Седиштето на АИ во Лондон е центар за подготовка на глобални русофобни проекти финансирани од соучесници на режимот во Киев, се наведува во соопштението на Државното обвинителство. Исто така се посочува дека активистите на АИ „прават сè за да ја интензивираат воената конфронтација во регионот, тие ги оправдуваат злосторствата на украинските неонацисти, повикуваат на зголемување на нивното финансирање, инсистираат на политичка и економска ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта објави дека продолжувањето на договорот со Ламин Јамал е само прашање на денови. „Тој е гениј кој ја сака Барселона и има пријатели тука. Тој е од генерацијата која поминала низ многу нешта заедно. Тој е извонреден талент, но исто така е тимски играч и се чувствува удобно тука. Исто така, имаме лесна комуникација со Жорже Мендеш, неговиот агент. Продолжувањето на договорот е речиси договорено, сè што ...

- Борбите се интензивираат и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија на Појасот. Не се повлекуваме, но за да успееме, мора да дејствуваме на таков начин што нема да бидеме запрени, истакна Нетанјаху во видеопорака објавена на Телеграм. Тој посочи и дека Израел мора да спречи глад во Појасот Газа „од дипломатски причини“, откако беше објавено дека ќе биде дозволена дистрибуција на ограничена хуманитарна помош за ...

Сè уште ниту една група не презеде одговорност за нападите, но се претпоставува дека истите се извршени од вооружени криминални банди, кои од 2020 година вршат насилство, грабежи и киднапирања во северниот дел на Нигерија. Во сојузната држава Кацина вчера се пронајдени 20 безживотни тела во заедницата Гобирава. Според очевидци, вооружени напаѓачи на мотоцикли на 17 мај отвориле оган врз цивилите, при што убиле 20 лица. Сè уште не е познат бројот ...

- Секако, пожелно е да ги постигнеме нашите цели преку политички и дипломатски средства, посочи Песков. Тој претходно најави дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска е закажан во 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време). - Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп е очигледно важен со оглед на разговорите што се одржаа во Истанбул минатата недела, наведе ...

Додека Александар Лаказет го играше својот проштален натпревар на домашен терен за екипата на Олимпик Лион, неговиот дом бил ограбен. Францускиот весник „Ле Прогрес“ објави дека двајца крадци провалиле во неговиот дом и очигледно упаднале во сефот. За време на грабежот, од Лаказет бил ограбен накит, луксузни кожни производи и пари. Крадците биле снимени на безбедносни камери, а полицијата веќе го истражува случајот во домот на 33-годишниот ...

Според италијанскиот гуру за трансфери, Фабрицио Романо, Ливерпул е многу блиску до ангажман и на второто летно засилување. Според информациите објавени денеска, Милош Керкез од Борнмут ќе биде нов лев бек на „црвените“. Преговорите со раководството на Борнмут напредуваат брзо, а блиску е и договор со самиот играч во врска со деталите од договорот. 21-годишниот лев бек би сакал да се приклучи на клубот во кој настапува и неговиот сонародник ...

Неименувани дипломати изјавија дека на денешниот самит во Лондон преговарачите помеѓу Европска Унија и Велика Британија се согласија за три текста наменети за рестартирање на односите помеѓу Брисел и Лондон, меѓу кои и договорот за партнерство во одбраната и безбедноста. Со тоа рестартираат односите помеѓу ЕУ и Велика Британија пет години по Брегзит. Дипломатите наведуваат дека на маса сè уште неколку текста, меѓу кои за рибарството. Некои ...

Доаѓањето на Чаби Алонсо за тренер на Реал Мадрид сигурно ќе донесе промени во „кралскиот клуб“, но не и кога станува збор за статусот на Лука Модриќ. Како што објави шпанскиот весник „Марка“, Мигел Анхел Ториби, Модриќ ќе остане во Реал Мадрид најмалку уште една сезона. „Шпанскиот стручњак го гледа искуството на Модриќ како клучен фактор во тимот. Тој е лидер на овој тим“, наведува шпанскиот весник во својот текст. Иако во септември полни 40 ...

Неговата изјава уследи откако специјалниот американски пратеник Сив Виткоф вчера повтори дека секој нов договор помеѓу САД и Иран мора да вклучува договор за незбогатување на ураниум за да се спречи развој на нуклеарни бомби. Нашиот став за збогатувањето е јасен и постојано изјавуваме дека тоа е национално достигнување од кое нема да се откажеме, посочи Тахтраванчи. Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на минатонеделната посета на ...

- Во 17 часот (по московско време) ќе биде телефонскиот разговор со Трамп, посочи Дмитриј Песков. Трамп пред два дена најави дека денеска ќе разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина. Темата на повикот ќе биде завршување на крвопролевањето, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), еден ден по директните руско-украински мировни преговори во Истанбул. Трамп изрази надеж дека понеделник ќе биде продуктивен ...

Клаудио Раниери одржа емотивен говор на „Олимпико“ синоќа по својот последен домашен натпревар како менаџер на Рома. Раниери се врати од пензија во ноември за да го преземе тимот во тежок период кога беше блиску до зоната за испаѓање и веќе имаше сменето двајца тренери. Под негово водство, тимот се искачи на петтото место на табелата и ги задржа надежите за учество во Лигата на шампионите во последното коло. И покрај фантастичната револуција ...

Овој потег е уште еден обид да се населат повторно и обноват повеќе од 30 градови во Италија кои се на работ на исчезнување. Во некои од тие градови има повеќе напуштени отколку населени објекти. Во обид да ја поттикне купопродажбата на напуштени или руинирани куќи, Трентино одвои повеќе од 10 милиони евра за наредните две години за проектот. Токму таму се упати холивудскиот актер Стенли Тучи – во новата серија на „National Geographic“ тој го ...

Првите разговори меѓу Русија и Украина по речиси три години, одржани во петокот во Турција, не беа целосно губење време, на пример, ќе бидат разменети по 1.000 заробеници, што од хуманитарен аспект е многу позитивно, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио во интервју за Си-Би-Ес рече дека претседателот на Русија Владимир Путин му објаснил дека ќе подготви документ во кој ќе бидат наведени нивните барања за прекин на огнот, што ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта упатија „искрени“ и „најтопли“ честитки за победата на градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан на вчерашниот втор круг од изборите за претседател на Романија. - Од градското Собрание до место во Европскиот совет. Искрени честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери ја Франција“ (Choose France), во момент кога локалната економија се соочува со висок дефицит, слаб раст и потенцијални трговски тензии со САД. Најголемиот дел од оваа сума, околу 17 милијарди евра, веќе е најавен на посебен самит за вештачка интелигенција одржан во февруари. Останатите 20 милијарди евра се однесуваат ...

Триг Кисер, кој имал три години, бил пронајден во базенот на 12 мај и итно бил пренесен во болница во критична состојба. Но, тој им подлегнал на повредите шест дена подоцна, потврди полицијата во Чендлер, Аризона за CBS филијалата KPHO-TV. Телото на Триг било пронајдено откако полицијата реагирала на повик за давење на нивниот имот. Полицајци и пожарникари веднаш стигнале на местото и му давале CPR. View this post on Instagram A post shared by ...

Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата во неделата наутро на плоштадот Свети Петар. По приватната аудиенција со папата кој е роден во Америка, Венс се сретна со архиепископот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации. За време на „срдечните“ разговори во Државниот секретаријат, Венс и архиепископот Галагер ги повторија добрите билатерални односи меѓу Светата столица и ...

Во Загреб во вториот круг очекувано влезе актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ, кандидат на обединетата левица, партиите Можеме и Социјалдемократската партија (СДП), на кого малку му недостасуваше за победа уште во првиот круг. Според обработени речиси сите избирачки места во Загреб, Томашевиќ освои повеќе од 47 отсто од гласовите или околу 130.000 гласови и во вториот круг ќе се соочи со второпласираната, независната кандидатка Марија ...

Екипата на Галатасарај ја освои јубилејната 25-та титула во турскиот шампионат со денешната победа против екипата на Кајзериспор со 3:0. Екипата од Истанбул ја освои третата последователна титула и побегна на +6 во однос на лутиот ривал Фенербахче кој има 19 титули. Галатасарај со леснотија постигна три гола кои беа дела на Виктор Осимен во 26-тата минута, Бурак Јилмаз во 29-тата минута и голманот Фернандо Муслера кој ја затресе мрежата во ...

Британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека ќе ја „ресетира“ соработката со ЕУ кога стапи на должност минатиот јули, ги пречекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Овој самит е можност за лидерот на лабуристите да ја конкретизира својата желба за зближување со Брисел и да се прекине тензијата меѓу ЕУ и претходната конзервативна влада поврзана со Брегзит, кој се случи ...

Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, ќе стане нов претседател на Романија, откако речиси сите преброени гласови до раните часови покажаа дека тој е пред неговиот крајно десничарски противкандидат Џорџе Симион во вчерашното гласање од вториот круг на претседателските избори. Со преброени гласови од повеќе од 99 отсто од избирачките места, изборната комисија во Букурешт соопшти дека Дан освоил приближно 54,1 проценти од гласовите, ...

Фудбалерите на Интер пропуштија одлична можност да стигнат до врвот на табелата во Серија А на коло пред крајот на сезоната во италијанското првенство. На домашен терен „нероаѕурите“ испуштија два бода против Лацио ремизирајќи 2:2. Финалистот од Лигата на шампионите годинава беше свесен дека неговите победи на крајот од сезоната нема да бидат доволни освен ако не „киксне“ и лидерот Наполи, кој пред претпоследното коло имаше повеќе бодови од ...

Денес во терминот од 19 часот беа одиграни 10 натпревари од претпоследното коло од шпанската Ла Лига. Најинтересните натпревари се одиграа на „Монжуик“ и на Канарските острови каде Виљареал ја совлада екипата на Барселона со 2:3 и обезбеди пласман во ЛШ следната сезона и екипата на Леганес славеше со 0:1 против Лас Палмас и продолжи да сонува за опстанок во елитата. На останатите мечеви Реал Мадрид славеше со 0:2 против екипата на Севиља во ...

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила брзо пристигнаа на местото на настанот. Пожарникарите поставија скали, а по неколку минути Хоивик се согласи да слезе од покривот, а потоа беше предаден на медицинскиот персонал и пренесен во болница. Poslanec Andrej Hoivik na strehi državnega zbora grozil, da bo skočil. pic.twitter.com/BxQ0um6qhp — Dnevnik (@Dnevnik_si) May 16, 2025 „Она што го прават во оваа земја не е исправно“ За време на ...

Меѓу приведените е и професорката Марија Васиќ, која е префрлена пред четири денови во затворската болница во Белград откако штрајкуваше со глад. Во 5:45 часот наутро, сите четири влезови на судската зграда и канцеларијата на обвинителот се блокирани. Интервентната полиција исто така од утрото е пред зградата. На официјалниот влез пред судот се и членови на опозициски партии. Претходниот ден, до полноќ, беше обележан со немири на граѓани и на ...

Индекс.хр На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, кој се проширил на коските, објави вчера неговиот кабинет. „Минатата недела, поранешниот претседател Џо Бајден беше прегледан поради појава на јазол на простатата, откако забележа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата со Глисонов збир 9 (највисок степен, група 5), со метастази на коските“, ...

Според сигурна анкета на државната телевизија РТП, Демократската алијанса (АД) освоила меѓу 29 и 34 проценти од гласовите, пред Социјалистичката партија (ПС), која наводно добила околу осум процентни поени помалку. Други медиуми објавија слични бројки. Според извештаите, АД го подобри својот резултат за до шест поени во споредба со нивниот триумф во март 2024 година. Сепак, уште еднаш заостана далеку од апсолутното мнозинство од 116 ...

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала вкупно 273 беспилотни летала. Украинските медиуми денеска наведуваат дека оваа бројка го надмина претходниот рекорд од 267 лансирани беспилотни летала, што беше регистриран на 23 февруари. Во ноќешните напади е убиена една жена во главниот град Киев, а тројца други беа повредени, вклучувајќи и четиригодишно дете, соопштија властите. Регионите Дњепропетровск ...

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија вчера телефонски разговарале со претседателот на САД Доналд Трамп во пресрет на неговиот денешен разговор со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, соопшти британската влада. Шефовите на држави и влади „разговарале за ситуацијата во Украина и катастрофалната цена на војната за двете страни“, изјави неименуван портпарол на британскиот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
52%
1009
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
88%
1004
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.82
56%
1006
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Атина

28ᴼ / 24ᴼ
2.24
54%
1006
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
60%
1008
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
54%
1008
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
50%
1005
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
73%
1007
Currency

61.525

Currency

52.441

Currency

71.4369

Currency

34.1864

Currency

38.4798

Currency

65.861

Currency

7.32473

Currency

0.66628

Currency

0.36012

Currency

0.52599

Currency

1.31224

Currency

0.61147

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71