вкупно 483 патнии, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Граничниот премин Требиште – Џепиште“ областа Голо Брдо е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и ...

Денеска (16.06.2024) во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев во 18:00 часот се одржа седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во 19:00 часот се одржува седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. По завршување на седниците предвидено е во 20:00 часот пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1) изјава за медиуми да даде Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам лично и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам. На сите што го празнувате овој голем празник, вели тој во честитката, ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските. Курбан Бајрам, се додава, да го поминете во ...

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга ...

Полиција приведе пет лица по нередите предизвикани на денешниот протест пред градското собрание на Тирана, организирани од демократите на Бериша, а поддржани од Партијата на слободата на Илир Мета. Опозицијата по 12-ти пат собра приврзаници пред градското собрание, со барање за оставка на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, а сега и со барање за ослободување на Сали Бериша. Но, споредено со претходните, насилното однесување на учесниците на ...

Европската слободна алијанса ќе продолжи да биде гласот на различноста на Европа во Европскиот парламент. По европските избори, нашите европратеници ќе продолжат да се стремат кон подемократска и поразновидна Европа од нивното место во Европскиот парламент. Од ЕФА, сакаме да им се заблагодариме на сите што ни се придружија за време на оваа кампања, засилувајќи ја нашата порака и правејќи ја да стигне до секој агол на континентот. Избраните ...

Собранието на Македонија во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ за потпретседатели на Собранието, кои денеска беа утврдени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Собранието во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна ...

Репрезентациите на Германија и на Шкотска вечерва, од 21 часот, во Минхен го отвораат Европското првенство во фудбал, натпреварување со голема привлечност. Европскиот шампионат во минатото издание, во 2021 година, имаше вкупна бројка од 5,2 милијарди гледачи во живо, просечна публика во живо за финалето од 328 милиони, просечна публика на натпреварите во живо од над 100 милиони гледачи и било гледано во 229 земји, преку 137 радиодифузери, ...

Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра. Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен. Јавното ...

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, во пресрет на следниот самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), најави дека ќе се фокусираат на друг приоритет – членството во ЕУ, економската стабилност, зелената и дигиталната агенда, туризмот, културата. и регионална интерконекција. Албанија по трет пат ќе биде на чело на ПСЈИЕ и овој пат претседателството го презема нашата земја. Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, вечерва ...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува денеска во Скопје, како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“. Во своето обраќање претседателката Сиљановска Давкова оцени дека во изминативе 28 години, Процесот им ...

Верниците денеска на 13 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се ...

Македонското друштво “Илинден”- Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности, ФУЕН му го честиташе реизборот за европратеник на Винче Лорат, прв човек на федерацијата. Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво “Илинден“-Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот парламент и како ...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари ...

Косово одбележува 25 години од ослободувањето, кога мировните трупи на НАТО влегоа во Косово по воздушната кампања на Северноатлантската алијанса против српските воени и полициски цели во Косово и Србија. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на мрежата Икс напиша дека е благодарен за 25 години мир на Косово. Клинтон беше награден во Косово за неговиот придонес во ослободувањето на земјата. Во Приштина, на плоштадот именуван во чест ...

Македонските народни носии се еден вид историја во мало, не само на македонската култура туку и на македонскиот народ и неговите типични идентитетски исконски карактеристики И денес, во неколку етнички предели во Македонија сѐ уште се сретнуваат жени што ја носат својата носија, во редуцирана форма, но тие се и последни доследни чувари на македонската традиција. Во Музејот на македонската борба за самостојност беше промовирана монографијата ...

Двете соговорнички разменија мислења и за европската перспектива на регионот, како и за нашиот значаен придонес во обезбедувањето на мирот и стабилноста на Европа. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова оствари средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин. На средбата беше разговарно за плодната соработка со Советот на Европа ...

Во последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа содржани се јасни критики кон бугарските власти за досегашното непреземање на никакви мерки за спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур. Комитетот на министри на Советот на Европа годинава за првпат двапати ќе расправа за правата на Македонците во Бугарија. Еднаш тоа се случи во март 2024 година, а се очекува за ова повторно да се расправа во септември. ...

Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега. Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат учествуваше на последните локални избори во мај минатата година. ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и ...

„Спасителови чеда со души девствени и на Црквата украси достојни сте зашто секоја лага ја разобличивте со подвиг и вера огнена, Спасе сечесен и Спасо со чисто срце, постанавте жители на Рајот и за нас брзи застапници“ (тропар на светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска). Црквата како жив организам чија глава е Самиот Христос секогаш ги препознава светилата во светот, а и верно ги следи и исполнува зборовите на Спасителот дека светилото не се ...

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Демократската партија на Македонците во Србија договориле одржување културни манифестации во Пустец и Панчево. Ова е договорено на средбата на делегациите на двете партии за време на престојот на делегацијата на МАЕИ во Панчево. Лидерите на двете партии, Васил Стерјовски и Маја Георгиевска постигнаа согласност еднаш годишно да се организира по една заедничка културна манифестација во Пустец во ...

Во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – КОВЗРГ деновиве од печат излегоа: книгата „Водич за запознавање со еврејската историја, религија и култура“ и зборникот на трудови „Дали екологијата е и духовен предизвик“. Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) изминатите години преку својата програма за работа исклучителен фокус посвети на збогатување на македонската книжевна ризница со ...

Во Тирана од 11 до 13 месецов ќе се одржи 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа. Министерството за внатрешни работи и Генералниот директорат на државната полиција во соработка со Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ – Меѓународната организација за криминалистичка полиција, ќе ја одржат 51-та Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа во Тирана. Ќе учествуваат околу 200 претставници од агенциите за спроведување на законот на ...

Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, започна истрага, по анонимна пријава, но со детални информации за градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај и членовите на неговото семејство, објави Ора њуз. Пријавата пристигнала до СПАК од засега неидентификувани анонимни лица, но содржи детални информации за економската активност на Ерјон Велиај, неговата сопруга Ајола, брат му Арбр Велиај, мајка му Шќипоња Велиај, ...

Македонското меѓународно движење за човекови права бара итно раскинување на „Договорот од Преспа“, со кој во 2019 година незаконски и насилно се смени името на Македонија во крајно навредливото име „Северна Македонија“, во спротивност на македонскиот Устав, собраниските правила, македонското и меѓународното право, и на повеќе меѓународни конвенции за заштита на човековите права. Повеќе детали се наведени подолу. Раскинувањето на овој незаконски ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1020
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1023
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
66%
1020
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.52
78%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
55%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
36%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1018
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
53%
1023
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.72
64%
1015
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60