
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Се вели дека не влегувате во врска само со партнерот, туку со цело негово семејство. И меѓу тие „нови членови“ посебно место зазема свекрвата. Некои се прекрасни, даваат поддршка и се ненаметливи... но има и такви кои се обидуваат да го имаат главниот збор во сè - од воспитувањето на внуците до изборот на завеси во домот. Ако верувате во моќта на ѕвездите, астрологијата нуди интересен увид за тоа кои знаци на Зодијакот најчесто носат токму ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека израелскиот преговарачки тим од Доха испитува потенцијален договор за завршување на војната со палестинската милитантна група Хамас, ослободување на сите заложници кои ги држи групата, разоружување и протерување на Хамас. Во соопштението се наведува дека израелскиот преговарачки тим за заложници во Катар исцрпно ја испитува „секоја можност“ за договор, вклучувајќи и ...
Израелските копнени трупи сега дејствуваат и во северниот и во јужниот дел на палестинската крајбрежна енклава, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ). Војската соопшти дека во текот на минатата недела спровела „прелиминарна фаза“ на воздушни напади за поддршка на копнените сили, насочени кон повеќе од 670 позиции на Хамас, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи и милитантни оперативци. - Досега, трупите елиминираа десетици ...
Стапката на инфлација во Белгија во април 2025 година бележи пад од мартовските 2,91 проценти на 2,55 отсто, додека индексот на потрошувачките цени на месечно ниво е намален за 1,12 процентни поени на 134,44, со што сепак е за 3,72 процентни поени повисок во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Белгиското статистичко биро (Статбел). Според Статбел, на падот на априлскиот индекс на потрошувачките цени влијаело поевтинувањето на ...
Македонските урбани моторџии по десетти пат земаа учество во глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан, од кој собраните донации одат во лондонската фондација „Мовембер“, по што се распределуваат низ институции фокусирани кон превенција на машкото здравје. Секоја година во Скопје е се поголем интересот за учество, вели организаторот на настанот Игор Стефановски. Тој раскажува дека движењето започнало во Сиднеј во 2012 година од група на ...
- Разговаравме за преговорите во Истанбул, каде што Русите испратија делегација на ниско ниво од луѓе кои не одлучуваат. Повторно потврдив дека Украина е подготвена да се вклучи во вистинска дипломатија и ја нагласив важноста од целосен и безусловен прекин на огнот што е можно поскоро, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој информира дека разговарале и за потребата од санкции против Русија, билатералната трговија, одбранбената соработка, ...
Фудбалерите на Арсенал, едно коло пред крајот на сезоната во англиското првенство, го обезбедија второто место на табелата во Премиер лигата, откако денеска славеа над Њукасл со 1:0. Англискиот играч од средниот ред, Деклан Рајс, беше човек на одлука, откако ја круниса одличната акција на своите соиграчи на почетокот од второто полувреме, потсетувајќи на моментите на инспирација против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Гостинските фудбалери ...
Шефовите на германската и британската влада, како и францускиот претседател, сакаат да разговараат со Доналд Трамп за да го подготват разговорот што американскиот претседател ќе го води утре со Владимир Путин, во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. - Разговарав со (шефот на американската дипломатија) Марко Рубио, и за утрешниот телефонски разговор, рече Мерц, се наведува во соопштение ...
По киксот на Ајакс минатото коло, стана јасно дека тимот на ПСВ Ајндховен има златна шанса да ја одбрани титулата во домашниот шампионат, што денеска тоа и се случи. ПСВ обезбеди победа против тимот на Спарта со 1:3 на гостински терен, и ги освои потребните три бода, додека победата на Ајакс над Твенте на негов терен од 2:0 остана само за сопствена сатисфакција. ПСВ заврши со 79. бода, додека пак Ајакс има бод помалку на втората позиција. И ...
Голема, екстра победа на Нотингем Форест на гостувањето кај Вест Хем со 1:2 во меч од 37.коло во Премиерлигата. Стрелци на победничките голови беа Гибс-Вајт во 11.минута и Миленковиќ во 61.минута, додека стрелец на голот за домашните беше Боувен во 86.минута за конечни 1:2. Со овие три бода сега Нотингем и тоа како се враќа во игра во ЛШ. Во последното коло ќе биде лудило за тие три преостанати места. Њукасл, Челзи, Астон Вила, Манчестер Сити и ...
Впрочем, Трамп беше избран токму поради ветувањата дека ќе ги намали цените и ќе донесе ренесанса за американските работни семејства од провинцијата, која за него гласаше убедливо. Иако некои макроекономски показатели упатуваат на контролирана инфлација и зголемени плати во урбаните центри, реалноста за милиони Американци е значително потешка. Стагнирачките плати во индустриските и рурални региони, поскапената храна и зголемени трошоци за живот ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена. - Ви благодарам за трпението поради чекањето. Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ...
Евакуацијата беше мирна и уредна, рече локалниот портпарол. - Сите можеа да најдат приватно сместување кај роднини или пријатели или во други хотели. Погодените туристи беа преместени во блиските хотели, додаде тој. - Постои голем ризик од одрон на камења, истакна портпаролот, мислејќи на блиската планина Клајне Несхорн и глечерот Бирч. Привремено се затворени и неколку пешачки патеки и патишта. Не е јасно кога жителите ќе можат да се вратат во ...
Захарова реагираше на изјавите на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за резултатите од состанокот во Истанбул, кој ги означи првите директни преговори меѓу Киев и Москва од 2022 година. Преговорите резултираа со договор за голема размена на заробеници меѓу Русија и Украина, како и договор за размена на списоци со услови за можно примирје и разговори за следната средба. - Ако ги оставиме настрана сите руски глупости, ...
„Израелската окупација ја засили опсадата“, се наведува во соопштението на министерството. Нападите го спречуваат пристигнувањето на пациенти и медицински персонал, како испораката на медицински материјали, поради што, како што се наведива, и индонезиската болница, главната медицинска установа на северот од територијата разурната од војната, мораше да се затвори. Според новите податоци, од синоќа во израелските напади низ целиот Појас Газа ...
Експлозија на бомба пред клиника за неплодност во Калифорнија во која загина едно лице, а четири беа повредени, претставува терористички чин, соопштија официјални претставници на ФБИ, пренесува Би-Би-Си. Експлозијата се случи во центарот на Палм Спрингс. Претставници на клиниката соопштија дека никој од установата не е повреден. Шефот на полицијата во Палм Спрингс рече дека експлозијата оштетила неколку згради, од кои некои сериозно. ФБИ соопшти ...
Кевин Де Брујне ги игра последните минути во дресот на Манчестер Сити. Неговиот договор истекува, истиот нема да биде продолжен, па мечевите против Борнмут и Фулан во Премиер лигата се последните негови во овој клуб. Нормално, лично белгиецот стави крај на шпекулациите дали тој ќе биде дел од тимот на Сити, на светското клупско првенство кое што е закажано летово да се игра во САД. „Нема смисла да се игра.Кога јас го потпишував договорот ваков ...
„Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека сметам за неприфатливо земја која не е членка на НАТО, Украина, да спроведува дезинформативна и клеветничка кампања против Унгарија, членка на НАТО, организирана од тајните служби“, рече тој на унгарскиот телевизиски канал ТВ2 по разговорот со Руте на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Тирана. Орбан потсети дека Украина се обидува да стане членка на Европската Унија, но не се ...
Поранешна ТВ личност позната по своите критики на аргентинската политичка класа, Милеи ја основаше ЛЛА пред само четири години, привлекувајќи шаренолика група политички идеи во агендата за борба против естаблишментот, пренесе Бета. Со мала сила во Конгресот во последните 1,5 години на функција, бидејќи неговата партија има само 15 отсто од местата во долниот дом и 10 отсто во Сенатот, Милеи беше принуден да прави компромиси со поранешниот ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија верува оти резултатот од специјалната воена операција во Украина треба да биде долгорочен мир, со што ќе се обезбеди безбедноста на Русија и ќе се заштитат интересите на луѓето што зборуваат руски јазик во Украина. Путин во интервју за руската државна телевизија изјави дека Русија има доволно сила да ја заврши војната во Украина со посакуваниот исход. -Овој резултат ги елиминира причините што ...
Чешкиот премиер Петр Фијала денеска, на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот концентрационен логор Терезин близу Прага, порача дека поуката од тој логор, кој им служел на хитлеровите нацисти и за пропаганда, е дека и денешните цинични лаги и еуфемизми треба да се споредуваат со нацистичките, за луѓето да не дозволат да ги затапи пропагандата. - Терезин не беше само дел од машинеријата за убивање, туку играше значајна улога во ...
Тимот на Евертон за последен пат настапи на својот легендарен стадион Гудисон Парк. Одсега тој ќе настапува на својот нов стадион, а како збогум за својот стодваесет годишен дом беше остваен триумф над веќе испаднатиот тим на Саутемптон. Двата гола на овој меч ги постигна Илиман Ндијае уште во првото полувреме, односно во шестата односно 45. минута од мечот. Фантастичната атмосфера на овој легендарен стадион ќе го одбележи овој викенд во ...
Палестинската новинска агенција ВАФА (WAFA) соопшти дека повеќето од жртвите биле жени и деца. Повикувајќи се на медицински лица, ВАФА објави дека во еден од нападите, во областа Ал-Маваси, во јужна Газа, биле убиени повеќе од 20 лица, а околу 100 се повредени. Во нападот наводно бил погоден шатор во кој се сместени раселени лица. Овој извештај не може да биде независно потврден, наведува ДПА. Израелската војска како одговор на обвинувањата ...
Британските медиуми јавуваат дека министерот не прецизираше какви мерки ќе бидат преземени, а во соопштението објавено доцна синоќа се наведува дека „воените единици“ сега се интегрирани во „унифицирана институционална рамка“, нарекувајќи го тоа „големо достигнување“. Спојувањето на малите вооружени групи со сириското Министерство за одбрана треба да се спроведе како дел од консолидацијата на државната власт, шест месеци откако сирискиот ...
По повод Денот на борбата за правата на кримските Татари, кој денеска се слави во Украина, Зеленски во објава на Фејсбук потсети дека советските власти ја започнале депортацијата на кримските Татари од Крим пред 81 година, објави Укринформ. „Денес е денот што нè потсетува зошто сите брутални империи заслужуваат да паднат“, наведе Зеленски, истакнувајќи дека пред 81 година цел еден народ бил протеран од својата родна земја „и фрлен на пат што ...
Покрај интересот на фановите за тоа кој тим ќе биде шампион во својата земја, исто така интересно е кој ќе ја добие или кој ќе ја освои „Златната копачка“ за оваа 2024/25 сезона. Засега во преден план е Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон кој има коефициент 58,5 со 39 постигнати голови. Проблем за него е што вчера заврши сезоната во Португалија. Шанса да го стигнат имаат и Мохамед Салах и Килијан Мбапе со по 28 голови или коефициент 56, и им ...
„Денеска имам чест да го претставувам Израел на историската инаугурација на папата Лав XIV во Ватикан. Се надевам дека неговото папство ќе воведе нова ера на соработка меѓу сите вери и дополнително ќе го зајакне пријателството меѓу Евреите, христијаните и муслиманите во Светата земја“, напиша Херцог на платформата X. Херцог изјави дека сака да „ги продлабочи историските врски меѓу Израел и Светата столица“ и наскоро да го пречека новиот папа во ...
Иако сезоната речиси е перфектна, остана само голема тага по онаа несреќна елиминација од Интер во ЛШ во тој епски двомеч, сепак раководството на Барселона има намера дел од играчите од сегашниот состав да ги продаде. Јасна е намерата, Барса сака да се засили, за тоа е свесен и самиот стратег Ханси Флик. Сепак ако се знае дека финансиската ситуација во клубот и не е така идеална, Барса мора прво да проддава за да потоа купи она што и недостига. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио по телефонскиот разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија подготвува документ во кој ќе бидат наведени барања за прекин на огнот во Украина што би довело до преговори за траен мир. Рубио во интервју за Си-Би-Ес изјави дека украинската страна ќе работи на свој предлог и изрази очекување дека брзо ќе бидат дадени предлози за продолжување на преговорите. Рубио истакна дека ...
Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета. Повикот на папата за единство е значаен со оглед на поларизацијата во Римокатоличката црква во САД и пошироко, наведуваат американските медиуми. Претходно, на папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција: палиумот, литургиската ...